• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Антикорупциски веб портал

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

LiquidWorm

Администратор
26 март 2007
2,667
183
www.zeroscience.mk
Прашањето на анти корупцијата се актуализира особено во последната година. Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека свеста на јавноста за сериозноста на проблемот и последиците од постоењето корупција растат. Од друга страна, познавањата за тоа што е суштината на проблемот, каде и во каков облик може да се појави корупцијата кај јавноста сеуште не е на високо ниво. Иако е евидентен порастот на корупцијата, бројот на кривичните постапки кои се водат за дела поврзани со корупција е незначителен. Истакнувањето на корупмираноста на определни носители на јавни функции повеќе е прашање на политички надигрувања, отколку на искажан став или сознание на граѓаните. Во април беше изгласан Закон за спречување на корупцијата, а предходно и Закон против перење пари. Стратегијата на Владата на РМ, како што беше објавено е донесена, но не и јавно презентирана.

НВО секторот се оранизираше во коалиција Македонија без корупцијa. Сепак капацитетите на НВО-ата за преземање анти-корупциски активности се органичени. Мал е бројот на НВО кои имале каква било обука за различните форми и можности за анти-корупцпциско делување. Со постоечките напори за обучување на НВО-ата во Македонија е опфатен органичен број организации кои ќе добијат продлабочени познавања.

Од сето речено се идентификуваат повеќе потреби:

- да се обезбеди средство преку кое граѓаните постојано и слободно ќе можат да ги искажуваат своите ставови или сознанија за корупцијата и/или корупмпираноста на одредени носители на јавни функции,
- да се обезбеди средство преку кое граѓаните ќе можат да се едуцираат за тоа што е корупција и кои се последиците од неа,
- да се обезбеди средство преку кое НВО-ата ќе можат да ги прошируваат своите знаења за начинот на кој се преземаат определни активности за борба со корупцијата, да ги истакнуваат проектите и резултатите од нив,
- да се обезбеди средство преку кое ќе се овозможи собирање на информациите за корупциски и анти-корупоциски активности на едно место.

Цели на проектот:

- Да се поттикнат граѓаните и НВО секторот да преземаат анти-корупциски активности.
- Да се обезбеди средство преку кое ќе се добијат информации и едукативен материјaл за анти-корупција.
- Да се обезбеди средство граѓаните непречено да ги искажуваат своите ставови, мислења или сознанија за корупцијата во Македонија.

Очекувани резултати:

- Зголемена свест за корупцијата
- Зголемено ниво на познавање на НВО-ата и граѓаните за тоа што е корупција и кои се последиците
- Зголемено учество на НВО-ата во анти-корупциските активности
- Промовирана употреба на Интернет како средство за комуникација

Преземено од веб порталот на антикорупција на Македонија

http://www.antikorupcija.org.mk/
 

Dark_Crow

Intern
10 април 2007
89
0
www.myspace.com
Segde ima korupcija i kaj najgolemite drzavi samo sto narodot i novinarite tamu imaat dobar finansiski status i ne se sekiraat mnogu za toa.. Primer vo Svajcarija 25% od lugeto ne znaat koj ne nivniot presedatel :p :p :p
 

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
Imam rodnini vo Amerika i mi vikaat deka lugeto glasaat za nekoj a neznaat ni koj e toa,ne go ni videle,a decata pojma nemale koj e pretsedatel na SAD.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,593
Мислења
824,179
Членови
28,086
Најнов член
martinivs
На врв Дно