1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Android vs. iOS vs. Win Phone 7

Дискусија во форумот 'Софтвер за мобилни уреди' започната од krale, 12 Декември 2010.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Не го измислија, ама начинот на копирање/пастирање и селектирање на текст... ти се молам? И ај ОК е да се каже дека ете сега и Андроид има таква функција, ама да се кажува дека тоа е „иновација на гоогле“???


    Еве една друга моја анализа, кажете ваше мислење исто така:


    Lockscreen споредба:

    iOS – празен, чист, но во исто време и неинформативен, мора да се инсталираат други апликации (преку JB) за да директно покажува време, смс, емаил, рсс итн.

    Android – сосема обичен, многу сличен на iOS

    Windows Phone 7 – иновативен, динамичен. Малку пренатрупан.

    Сепак, најмногу ми се допаѓа од трите Win7. Сребро за iOS, чисто пошто беа први, а не дека се бољи од Андроид.
     
  2. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,833
    26,045
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Од табелава треба да заклучам дека андроид е најкористен бидејќи има најмногу бесплатни апликации?

    Ајде вака :За среќа или за жалос незнам сум имал прилика да работам и на ios i на android (на win7 неам сеуште) но се надевам дека ќе ми улета и некој таков.
    И сеа јас од искуство можам до сабајле да ти давам примери и анализа и на едниот и на другиот.Значи со позитивни и негатвни работи за двата амноправно.
    Еве да споредуваме конкретни верзии IOS 4 и Android 2.2.Ајде каж ми дали си имал можност да работиш на двата оперативни системи и кажи ми недостаток на едниот и на другиот па после ќе ти анализирам јас двата со недостаотци и со предности може така?
     
  3. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Па добро би било да го анализираме што ова значи, бидејќи Google го експлоатира овој факт дека ете најмногу бесплатни апликации имало на Android.

    Јас почнав со анализа конкретно околу апликациите. Зошто да не почнеме од тука?

    Апликации...

    - најмногу има на iOS, па Андроид па Вин7.
    - најголеми се дозволени на iOS (2ГБ), Win7 (400мб) па само многу мали (под 25мб на 2.2) се дозволени на Андроид.
    - Апликациите се купуваат/симнуваат преку компјутер iTunes и Zune, само на iOS и на Win7. Со тоа менаџирањето на апликации (нивно симнување, инсталирање, итн.) е многу осакатено на Андроид.
    - Продавниците за апликации (App store, android marketplace i win7/zune marketplace) се доста различни. App store е навистина убедливо наједноставна за користење, најбрзо се наоѓаат апликации, брз лесен пристап до информации за апликацијата, оценки, големина и плаќање. Во споредба marketplace e просто кажано катастрофа. Зуне (не знам за на телефон, ама од мп3 и xbox) можам да кажам дека не изгледа како ништо подобар од Android, иако по некои ривјуа читав дека доста го подобриле пред да го пуштат телефонот, така да оставам простор да видам.
    - Апликациите од аспект на девелоперите, повторно може да се каже дека iOS e без конкуренција - (наједноставен за работа, наместо да се прават 100-тици верзии за 100-ци телефони од секоја апликација), а и нуди најдобра заработка. Табелата што ја прикажав погоре им сугерира на девелоперите дека ако сакаат заработка, најдобро е да работат на iOS платформа. Ова можда ќе се смени со тек на време кога ќе има приход од реклами, но за сега мислам дека е недвосмислено така.
    - од аспект на контрола, Android e најотворен, па Win7, па на крај App store. Ова е потенцијално јака страна на Андроид, во споредба со iOS, бидејќи заради големата контрола на iOS не се дозволуваат секакви апликации. Од друга страна, заради оваа отвореност, на Marketplace се наоѓаат такви глупости и измами (од типот украдени имиња што уствари не се тоа што бараш), што оваа предност на marketplace се претвора во загуба. Повеќе ми се допаѓа пристапот на Win7 во овој случај, кој со умерена контрола, не врши забрана на ниедна легитимна апликација, но во исто време модерира да се не појават измами и манипулации во продавницата.

    Значи конкретно кога станува збор за апликациите мислам дека во моментов подобра платформа е iOS, па тука некаде се Win7 и Андроид. Дури ако сум девелопер, би почнал сега да работам на Win7 пред Андроид, бидејќи таа платформа ќе има најголем (процентуално гледано) раст, а во исто време има мала конкуренција за апликации.
     
