1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Анхоч - 208 модели мобилни телефони lol!

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од xenon, 22 ноември 2015.

  1. xenon

    xenon
    Guru

    3,790
    9,501
    15 Јануари 2011
    Машко
    Да не испадне како реклама, напротив поента на темава е колку многу ѓубре се носи беспотребно. Доколку разлистате на сајтот на Анхоч ќе видите 208 модели од кои барем 167 се на лагер! Од нив, 100 се под 12,000 денари. Од тие 100, индивидуални разлики помеѓу моделите скоро и да нема а како вредни за купување се едвај 10 модели, остатокот е ѓубре.

    Лично ме интересира, со која цел толкава палета кога операторите веќе нудат за 1 денар телефони како Nokia 630, 535 (технички не е 1 денар туку 24*100денари односно 2400 денари колку што изнесува разлика во претплата со или без поволност за уред во пакет со договорот). Телефоните од овој калибар, т.е. 1 денар или оние со +200 денари врз основната претплата, комплетно ја елиминараат потребата за толку масивна палета на лагер кај една фирма чија примарна дејност е компјутерска опрема.

    Наместо да се донесе 4К екран, IPS, за замена на 30Hz Dell ѓубрето кое стои на лагер веќе година и кусур, се носат кинески играчки.

    Цените за остатокот од палетата исто се на незавидно ниво, односно се поскапи за најмалку 20% од оние во Ледиком и Мобеликс.

    Доколку веќе се дистрибуираат кинези, потребен е фокус на одреден производител, одредена палета итн. наместо се што собрало во кутијата од 145 различни бренда кои денес постојат а утре не или го промениле името.
     
    gOJDO, Demonhead, the_maker и на уште 1 им се допаѓа ова.
  2. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,059
    3,144
    2 Септември 2012
    Машко
    Во Анхоч го знаат одговорот најверојатно.:)
     
  3. DemoUser

    DemoUser
    On your way to fame

    800
    742
    27 Април 2010
    Машко
    Тоа е се голем бизнис они ги земаат на големо што се вика без пари скоро, и на нив им е гајле дали некој ќе купи или не т.е. некој ќе се излаже или не, али најлошото е што ти како што кажа пола од тие што ги имаат кинезарии немаат никаква подршка за софтвер и ред други работи и кога ќе се расипат или се прават или не и кај нив нема трето, со тоа што јас никогаш не би купил кинез ако знам дека не е некоја позната марка и има добра подршка на форуми каде може да се најдат ромови за тој телефон и начин како да се направи ако се блокира али се е тоа голем бизнис кога купуваш на големо и на нив им одговара чим имаат толкав голем број на кинески телефони од различни компании т.е марки
     
  4. Aster MK

    Aster MK
    Gaining Experience

    330
    334
    27 Јули 2015
    Машко
    Мене ми се допаѓа моделот да имаат многу избор, но да беше барем добар изборот. Huawei и Sony ги има само некои модели, Xiaomi и Meizu ги нема воопшто, а од "марки" како Doogee и Blackview врие. И друго, иако е за поздрав што почнаа да носат Motorola кај нас, цените се претерани. 36К за Moto X Style?
     
    На Demonhead и ImWiked им се допаѓа ова.
  5. prolivot

    prolivot
    Gaining Experience

    189
    209
    28 Декември 2014
    Таа си е цената во европа.
     
  6. Aster MK

    Aster MK
    Gaining Experience

    330
    334
    27 Јули 2015
    Машко
    Цената на amazon.de, amazon.fr итн всушност е околу 500 евра за 32GB, овде е скоро 600.
    Сепак мислам дека е малку скапо.
     
    На ImWiked му/ѝ се допаѓа ова.
  7. the_maker

    the_maker
    Unbeatable

    3,867
    5,942
    14 Август 2014
    Машко
    Носат затоа што се такмичат со АМЦ во „трката“ кој је јачи со модели. Типично македонски е бизнис моделот, немојте да мислите дека е којзнае какква шема во позадина :)
     
  8. ImWiked

    ImWiked
    Gaining Experience

    400
    343
    14 ноември 2014
    Машко
     
    psyside, Aster MK, Woofer и на уште 1 им се допаѓа ова.
  9. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,028
    1,541
    25 Јануари 2008
    Машко
    Колку луѓе би купиле 4к монитор па да донесат.И да го донесат цената ќе биде висока а и ептен мала побарувачка ќе има.Така да се форисира евтина кинеска роба бидејќи народот неупатен купува масовно телефони од 100 евра и таблети.
    Нема скоро никаков избор не само за монитори туку и за ред други производи квалитетни и поскапи.Еве пример нема нигде asus honar essence stx квалитетен производ.
     
    На smole и prolivot им се допаѓа ова.
  10. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,059
    3,144
    2 Септември 2012
    Машко
    Има и такви случаи, ама не би рекол дека народот не е упатен баш многу.
    Поголем проблем е во финансиите инаку секој знае што е добро.
     
