1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Апарат или камера?

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од gokica, 9 Декември 2013.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,432
    10,328
    13 Јуни 2009
    Иако не сум ги допрел ни одблизу можностите на Canon SX130IS пред се заради немање време или други приоритети деновиве почна да ми брчи набавка на нешто поквалитетно.

    Имам и Sharp камера со MiniDV касетки но и неа не сум ја користел богзнае колку.

    Дали ќе реализирам набавка не знам зашто треба да размислам колку ми е паметно да фрлам пари за нешто на кое и до сега не сум посветил многу внимание.

    Но сепак би замолил за ваши мислења што би ми било подобро да набавам па така можеби и ќе одлучам што е најдобро за мене.

    Уредот ќе се користи пред се за овековечување на домашни моменти. Фотки и видео во потемни услови ми се значајни. Сакам и убави фотки и убаво видео.

    Ако одам со камера многу и фрлив око на Canon XA10:

    http://www.usa.canon.com/cusa/professional/products/professional_cameras/hd_video_cameras/xa10

    Од она што го видов на јутуб и по нет ми остави многу силни импресии. Е сега скапичка е и немам поим дали може да се најде кај нас ама како што читам вреди човек да се помачи и да ја купи.

    Ако одам со DSLR тогаш немам поим кој е добар за фото и видео а воедно и да не чини брдо пари.

    BTW што мислите за Samsung апаратите:

    http://set.com.mk/index.php?route=product/product&path=10080_10081_10084&product_id=11937

    Доаѓа со плус 55-200мм објектив или со други тракатанци како таблети и не знам што.

    И која е разликата помеѓу DSLR и mirrorless камера?

    Фала.
     
  2. xenon

    xenon
    Guru

    3,786
    9,485
    15 Јануари 2011
    Машко
    Пиши буџет ќе те советувам во која насока да размислуваш.
     
  3. gokica

    gokica
    Модератор

    8,432
    10,328
    13 Јуни 2009
    Немам определено буџет само знам дека на ептен профи опрема нема никогаш да и видам лезет па така не сум спремен да дадам 2000 евра или над зашто ќе ми бидат фрлени пари (условно).

    Би било добро да ми биде даден совет за буџет варијанта, нешто на средина и нешто поскапо со кратка информација што ќе добијам со поскапите уреди. Сам ќе пробам да си разгледам на нет откако ќе знам на што да се фокусирам.
     
  4. smole

    smole
    Unstoppable

    3,059
    3,488
    18 Април 2007
    Мислам дека од ДСЛР Канон 600Д/650Д/700Д за видео би ти биле сосема ок.

    Канон маунт е најдобар и најраспространет маунт, и ќе имаш најмногу избор кога ќе треба да купуваш 2-3-4 објектив (било на ново или на старо), поефтини се од Никон во секоја варијанта.

    Или Никон. Ништо друго не те советувам да гледаш пошто ем нема да имаш да најдеш користени објективи, ем на ново ќе бидат тешко достапни и скапи во МК. Ни пентакс, ни сони ни олимпус.
     
    mdeni, omegaRED и на gokica им се допаѓа ова.
  5. gokica

    gokica
    Модератор

    8,432
    10,328
    13 Јуни 2009
  6. smole

    smole
    Unstoppable

    3,059
    3,488
    18 Април 2007
    Не ги знам спецификациите вака на памет, спореди на dpreview и види си, ама мислам дека нема преголема разлика.

    18-55 ти е кит објектив, втор што сите го купуваат е 50mm f1.8 кој е околу 100ина евра на ново и за тие пари е супер објектив, 55-250 имам но мнооогу ретко го котистам, ептен зумира.

