1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

AMD Radeon RX5950XT, 5120 SPs, 24GB HBM2e @2TB/s bandwidth

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од gOJDO, 25 Февруари 2020.

Дали AMD со RX5950XT ќе ја преземе круната од nVidia

  1. Да, спецификациите ветуваат многу

    41.4%
  2. Не, nVidia веќе има подготвено одговор со 2080Ti Super

    41.4%
  3. Ќе биде изедначена борбата со 2080Ti Super

    17.2%
  1. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,603
    13,850
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    AMD Radeon RX 'Big Navi' GPU Leaked - 5120 Cores & 24 GB Memory

    Да, RX5950XT би требало да биде конкурент на 2080Ti, или како што AMD шири муабети да биде побрза. Се работи за надградена Navi архитектура со двојно повеќе стрим процесори од моментално најмоќната мејнстрим изведба на Navi, т.е. RX5700 XT. Покрај тоа ќе биде штанцана на TSMC 7nm+ процес, што во превод значи повиски фрекфенции и/или пониска потрошувачка и греење.

    После многу години, ова е прва флегшип графичка каритчка на AMD која треба да е достојна да се такмичи со флегшипот на nVidia, a тоа како што се шпекулира ќе биде 2080Ti Super.

    Согласно шпекулациите, цената на RX5950XT треба да биде поприфатлива од цената на еден човечки бубрег, односно цената на 2080Ti. Под услов да има доволно залиха во светот треба да се продава за $999, а кај нас за нешто повеќе од 60K денари.

    Сепак ќе останам „рамнодушен“ се додека не се појават први бенчмарци кои не потекнуваат од AMD. Она што ме интересира особено е како ќе се понашаат две вакви картички врзани во CrossFire, бидејќи една секако не е доволна за гејминг на 4K резолуција.

    Што мислите вие? Дали RX5950XT ќе ја преземе круната од Nvidia или и ова ќе биде уште една голема тушница во серијалот на AMD ?
     
    На Pane-G, GGTT1, 1s3ct0wN и уште 11 други им се допаѓа ова.
  2. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,324
    1,779
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Ако е 24GB HBM2 ќе кошта колку еден бубрег само ради меморијата. Спецификациите се буквално 2х 5700ХТ што е супер за гејминг на 4К и нагоре но чим е 5ххх модел нема да има реј трејсинг. Мене повеќе ме интересира 5900-ката или како и ќе биде наречена ...
     
  3. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,463
    3,829
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    AMD ја запнаа оваа година со графички . Но од 5хх па се до 5ххх не гледам некои си енромни разлики...
    Не знам дали планираат да го преполнаат пазарот со експериментални графики или едноставно да понудаат избор .
     
  4. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,648
    1,906
    25 Март 2013
    Машко
    Исклучително интересен развој на настаните.Спецификациите се лудило. Работата е што оваа карта не треба да се споредува со 2080ti, туку со 3080ti (излегоа амбициозни шпекулации и за оваа карта).

    Борбата помеѓу двете флегшип карти НЕ мислам дека ќе биде само за сирова моќ.

    Пример- RX5950XT и да има и до 30% повеќе фрејмови out of the box, ако NVidia го доиспеглаат DLSS-от и ги остварат најавите дека рејтрејсинг ќе биде двојно подобар-Nvidia ке има чиста победа. Многу нови непознати се додадоа во равенката која порано беше чисто собирање и не може да се знае до последен момент.

    Во врска со рејтрејсинг, во пазарот над 350 евра според мене ниту АМД ниту Нвидиа нема повеќе да произведуваат графички кои ќе бидат без рејтрејсинг. Нема веќе логика
     
    На 1s3ct0wN и Rikimaru им се допаѓа ова.
  5. Weeaboo

    Weeaboo
    Intern

    63
    36
    23 Февруари 2020
    Машко
    Programming
    Спецификациите на лист изгледаат феноменално. Исто и за Xbox Series X е најавено дека ќе користи 20 % побрза графичка од 5700 XT базирана на RDNA 2.0 архитектурата со 12 TFLOPs. Тоа што ме мачи е што последната 5XXX серија е катастрофална во поглед на драјвери.
     
  6. StefAngel

    StefAngel
    Practice makes perfect

    1,706
    1,110
    28 ноември 2015
    Машко
    Што да мислиме ти прв ќе ја тестираш ќе кажеш :)
     
    На viktorce и gremlin им се допаѓа ова.
  7. