1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

AMD TR4 Threadripper - официјална тема

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од xenon, 13 oктомври 2017.

  1. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,517
    15 Јануари 2011
    Машко
    Како корисник на натурализирани десктоп варијанти на Intel Xeon, т.е. Х58, Х79, Х99 платформа, AMD со Ryzen не ме воодушеви премногу од повеќе причини, но TR4 - веќе е нешто, посебно со оглед на фактот дека по цена од 8 јадрен интел се наоѓа 16 јадрен AMD кој моментално гази се пред себе од аспект перформанси, цена/перформанси и цена. Се работи за Threadripper 1950Х кој кај нас се наоѓа за 64.900,00 ден. (Нексио, 2 недели достава) и плочи кои горе-доле се исто колку интеловите варијанти.

    [​IMG]

    Threadripper, користи нов TR4 сокет со 4094 контакти!

    [​IMG]

    [​IMG]

    Во суштина, 16 јадрениот Threadripper е ништо друго освен неколку Ryzen јадра на иста плочка. Во основа кај AMD ZEN архитектурата, се т.н. CCX модули кои содржат по 4 јадра што делат L3 кеш. Кај 8 јадрените 1800X на пример Ryzen процесори, има два CCX модула (2 х 4 = 8 јадра). Кај 16 јадрениот Threadripper, логиката диктира дека би требало да има 4 вакви модула, но праксата покажа дека се работи за дупло повеќе, односно за 8 (8 х 4 = 32 јадра!) од кои 4 се исклучени, односно дека Threadripper е ништо друго освен серверскиот EPYC чип со половина од јадрата исклучени.

    [​IMG]

    Колку за споредба, еве еден Ryzen 1700 како изгледа соголен:

    [​IMG]

    Ова отвара простор AMD за многу брзо да лансира 20 - 24 - 28 или 32 јадрена варијанта на Threadripper. Intel веќе почна панично да реагира со ревизија на својата "јадрена" политика па лансира 4 јадрени i3-ки, 6 јадрени i5-ки и 18 јадрени k варијанти од натурализираните серверски процесори за десктоп употреба во својата WS платформа (i9-7980xe на S2066 наследникот на 2011).

    За Threadripper нема потреба од премногу дискусија, моментално гази во програми каде е потребен паралелизам и постојат неопходните оптимизации.

    [​IMG]

    Овие бројки AMD без проблем може да ги дуплира доколку извади некастрирани јадра, односно 32 наместо 16 јадрени процесори. Друга позитивна работа е што AMD ветува дека TR4 ќе се задржи најмалку 4 години така да нема да има потреба од менување на сокетот, т.е. нови матични и слично за оние кои ќе се одлучат во оваа насока.

    Лично, не ми се допаѓа овој сегментиран дизајн односно лепенки од куп модули, не ми е некако рафиниран, но најверојатно тоа е така заради подобри yield-ови т.е. % на функционални јадра од еден силиконски вафер, заради тоа и цената е конкурентна, перформансите се на задоволително ниво и конечно АМД се врати на сцената.

    Оптимист сум во однос на брзината со која јадрата комуницираат меѓу себе (Infinity Fabric), која како ќе созреваат производствените процеси односно ќе имаме побрз рам со подобри латенции, така и ова ќе станува се помазно. И најдоброто од се, ја разбудија заспаната мечка (Интел), и после 14 години пауза се размрда сцената па можеби повторно ќе стане актуелно хардвер, клокање, оптимизации и сл. наместо да се дискутира за лајсни околу екрани на мобилен телефони..
     
    На gOJDO, Psycore, OldSchoolPvP и уште 21 други им се допаѓа ова.
  2. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,282
    12,332
    2 Август 2012
    Машко
  3. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,175
    2,869
    24 Септември 2012
    Дали ќе се извадат плочи со 2 Ryzen или 2 Thread-ripper e интересно да се види.

    1920** делува најпримамливо во однос на cache и кеш.
     
  4. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

  5. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,517
    15 Јануари 2011
    Машко
    5960Х возам во едната машина напукана со сваштарии во CM cosmos II, ама не е упалена некое време, другата е 6800К во Asrock X99 itx со 2х16GB samsung ddr4 ecc, во Thermaltake V1 со некоја ноктуа, си везе а зафаќа простор колку потпирач за нозе. Така да, ќе почекам нешто ептен пикантно да се појави односно 32 јадрен во најмала рака или дуал сокет со 2 х 32 јадрени. Периодов сум зафатен со мебели, гипс картони, камења, водовод, иверки, медијапани, стакла... /unsolicited vent.



     
    На shifty и FLEGMA им се допаѓа ова.
  6. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    @xenon нејќам да ти се мешам во приватен живот, ама зашто имаш 128 гига рам? хоби или потреба?
     
  7. Maurelie

    Maurelie
    Gaining Experience

    204
    231
    6 Април 2014
    Машко
    Најверојатно ова користи......
    Download More RAM!
     
    На Foldalot му/ѝ се допаѓа ова.
  8. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,517
    15 Јануари 2011
    Машко
    Не е едитирано, имав тогаш 8 х 16 на 2133 кои се заменети сега за 4 х 8гб во таа машина и нема графичка, чекам волта. Над 24гб не трошам.

     
  9. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

  10. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    513
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Ne, takvi ploci ni za Intel chipovi ne se pravat. Samo za Xeon i Epyc se pravat takvi maticni. Kako ova na primer
    Supermicro AMD EPYC™ Processor-based Solutions | Products - Super Micro Computer, Inc.
     
  11. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,312
    10,706
    23 Јануари 2008
    Манга
    ThreadRipper 2990WX vs Core i9-7980XE:
    [​IMG]
    [​IMG]

    ThreadRipper 2950X vs ThreadRipper 1950X:
    [​IMG]

    ThreadRipper 2950X vs Core i9-7900X:
    [​IMG]
     
    На dr.doom и esquimaux им се допаѓа ова.
  12. Maurelie

    Maurelie
    Gaining Experience

    204
    231
    6 Април 2014
    Машко
  13. Pane-G

    Pane-G
    Gaining Experience

    991
    457
    9 Мај 2012
    Машко
    Браво за АМД процесор и редно време е да урне Интел на тронот па макар и кратко време


    Sent from my iPad using Tapatalk
     

Сподели

Вчитување...