    За грчки цени (колку за споредба) гледај на skroutz.gr, и рачунај дека можеш да земеш до 23% ДДВ назад во најдобар случај, 10-15% во најлош.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gokica

    gokica
    Модератор

    8,432
    10,328
    13 Јуни 2009
  8. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,446
    12,610
    2 Август 2012
    Машко
    Апаратот е попрактичен. Камерата се фрлени пари кога се работи за деца/мали деца и кога треба „акција“
    Со апаратите имаш снимање во Full HD


    [edit]
    Штета што не го испроба хакот за Canon-и
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. xenon

    xenon
    Guru

    3,786
    9,485
    15 Јануари 2011
    Машко
    Снимање со DSLR не е лесно, нема никаков авто фокус како кај камера. Се вади многу добра и професионална снимка доколку има обезбедено скриптирани сцени / движења на учесниците, светло, звук итн итн. како кај професионалната продукција. За снимање деца е еден од најлошите избор.

    Ѕирни го Nikon V1 (го има во pixplus). Ѕверче од апаратче и има одличен авто-фокус дури и при снимање видео. Сензорот е помал од оној кај Canon-ot и затоа бара подобра светлина, во затворени простории со вештачка светлина не е баш сјаен, но не е ни Canon-ot кој користи сензорска технологија од 2006та кај сите свои модели, дури и најновите 700D/70D.

    Nikon V1 ќе ти збрка работа, Nikon D5200 ќе ти извади доста подобра слика од таа на било кој Canon (550D/600D/650D/700D..) и ќе имаш подобра поддршка за објективи.

    55-250 e глуп кит објектив и не вреди фрлање пари за него.

    Доколку сакаш да испружиш нозе, ѕирни Nikon D600/D610, Canon 6D итн, кои имаат значително поголеми сензори а со тоа вадат доста подобра фотографија, за видео пак - повторно, мора професионален аранжман и мануелно фокусирање.

    И ѕирни како опција: Sony RX100 / Sony 6N кои незнам дали ги има кај нас, одлични апаратчиња.

    [​IMG]
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. alumen :)

    alumen :)
    On your way to fame

    1,122
    587
    6 Јануари 2012
    Машко
    И мој совет е апарат, не камера..
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,419
    3,137
    24 Септември 2012
    A што му дали на SX150ис кој го имаш?

    Ова ти треба: Canon PowerShot S120
     
  12. smole

    smole
    Unstoppable

    3,059
    3,488
    18 Април 2007
    И со Канон 70Д ќе имаш одлично видео, некои магазини го споредуваат со видеото на 5Д МК2, а тоа е навистина одлично. Тоа воедно го планирам и како мој апгрејд, 70ката е порно од апарат.

    Не би рекол дека со Никон ќе имаш поголема поддршка за објективи. Моето мислење е обратно, до тебе е што ќе си избереш на крај.

    Во Солун има photoqueen.gr продавница (во центар на Ел. Венизелос) и e-shop (богу иза леџа).
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gokica

    gokica
    Модератор

    8,432
    10,328
    13 Јуни 2009
    Ви благодарам на сите. Искрено малку сум збунет.

    Да дополнам. На пример кога го правев видеото за ASUS ME301T забележав дека SX130IS и Sony HDR-CX150 која ми се најде во моментот при собна светлина имааа поприлично шум. Немав време да се мавтам со сетинзи но мислам дека независно како и да подесам ќе го имаше зашто сензорите им се мали.

    При фотографирање имам можност за блиц па приказната претпоставувам е друга.

    Јас сакам тој шум да е што е можно помал при видео каде светлото континуирано е собно.

    Бев воодушевен од можностите на камерата наведена погоре:



    Ноќните снимки се страва ми се чини.

    Е сега мене ми е тешко да ставам приоритет на фотки или на видео. И двете ми се важни. Само сакам при видео да имам што е можно помал шум.

    Дали канон и никон имаат подеднакво добро видео кога станува збор за шум при собна светлина?
     
  14. gokica

    gokica
    Модератор

    8,432
    10,328
    13 Јуни 2009
    OK. Сепак ми е доволно јасно сега откако се подзачитав.

    Само уште едно прашање:

    Прочитав дека панасоников го фалат и за видео:

    http://www.dpreview.com/reviews/PanasonicDMCGH2

    Дали има некој искуство со панасоници или да не си губам време и да се фокусирам на канон/никон?
     
  15. smole

    smole
    Unstoppable

    3,059
    3,488
    18 Април 2007
    Ќе сакаш понатака повеќе објективи, поефтино и поубаво ќе поминеш со канон/никон. Јас така би одиграл.