  4. darkone

    darkone
    Intern

    29
    8
    3 Декември 2010
    Секој мобилен оперативен систем има специфични карактеристики што го прават добар/лош. Не може да се каже дека на пример, iOS, Аndroid или Windows Phone 7 е најдобар - секој си има добри и лоши страни. Да почнам со Android - има голем број на бесплатни и корисни апликации и (во поновата верзија) има подршка за flash. Од друга страна пак Android нема некоја апликација со која инсталирањето на програми во телефонот би било полесно и побрзо, a и нема голем број на апликации како што има за iOS. iOS пак нема подршка за flash - но затоа има над 170.000 апликации за него, има развиено општество на развивачи кои работат на повеќе апликации и е на второ место по користеност во светот, веднаш по Symbian. За Windows Phone 7 нема многу што да се рече - нов оперативен систем на Microsoft со мал број на апликации и корисници. Но, затоа пак има апликација (Zune) со која може да се инсталираат нови апликации, XBOX live за игри, Microsoft Office 2010 Mobile итн..

    Ваше е да одлучите кој оперативен систем ќе го одберете - само не заборавајте дека тука се Blackberry OS, Symbian OS и Bada OS кои исто така се одлични мобилни оперативни системи.
     
  5. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,833
    26,045
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    opensorse дечко! Таквите апликации и оперативни ќе залвадеат со светот.За само 1 година linux корисниците дупло надвладеаа над корисниците на windows7 не за друго само затоа што се е бесплатно и support немора да прави само Шефовите од мајкрософт.Да не дојде до неодразбирање и ја сум корисник на windows. :).
    Па така е и во ситуацијава за оперативние за мобилни.Луѓето бараат подобра бесплатна варијанта...Зашто да дадам пари кога можам да имам нешто за беспари...


    Дај ми еден лош збор за ios те молам.Што они се совршени?Од прееска еве две страни пишуваме и те терам да ми кажеш некој недостаток на иос,ти упорно ми го возвишуваш...МОЛИМТЕ докажи ми дека не си фанбој на епл.


    А Пошто ти не сакаш да дадеш кратка анализа на двата(т.е трите) оперативни (највероватно пошто не си користел андроид) еве јас ќе кажам што имам да кажам а ти цитирај ме.

    Значи iOS-е неговата едноставност - секој може да се земе уредот базира на оваа платформа и лесно можат да се справат со неколку допири со прст.Во iOS4 Епл има воведено голем број на функции и голем број на задачи.Новиот воведен систем за „реален“ multitasking,кое овозможува затварање на програмите т.е минимизирање со стискање на копчето home.Со ова Епл тврдат дека се заштедува на батерија и до 40%.Исто така нешто што ми се допадна е организаторот на папки.СО влечење една врз друга можеш да ги собереш сите во една посебна кој можеш да си ја именуваш како сакаш.Ibook е според мене уште една голема иновација за епл.Брзо и едноставно си симнуваш книги од apple без претгодно барање по интернет.
    Но во него постојат и многу недостатоци кој од верзија во верзија се пренесуваат како заразна болест без никаво поправање на истите.Слика на Flash во прелистувачот е се уште проблем.Исто така iOS 4 на iPhone 3G е неупотреблив што значи неможе да се надгради софтверот или Стив Џобс не ни кажал како.Тука ќе го спомнам и недостатокот на iphone 4 што го има со антената и со тоталното блокирање додека прегледувате маил и сурфате на интрнет.А да не зборам за тоа што неговата употреба е ограничена за на apple производи.

    Е сеа за android-Платгормата конечно се префрли од степен на развој во фаза на целосна подготвеност да доминира на пазарот за оперативни системи за мобилен телефон.СПред мене одлични осмислен начин на изработка на самиот оперативен како и апликациите за него.Предност тоа што апликациите се прават во јава,можеш слободно да играч некоја флеш игра без ништо да ти фалшира и да гледаш видео без отварање на посебни програмичиња кои многу заштедуваат на време и на пари.Е сеа проблем на кој јас наидов при работење на овој оперативен систем е тоа што тој се блокираше при отварање на веб јава апликација.Тоа се случуваше по секој обит за истото.Можеби некој bug али да се надеваме дека ќе биде средено.
     
    1 person likes this.
  6. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Андроид не е open-source.

    Самиот графикон можеби сугерира дека најмногу апликации бесплатни има за Андроид, но тоа не е така. Всушност за iOS има повеќе бесплатни апликации.

    Разликата се јавува токму со проблемот што го појаснив во првиот пост - на Android едноставно не се достапни квалитетни апликации заради ограничувањето од бесмислени 25мб по апликација, така што и нормално е тие да бидат бесплатни. Ова е исто така бидејќи Google до 2.2 верзијата, ги форсираше дивелоперите да нудат бесплатни апликации а да заработуваат преку реклами. Откако виде дека не иде баш, слушам дека во 2.3 се менува стратегијата.

