• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Американски сателит ќе се урне на земјата

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Американски сателит со тежина од околу 9 тони и големина на автобус, се очекува да падне на земјата. Точна локација на паѓањето на сателитот не е позната. Сателитот користи гориво кое е токсично за човековиот организам.
Постои голем страв кај американците сателитот да не падне на погрешен дел од планетата, а со тоа и дознавање на тајните кој овој сателит ги носи со себе.

Извор: http://www.gulf-news.com/world/U.S.A/10185186.html
 

hmmm

Gaining Experience
30 ноември 2007
1,242
81
hmmm's setup  
Processor & Cooler
i5 3570k @4.2GHz & CM Hyper 212+
Motherboard
AsRock Z77 Pro3
Storage
Samsung 840 EVO 120GB + WD Black 1TB
PSU
Corsair CX600
RAM
2x4GB G.Skill Sniper 1600MHz
Video card
HD4000
Case
Custom
Mouse
Gigabyte GM-M7000
Keyboard
Generic
Audio
Asus Xonar DG
Monitor
Compaq Q2159
OS
Windows 8 64bit
Уфф... тоа би можело да направи штета ако падне на некое "незгоздно" место....
 

vlatkorun

Intern
8 јуни 2007
633
14
Da a, a toa so gorivoto e toksicno i bi padnal nekade u naseleno mesto predizvikuvajki kojznae kakva belja toa ne gi interesira samo da ne se otkrijat tajnite oti nogu pari se imat dadeno za toa.eeee so da kazam.
 

sonic

Intern
13 ноември 2007
529
5
Хмммм сомнително,многу сомнително,американците продолжуваат со ширење на страв ....
 

hmmm

Gaining Experience
30 ноември 2007
1,242
81
hmmm's setup  
Processor & Cooler
i5 3570k @4.2GHz & CM Hyper 212+
Motherboard
AsRock Z77 Pro3
Storage
Samsung 840 EVO 120GB + WD Black 1TB
PSU
Corsair CX600
RAM
2x4GB G.Skill Sniper 1600MHz
Video card
HD4000
Case
Custom
Mouse
Gigabyte GM-M7000
Keyboard
Generic
Audio
Asus Xonar DG
Monitor
Compaq Q2159
OS
Windows 8 64bit
Ту, нека падне баш таму кај што е направен сателитот, тие што го направиле да видат што направиле :D
 

Blagojce

Gaining Experience
26 декември 2007
891
70
Прилеп
Blagojce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5-3570 3.40GHz
Storage
2 TB
RAM
8 GB
Monitor
ASUS 24" LED Full HD
OS
Windows 10
Тие нема да дочекаат да падни, на yahoo пишуваше дека веќе правеле планови како да не се урни на земјата туку да го погодат со ракета(за да не се откријат тајните).
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
А бе не се секирајте, не е прв пат сателит да откаже и да падне. Досега десетици дотраени сателити им избегале од контрола на НАСА и паднале КОН земјата. Велам КОН земјата затоа што нема ни да стигне НА земјата онака целиот. Од НАСА претпоставуваат дека ќе се распадне на ситни парчиња додека да стигне до земјата и проценуваат дека ќе паднел некаде во Атлантикот. Така да нема опасност по луѓето. :rolleyes:
 

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
А ако дотрајал нели ќе беше посигурно да го насочат некаде во вселената а не баш на Земјата???Многу сомнително,има нешто...
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Па неможат да го насочат кон вселената, затоа што е во орбитата и треба многу гориво за било што и ништо нама да постигнат а и така има премногу ѓубре во земјината орбита, затоа најчесто се пуштаат на земјата и согоруваат во атмосферата. Инаку мала е веројатноста да погоди некое населено место, ама што знаеш ние и така сме по традиција баксузи...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
А бе не се секирајте, не е прв пат сателит да откаже и да падне. Досега десетици дотраени сателити им избегале од контрола на НАСА и паднале КОН земјата. Велам КОН земјата затоа што нема ни да стигне НА земјата онака целиот. Од НАСА претпоставуваат дека ќе се распадне на ситни парчиња додека да стигне до земјата и проценуваат дека ќе паднел некаде во Атлантикот. Така да нема опасност по луѓето. :rolleyes:
Точно повеќе од половината ќе се распадне на влез во земајата од топлина.
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
193
А ако дотрајал нели ќе беше посигурно да го насочат некаде во вселената а не баш на Земјата???Многу сомнително,има нешто...
Nemozat da go nasocat vo vselenata ili da predizvikaat kontrolirano paganje vo nekoj okean bidejki motorot mu se rasipal:isplashen:
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Море што е сигурно сигурное е, најдобро нека падне подалеку од мојот двор. :LOL::LOL:
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Белата куќа денеска соопшти дека претседателот Џорџ Буш наредил да биде соборен оштетениот американски шпионски сателит, пред неговото очекувано паѓање на Земјата кон средината на март.

Заменик-советникот за национална безбедност, Џејмс Џефрис, пред новинарите во Пентагон изјави дека Буш решил сателитот да биде пресретнат и соборен со ракета, лансирана од брод.

Џефрис таквата одлука ја образложи поради потенцијалната закана што ја претставува ракетното гориво на сателитот, но не појасни кога ќе биде извршена операцијата за уништување на леталото, со големина на комбе и тешко 2.240 килограми.

Потенцијална опасност претставуваат 454-те килограми отровен гас хидрозин, што ги има во сателитот.

Воените претставници се надеваат дека ќе го погодат сателитот непосредно пред тој да стигне во земјината атмосфера и ќе го наведат да падне во океанот.

Американски дипломат во ОН денеска предупреди дека оштетениот американски шпионски сателит треба да навлезе во земјината атмосфера на 6 март, доколку пропаднат напорите на Пентагон за негово уништување, соопштуваат светските агенции.

Кристина Рока, постојаниот американски претставник во Конференцијата за разоружување на ОН, изјави дека е невозможно да се каже каде сателитот ќе падне.

Таа меѓутоа изјави дека тоа може да се случи „во секоја точка од земјината површина што се наоѓа меѓу 58,5 степени северна и 58,5 степени јужна ширина“.

Секоја година повеќе илјади вселенски објекти паѓаат на Земјата, но најчесто во пусти области, така што досега немало жртви.

Извор: А1
 
  • Ја почнал/а темата
  • #23

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
AMD_fan ако се точни информациите за таа област е или Русија (северна хемисфера) и некаде во Тихиот океан (јужна хемисфера). Но да се надеваме дека нема да истече отровниот гас.
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
AMD_fan ако се точни информациите за таа област е или Русија (северна хемисфера) и некаде во Тихиот океан (јужна хемисфера). Но да се надеваме дека нема да истече отровниот гас.
Не верувам дека Американците ќе дозволат стелитот да падне кај Русите. Побрзо би се сомневал да го насочат кон арапските земји или поточно кон Иран. :rolleyes:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,594
Мислења
824,198
Членови
28,086
Најнов член
martinivs
На врв Дно