    И кога го зимав мојот 450Д имаше поефтини ДСЛРи од други марки ама знаев дека кад-тад ќе сакам други објективи, а имајќи во предвид во која дупка живееме знаев дека за поспецифичните брендови нема да има никакви објективи, ни стари ни нови кај нас да се купат. И не згрешив, ако не тука (иако и тука има ок леќи по малце посолени цени) во Солун има доста избор и фини цени, и генерално од таму купувам опрема.

    Еден пример за Канон/Никон Муабетот - мојата омилена леќа Sigma 10-20mm 4-5,6 постои во Канон, Никон, Сони и Пентакс и некои други mount-ови, ама не и во miсro 4/3 како што има GH2 (иако постојат адаптери за од микро во стандардни 4/3 ама тоа е + трошок).

    Ако можеш да си го дозволиш Canon 70D со некоја леќа, може и основна за почеток, или земеш нова/половна 18-55 / 50mm f 1.8 за старт ако си тенок со пари нема да зажалиш.

    Никон не ги следам, таму ќе те упати некој никонџија.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gokica

    gokica
    Модератор

    8,432
    10,328
    13 Јуни 2009
    Имам доволно појаснување за тоа што е добро и што е поприфатливо кај нас. Ова е добра основа за натамошна анализа на нет.

    Nikon D600/D610, Canon 6D или 70D ми изгледа дека ќе ги задоволат моите потреби иако за видео без ауто фокус ќе оди потешко. Ќе споредам и колку ќе ми одговараат поефтините 600D/D5200.

    Во меѓувреме ќе пробам да видам дали SX130IS може да се сетира за малку подобро видео во потемни услови.

    Се заблагодарувам за исцрпните одговори.
     
  17. smole

    smole
    Unstoppable

    3,059
    3,488
    18 Април 2007
    само имај во предвид дека 6Д е фул фрејм (скапи објективи), а 70д APS-C - поефтини објективи.
     
    На mdeni и gokica им се допаѓа ова.
  18. xenon

    xenon
    Guru

    3,786
    9,485
    15 Јануари 2011
    Машко
    Kaj фото (видео) опрема се работи за физички параметри. Замисли го фото сензорот како чинија, замисли ја светлината што треба да ја "заробиш" како капки дожд. Како ќе собереш поголема светлина? Нормално, со поголема чинија, за исто време, би собрал дупло повеќе него ли со дупло помала чинија доколку седиш на дожд.

    Canon 5D MKII, 6D, 5D MKIII, Nikon D600/D610 (исти се), D800 итн. имаат поголем сензор и во услови со полоша светлина се подобри во собирање на достапните фотони (светлина) од сцената.

    Како се симнуваш надоле во сензорска големина, помали сензори се полоши и полоши во слаба/лоша осветленост.

    Единствен начин point-and-shoot идиотче или камера од телефон и сл. да направиш да има подобро видео е да купиш подобро осветлување дома, лед диоди, повеќе сијалици итн.

    За да добиеш подобра престава како всушност ја гледа една сцена еден дигитален апарат со да речеме F1.4 објектив, стави наочари за сонце дома. За помал сензор стави 2 пара наочари, за мобилен телефон стави 3 пара. Со цел овие уреди, со помали сензори, да извадат нешто од сцената, го појачуваат сигналот...а со тоа знаеме се зголемува шумот.

    Мој совет, ако можеш, земи D600 заедно со Sigma 35mm 1.4 Аrt објектив (нов, феноменален објектив кој излезе пред 2-3 месеци).

    Исто така, поголем сензор = поплитко поле на фокус. Еве од летово..

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На gokica и smole им се допаѓа ова.
  19. gokica

    gokica
    Модератор

    8,432
    10,328
    13 Јуни 2009
    Многу е стара темава а и многу долго ја одложував набавката но сепак должен сум да кажам дека конечно се одлучив. Се заблагодарувам на сите кои ми помогнаа а посебно на @xenon кој изгуби многу време на ПП за да ми појасни што и како функционира во светот на дигиталната фотографија и видео.