  11. nik0la_

    nik0la_
    Practice makes perfect

    700
    1,244
    5 Јануари 2012
    [​IMG]
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Avid

    Avid
    Guru

    4,170
    6,214
    21 Јануари 2009
    можеби им дужи некоја кинеска фирма
     
    На goranzoran му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,704
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    И ја тоа мислам. Као еве ви контејнер па кршите глава :) Или фрлаат разни фирми на пазаров као проба па што остане... У секој случај сите купујат од оператори, енивеј.
     
  14. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,899
    2,476
    21 Јануари 2011
    Машко
    Незнам зошто али мене секогаш ми доаѓа поскапо ако земам телефон преку оператор.
     
    На DrMTR, nik0la_, kirev и уште 3 други им се допаѓа ова.
  15. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,059
    3,144
    2 Септември 2012
    Машко
    Па за 2 години има да им преплатиш и телефон и се живо.
     
    На STEFF му/ѝ се допаѓа ова.
  16. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,075
    26,777
    4 Септември 2008
    Ѓубрето стои заради тоа што никој не го купува, и баш заради тоа нема нов @60hz :D
     
  17. Trixx

    Trixx
    Gaining Experience

    118
    128
    16 Јануари 2011
    Не се исплати за едно зимање на телефон за некоја илјадарка поефтино да се врзуваш две години со договор со оператор, така да ите како има потреба од понуда на телефони надвор од понудата на операторите, а која во последно време е се послаба во избор , т.е. ги носат само најактуелните модели , оние за масата на народ кој купува по инерција на рекла казала или да биде ИН, а не реално на потребите.
     
    На nik0la_ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,028
    1,541
    25 Јануари 2008
    Машко
    Зошто да не се исплати од оператор земање телефон?
    Сигурно нема да го земеш за да го користиш за гледање време само на него или за сликање.
    Ги користиш и услугите од операторот и телефонот го имаш за пониска цена.
     
  19. AlexanderMK

    AlexanderMK
    Practice makes perfect

    1,141
    1,798
    19 Мај 2011
    Машко
    Зошто iPhone 6S со 64gb e 46.990 денари на 1800 денари претплата.
     
  20. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,208
    3,567
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Тука 16GB е 48к, без никаква претплата.
     
  21. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,436
    13,567
    23 Јануари 2008
    Манга
    Јас и не среќавам баш луѓе кои купиле и користат таква ѓубрарија.

    Околу 4К мониторите, па не мора да донесат 100 комада. Нека донесат по неколку парчиња за почеток и нека видат како ќе оди. Еве јас би купил добар 32 инчен 4К екран, а сигурен сум дека уште неколку души од форумов би купиле.
     
  22. xenon

    xenon
    Guru

    3,790
    9,501
    15 Јануари 2011
    Машко
    Луѓе што познавам што немаат пари, никогаш не отишле да купат мобилен и да искешираат 10к+ во мобилара или во Анхоч, АМЦ итн. За таблети друг муабет, еден бран кинезарија се испродаде но не верувам дека овие луѓе наскоро ќе се вратат пак да купат. Ентузијасти, гаџет љубители и сл. оставам на страна. Сите останати, роднини, пријатели, познаници итн. доколку купиле телефон до 10К тоа било преку оператор затоа што трошоците се распределени на одложено плаќање од 12 до 24 рати.
     
    На borcep и kirev им се допаѓа ова.
  23. windows8

    windows8
    On your way to fame

    753
    979
    12 Февруари 2012
    Машко
    Па и не е се така ѓубре во тие кинезарии, купив doogee Y100 за 100 евра од Anhoch телефонот не е воопшто лош за тие пари, брз е има доволно меморија hd диспјеј две камери за нормален корисник како мене ги задоволува сите мои потреби од еден мобилен уред, го користам за интернет it.mk, youtube, facebook, portal, работи брзо и со 10 таба отворени на hrome, има андроид 5.1 видеа на 720p идат без проблем сецкања, дисплејот има добра светлина и бои, споредбено со претходните HTC310 и moto-E овој телефон е во сите полиња подобар, htc-то имаше неспоредливо полош дисплеј приказ на бои и светлина. телефонот има 1 година гаранција.
    Не сум љубител на телефони, ги земам само и само за тие основни потреби, и мислам дека вреди за парите.
     
    На maci, uwemi, nik0la_ и уште 4 други им се допаѓа ова.
  24. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,704
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Супер. Сега да чуеме уште мислење за останатите 207 модели
     
    На uwemi, Војвода, darkkiler и уште 2 други им се допаѓа ова.
  25. Creed_Bratton

    Creed_Bratton
    Gaining Experience

    285
    328
    6 Август 2007
    ТechGeek
    Прв пат гледам некој да се жали за голем избор на пазарот.
     
    moongose, olikomerc, nik0la_ и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...