1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Android vs. iOS vs. Win Phone 7

Дискусија во форумот 'Софтвер за мобилни уреди' започната од krale, 12 Декември 2010.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Бидејќи нема ваква тема, интересно е да ја отвориме.

    Повод за размислувањето ми беше што прочитав нешто околу ограничувањата на апликациите кои се наоѓаат во соодветните продавници (Marketplace, App Store и WinApp Market).

    Еве ги ограничувањата:

    Android - max file size 25mb (во 2.3 верзија се зголемува на „дури“ 50мб)
    iOS - max file size 2GB
    Win7 - max file size 400mb


    Уште еден сериозен недостаток на Андроид е дека освен директно на телефонот, не постои програм за инсталирање на програми:

    Андроид - нема
    iOS - iTunes
    Win7 - Zune

    Преку iTunes и Zune можат да се симнат, па потоа да се инсталираат апликации од компјутер, наместо директно на телефонот да се симнува по 10-тици саати (за среќа ограничувањето од 25-50мб на Андроид и го оневозможува симнување подолго од 1-2 часа.

    Зошто е ова важно? Па едноставно за куп аликации кои си „бараат“ добра големина, од типот на навигации, видео игри, симулации и општо апликации со колекции на видео+музика. Ваквите развиени апликации едноставно не е можно во овој момент да се инсталираат на Андроид и во помала мера на Вин7.

    Лимитот на iOS колку што знам, го има искористено само навигацискиот програм TomTom Europe - точно 2 ГБ.
     
  2. NERD.

    NERD.
    Gaining Experience

    1,377
    344
    19 Април 2010
    Машко
    Interesna tema. Jas mislam deka android/ios/winphone7 WINS! :D I trite OS se super vo sekoj pogled.
     
  3. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,824
    26,013
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    krale немој да ме сватиш погрешно али од сите твои постови на оваа тема ти го возвишуваш ајфон и iOS.можеби си фанбој,можеби само субјективен или недоволни иноримиран,али моментално на пазарот на мобилни телефони најмногу се популаризира андроидот,и неговата примена сеуште е во порас...во многу блиска иднина андродот ќе биде мноогу по опремен од ios во секој ,ама баш секој поглед.
     
  4. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Добро, јасен е мојот став, којшто можам и да го аргументирам. Темата ја отворив за да размениме информации што е предност/недостаток на секоја од платформите, и намерно ја почнав „контроверзно“ бидејќи гледам на форумов повеќето се некои андроид фанови, што може треба малку да се „освестат“ :) Веројатно никогаш не користеле друга платформа или пак се многу подложни на пропагандната машинерија на Гоогле.

    Според мене, ако морам да ги рангирам, дури и Вин7 доаѓа пред Андроид, бидејќи за разлика од Андроид, дечките од Microsoft не се ограничиле на копирање на iOs, туку стварно креативно сработиле нешто различно.

    Не би сакал во темите да се дискутира за личните ставови мои или нечии други, сепак тоа не е битно до толку.
     
  5. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
  6. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,824
    26,013
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Па брат ако не кажуваме лични ставови и дискутираме за истит што да правиме на форумов?Да ја мењаме политиката на работење на ЕПЛ или Гугл?Не сме до толку влиателни ;)
    Иначе со мојот пост не мислев да те навредал или било што далеку од тоа само дискутираме.
    Иначе ДА! се сложувам дека iOS е подобар во перформасни од останатите,али што му вреди кога неговата примена во пракса е ограничена?
    Друго...Значли гугл не прави пропагнада на андроид туку само дава многу добра реклама за истиот.

    Кога сме кај споделување на информации еве една информаци која е поврзана со тема
    http://fonefrenzy.com/2010/08/06/20...rtners-post-highest-2nd-quarter-growth-rates/
     
  7. goce ilievi

    goce ilievi
    Intern

    633
    43
    2 Март 2010
    Мене стварно не ми е јасно ајде ние што сме анроид фанови сме подлегнале на пропаганда,А целиот свет и тој ли е изманипулиран.Ова ти е ноу сенс
     
  8. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Графиконот е интересен, ама не докажува ништо. Еве уште два графикона за разгледување...

    Првиот... http://www.browser-watch.com/wp-content/uploads/2010/05/Browser-Market-Share-April-2010.png

    Вториот... http://www.google.com/finance?chdnp...to=NASDAQ:GOOG&cmptdms=0&q=NASDAQ:AAPL&ntsp=0

    Кажете ми што докажуваат овие две табели?
     
  9. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,824
    26,013
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Според првиот графикон ако гледаме прозиводители на browser и на оперативни системи за мобили ондак ios би го ставил на последно место,а вин7 на 1 :p
     
  10. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Ако се сеќавате на времето рекламите се викаа ЕПП (економско ПРОПАГАДНА порака).

    Значи секако дека сте подлегнале на пропаганда, бидејќи рекламите токму тоа и се. Гоогле сака да го увери светот дека се ќе биде гоогле за 5-6 години, од гаќите до автомобилите.

    Што не значи дека и другите не прават пропаганда, нешто за што мора да се признае се и Apple мајстори. Мислам дека на андроид фановите им недостасува реалност дека е тоа во моментов платформа со многу дупки и недостатоци, платформа која е пред се „плагијаторски“ базирана и не нуди нешто квалитативно отскокнување од iOS, дури и доцни еден чекор назад, бидејќи ги копира истите ствари од iOS. Еве на пример ги гледав „новите“ работи во 2.3 верзијата на Андроид, и не можев да си верувам дека на пример, го „измислиле“ системот за copy/paste, кој апла и првооделенец може да види дека го ископирале и тоа несмасно од iphone.

    OK нова работа е NFC чипот.
     
  11. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Е така... баш тоа ми беше поентата.

    Дали IE e најдобар browser? Сите што користиме интернет знаеме дека не е. Ама се уште зема 2/3 од пазарот.

    Така да тоа што Андроид ЌЕ (многу интересен збор е ова „ќе“) има поголем удел од пазарот од другите во 2014 или не знам која, значи ли дека е подобар?
     
  12. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,824
    26,013
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Епа да видиш IE со години уназат има 2/3 од пазарот и со секоја нова верзија се се подобри и подобри.Кој може да му пркоси на IE9?
    Зборот ми е дека доколку нешто зема прво место на пазарот,производителот ќе се труди да остане на тронот и да го подобрува производот како тоа што го прави мајкрософт со неговиот IE,истот ќе го направи и гугл со неговиот андроид. или дајбоже symbian (според мене одличен оперативен систем за мобилни)
     
  13. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Интересна вест.

    Microsoft објави дека сите 89000 негови вработени ќе добијат на подарок Windows Phone 7 телефон.
     
  14. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,824
    26,013
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Одлично!Супер начин за промовирање и за тестирање.Кој друг ако не професионалци.:bravo:
     
  15. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    А кај нас на работа организациите даваат пакетче со 2 чоколатца и 2 мастики... хаха...
     
  16. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,332
    5,245
    24 Март 2009
    Машко
    Крале, премногу (ама премногу) фанбојски си настроен. :ua:
    А општо познат факт е дека со фанбој нема дискусија. Тој секогаш си го гледа тоа што си го замислил.
     
  17. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Јас можев да набројам овде и те како и слабости на iOS, ама очекував дека ќе има реална дискусија а не вакви жалопојки :plachko2:
     
  18. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,824
    26,013
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
  19. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,332
    5,245
    24 Март 2009
    Машко
    Е каде ги наброја де? :isplashen:
     
  20. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Па нејќам сам со себе да дискутирам :p
     
  21. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Некои овде ме обвинуваат дека не сум отворен за други перспективи, а во исто време јас набројав само 2-3 слабости на Андроид и одма си ги затињаат ушите... изгледа неподготвени да чујат ништо поинакво од нивното мислење - дефиниција на фенбој.

    Јас кажав реални факти, што се слабост. Ајде да изложиме и за другите платформи, наместо само да се обвинува дека овој бил онаков или оваков. Нормално е секој од нас да има омилена платформа, но тоа што не е ок, другите да се етикетираат вака или онака заради тоа. :ua::ua::ua:
     
  22. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,824
    26,013
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ти ја отвори темата и наброј се што мислиш да наброиш па ќе дискутираме,кој рече дека сам ќе дискутираш ти ќе кажеш нешто ја уште нешто некј друг друго и ќе с еразвие дискусија,али не очекувај дека сите ќе мислат како што мислиш ти.

    Не! Само ја си го кажав мојот став аргументиран секако,е сеа тоа што се коси од твојот е дискутабилно ајде ќе дискутираме.Кажи што се имаш да кажеш.
     
  23. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Не се однесуваше на тебе тоа.

    Еве една друга интересна табела (кога почнавме со табели)... добро е да пуштите и коментар за неа.

    [​IMG]

    Апсолутно не очекувам. Некои други изгледаа очекуваат дека сите мора да сме андроид клон-фанови и не сакаат да слушнат и други перспективи.

    Но исто така не очекувам постови од типот:
    - Андроид е закон, iOS sucks (и толку???)
    или
    - нема муабет со тебе ти си фенбој...


    Тоа што го очекувам е:
    - Андроид е закон ЗАТОА ШТО има ова или она, вака или така, а iOS sucks ЗАТОА ШТО нема ова или она...


    Ај, доста беше со „процедурални“ постови :LOL:
     
  24. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,332
    5,245
    24 Март 2009
    Машко
    И уште нешто. Ништо лично, ама претеруваш и со тоа клон. Секој телефон ги има горе долу истите или слични опции. Тоа што Андроид е понов оперативен не го прави клон, туку едноставно тоа е.
    Спомна за копи-пејст-от на андроид. А случајно iOS да не го измислија копи-пејст-от?
     
  25. ки4ма

    ки4ма
    Intern

    234
    17
    21 Февруари 2008
    Машко
    Android OS е закон затоа што е open source и најчесто апликациите се бесплатни.
    Open source софтверот во поново време зема замав и ја предвидувам дека за 10 години од сега скоро 90 % од софтверот кој ќе се користи ќе биде бесплатен.
    Е сеа од технички аспект кој е покомплексен, user friendly, стабилен и лесен за користење тука може да има многу дебати, али првенствено треба да им се даде предност на луѓето кои ги користеле и трите верзии и можат да дадат независно мислење кое секако ќе биде индивидуално.
     
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели

Вчитување...