    Купено D3200 со 18-55 VR II од членот Dinamit. Според препораките земав плус и Nikkor 50mm f/1.8G од pixplus:

    gokica D3200.jpg

    И не зажалив.

    Сосема е точно тврдењето дека за видео се потребни посебни услови но со апаратов искрено многу повеќе ја засакав фотографијата.

    На секој љубител на добра фотографија му препорачувам апарат од ваква разина или повисоко зашто доколку немал искуство нема да верува колкава е разликата во деталите кои ќе ги имаат фотките споредено со било која друга конзумер камера од понизок ранг вклучително и оние од било кој телефон.
     
    На nik0la_, Gaston, STEFF и уште 11 други им се допаѓа ова.
  20. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,960
    2,936
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Супер избор честитки.
    18-55vr нема врска, али 50мм 1.8г, м м м лепота.
     
    Gaston, Oktar и на gokica им се допаѓа ова.
  21. gokica

    gokica
    Модератор

    8,432
    10,328
    13 Јуни 2009
    Ти благодарам. 50ката е фантазија. Феноменална за боке и потемни услови. Јас сум фрапиран од деталите кои можам да ги видам на фотографиите.

    Со китот сега за сега ќе си поиграм учење на фотографија. Не е и до толку лош за почетник а најверојатно ќе одам на варијанта 18-200 или 70-300 наскоро чисто да имам зум.

    Благодарение на xenon нарачав и едно компактно блицче.

    Се надевам дека наскоро ќе можам и јас да се мешам во дискусиите за фотографска опрема на форумов.
     
    brasica, Gaston и на vlavot им се допаѓа ова.
  22. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,414
    10,189
    23 oктомври 2012
    Машко
    Честито и со здравије да си се сликаш! Ептен се слагам со моментот дека ако сакаш вистинска фотографија, земаш ДСЛР без разлика колку е добра камерата на телефонот. Овој став и го имаам брането неколкупати на форумов. Исто и ставот дека фотографија е права ствар, видео е пропратно, скоро па небитно.

    50мм леќата е најдобрата инвестиција што може да ја направиш.
     
    Последна промена: 24 Декември 2015
    На Arabian, Gaston, vlavot и уште 3 други им се допаѓа ова.
  23. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,021
    2,266
    19 Јули 2013
    Честито, убави работи да си сликаш.
    А ова објасни им го на неколку души на форумов кои мислат дека мобилните прават подобри слики од дслр.
     
    На Paket, Gaston, omegaRED и уште 2 други им се допаѓа ова.
  24. xenon

    xenon
    Guru

    3,786
    9,485
    15 Јануари 2011
    Машко
    Зумови избегнувај, ретко ќе ги користиш. Телефото зумови кај нас единствено во зоолошка еднаш во годината брка работа. 18до200 е лош објектив и џабе арчење пари. За размислување во иднина:
    + 85мм 1.8 новиот nikon
    + 90мм 2.8 тамрон макро
    + 20mm 1.8 nikon (исто од новите серии)

    Од горенаведените, единствено 20mm 1.8 ќе ти отвори нова перспектива, широкоаголни фотки со плитко поле на фокус или користење во ниска осветленост, одличен објектив за групни портрети (цело тело на сите субјекти)
     
    На Gaston и gokica им се допаѓа ова.
  25. gokica

    gokica
    Модератор

    8,432
    10,328
    13 Јуни 2009
    20мм го имам во предвид а и 24мм art од сигма по твоја препорака и претходно. Иако во моментов ми стојат некако скапички за почетник.

    За макроата мислам дека сега за сега со 50мм ќе бркам работа.

    Со зумот нема да избрзам сигурно. Бидејќи и жена ми сака да фотографира а е навикната на зум со SX130 сакав да направам мерак. A и сигурно за мене ќе биде плус искуство. 18-140 е со некој можеби и најдобар сооднос но сакам и малку повеќе зум од тоа. Но како што реков сепак ќе почекам да видам како се одвиваат работите. Зум ако купувам сигурно ќе биде на старо тогаш кога ќе испадне прилика.
     

Сподели

Вчитување...