1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Angry Birds Go! официјална тема

Дискусија во форумот 'Игри' започната од gokica, 19 Јануари 2014.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,389
    10,193
    13 Јуни 2009
    Деновиве дома поприлично ја играме на андроид уреди па
    решив да отворам тема за споделување на искуства и информации.

    [​IMG]

    Ја има и за iOS а не сум проверил дали ја има за ПЦ.

    Бесплатна е и се зема преку плејстор.

    За мене не беше баш бесплатна зашто од Крш морав да ги набавам овие за 100 евра:

    [​IMG]

    Добивме вкупно 7 фигурички. Со нив си играме а и може да си отклучуваме количиња на било кој уред.

    Секој пат кога играта ќе се исклучи со „QUIT" или ќе се рестартира уредот количињата мора да се отклучат повторно со поставување на телеподите на камерата од уредот.

    Напомена, ако на екранот од уредот имате нерамнина кај површината на камерата (силиконска фолија на екранот на пример) ќе имате проблем со телепортирање на количката.

    За отклучување/телепортирање потребна е интернет конекција. Процесот се одвива експресно брзо.

    До сега успеавме да ги отклучиме сите ликови вклучително и Chuck!

    Ха, ха. Се надевам постои интерес да ја прошириме темава и понатаму.

    Наша наредна задача е да ја купиме и отклучиме Jenga! како и апгрејд на сите количиња. Немаме фејсбук акаунт па така не можеме да победиме пријателски скор (сега за сега бар).
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,185
    3,480
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Ѓокица ако разбрав добро..камерата уствари ги скенира купениве колички и после со нив се тркаш?

    Тебе ти е интересно сега ова дека со децата го млатиш низ дома, јас Енгри Брдс немам играно година +. Ќе се најдеме на темава можеби понатаму :)
     
  3. gokica

    gokica
    Модератор

    8,389
    10,193
    13 Јуни 2009
    Да, камерата го скенира кодот кој се наоѓа на шасијата од количката и ја отклучува истата. И точно заради децата поминав повеќе часови вожња за да ги отклучам сите ликови за што е потребно да се соберат парички. Истите не се отклучуваат со телеподи. Барем не со овие што се на пазарот до сега.
     
  4. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,354
    2,955
    4 Септември 2008
    Извини вака ама 100 евра за овие играчки е overkill, со тие пари се зима солиден Lego сет кој е неспоредливо со ова. :-D

    Инаку јас почнав да ја играм отворив повеќе од половина од ликовите и тоа без купување со кеш екстра powers што ги има пред да почне стазата, само со собирање дијаманти и по еден-два буста во текот на стазата. После тоа на неколку пати внук ми ја играше и ми ги трошеше дијамантите до 0, се изнервирав што избришав save фајловите и играта.

    Во врска со играва и фалат работи што дефинитивно ќе ја направат поинтересна, како на пример да може да се тркаат двајца истовремено преку интернет или локално во мрежа, да има можност за кочење на количките, да има можност за ретровизор за да видам колку се далеку позади мене другите и ред други ситни работи. Је да мислам дека ова никогаш нема да биде имплементирано затоа што не им е тоа целта, вака ќе остане напразно тркање само напред и отварање на екстра колички со купување директно онлјан или вака како тебе со играчки. Во принцип играта е споредна во целава ситуација за Ровио, нив примарно им е да продадат што повеќе играчки и accessories по ненормално големи суми (барем за наши услови) за тој калибар на играчки.
     
    На xenon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,520
    15 Јануари 2011
    Машко
    Ептен јака франшиза направиле чим можат да продаваат колички толку скапо. Ај да не споредуваме со хардвер и сл, но за тие пари се купуваат солидни 4-6 метални реплики на колички 1/24 димензија на кои им се отвараат вратите, гепекот, имаат одлична штампа, гумирани тркалца и сл.
     
  6. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,354
    2,955
    4 Септември 2008
    Нека ти каже Гокица по колку само ги набавуваше гумените бонбони. :-D
     
  7. gokica

    gokica
    Модератор

    8,389
    10,193
    13 Јуни 2009
    Ха, ха, ем тоа мака видовме со @Cika додека гумените бонбони стигнаа до мојата адреса заради луди поштари.

    Јас децава ги поучив да не ми земаат дијаманти а за апгрејди на количињата играм во еден здив. Ако оставам на пола тогаш наредно играње и паричките се на нула се разбира заради тоа што со нив полесно се врват стазите. :D

    Зезнато е што на нерутиран уред неможе да се читува и да се накачат парите. Барем јас не успеав.

    Инаку фигуричките погоре на амазон/ибеј се некаде 50 долари без транспорт. Арно ама кај нас Крш крш прави па така ги продава двојно поскапо. А малиот запна и што да правам.
     
  8. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,354
    2,955
    4 Септември 2008
    Ѓокица ги сефтосавте ли новите снежни стази ?
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,389
    10,193
    13 Јуни 2009
    Ах, да. Добредојдена ни беше забавата. Купивме и уште некое количе плус.

    Ја пробавме и џенга малку. Ама кратко траеше и со апдејт ни ја скинаа играта. :D

    Сега веќе се на пат 10 пакетчиња од енгри брдс спејс машемс и со душа ги чекаме.
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...