    Јас кажав недостатоци на iOS конкретно во овој дел, само кој чита? Еве 2-3 работи што веќе ги спомнав:

    - не ми се допаѓа празниот lockscreen. На Вин7 е подобар.
    - не ми се допаѓа строгата контрола на App Store, но ниту хаосот на marketplace. Најдобра е стратегијата на Вин7 - умерена модерација.

    И ова е само во делот на апликации, другите се уште не сме ни почнале да ги анализираме. Јас немам што да докажувам, јас редам аргументи, ако некаде сум погрешил, поправи ме.



    Поправено е во новите верзии на iOS 4. Но едноставно и не може се да се вгради, нема подршка хардверот. Баш би сакал да видам Андроид од 2013 да се инсталира на ХТЦ Херо или некој сличен.

    Молам?

    Тоа ти е единствениот баг на андроид? Не ти смета ни што има апликации само до 25мб, што е бавен и несмасен во споредба со iphone, што маркетплејс е жива збрка, што нема копмјутерски програм за инсталација, итн. итн.????

    Мислам дека си имаме во рацете фенбој :))
     
  7. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,833
    26,045
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    http://source.android.com/

    Ти редиш аргументи а што јас зборам од памет?
    Момак да би бил по редовен на форумов би приметил дека јас не се убацувам во ниедна дискусија за која не сум информиран или се однесува за нешто што не ме интересира.Се што пишувам дали е туториал или некој став ја го крепам со докази и еден куп линкови(нека го потврдат тоа постарите џомби),али во случајов имам проблем со докажување на некој кој највероватно се за*бал и дај 500е за ајфон...
     
  8. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Да да... пардон... open source e, само не е бесплатен.


    Инаку за тоа што си пишувал по други теми не знам, ама овде само некако шерифски настапуваш, трошејќи постови и постови на дискусија за мене лично, а не за темата. Ако сакаш да дискутираме за мене, пиши на ПП не ја гуши темата со твоите дилеми дали сум или не сум фенбој, и колку пари имам (стигна и за тоа да проценуваш :LOL:)

    Едноставно ми ја уништи темата, наместо да правиме муабет за платформите, изгледа сакаш да лечиш комплекси над некој со само стотина постови на форумов.
     
  9. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,833
    26,045
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Браво ме откри искомплексиран сум,затоа ти се извинувам што ти ја уништив темата нема повеќе да пишувам во неа.
     
  10. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Пишувај се разбира дека сакам да пишуваш, ама не да ми се понашаш ко да сум у судница, онака маалски мангупски демек стариот форумџија треба да му се докажува ова или она... Ако сум на форумов кратко, не значи дека не се разбирам од темата и дека сум наполно пристрасен. Може и поише се разбирам? Или тоа никогаш не би го признал чисто од чалам?

    Реков дека сите сме пристрасни (односно имаме омилена платформа), но со ладна глава дајте да ги разгледаме силните и слабите страни на платформите.
     
  11. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Анализа ФЛЕШ.

    Android и Win7 подржуваат флеш.

    iOS не подржува, иако со JB и инсталација на дополнителни апликации (портувани од Android) може да се овозможи и читање на флеш банери, слики и игри. Исто со најновиот броусер Skyfire, кој го дозволи и Apple во Apple Store, може да се гледаат и флеш видеа.

    Се на се, сепак не функционира идеално. Едноставно невклучувањето на флеш на iOS платформата, која и хардверски и софтверски најдобро може да го поднесе товарот на флеш, е тотално идиотско од страна на Apple.

    Анализа уреди:
    - Android е достапен на најмногу уреди
    - па Win7
    - па iOS (само на 4те верзии на iPhone, на iPod Touch и на iPad)

    Повеќе уреди, повеќе избор. Ова е добро за Андроид.
    Повеќе уреди, пообемен (погломазен) и поспор оперативен, кој не е оптимизиран за уредот. Овде iOs има предност.
    Повеќе уреди, повеќе корисници. Ова е добро за Андроид, кој како и Виндоус (декстоп) со ова овозможува најширока палета на компатибилност. Сепак ова се негира со фактот дека самите андроид уреди не се меѓусебе секогаш компатибилни - потребни се повеќе аксесориес за истата работа, итн. Ова оди во корист на iOS.
     
  12. Aleks

    Aleks
    Gaining Experience

    5,748
    286
    18 Мај 2007
    Бре бре бре ... темата ја следам од кога што се отвори и мислев дека ќе има добри аргументи во неа и корисни споредби мислења а не лечење на комплекси и ширење на дезинофмации.

    @krale, iOS не е единствената ствар во светот, не биди closed-minded. Сѐ си има свои недостатоци и свои поволности и се разбира ништо не е совршено ниту Андроид ниту пак твојот мил iOS.

    Темата оди во заборав. Ќао.
     
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели

Вчитување...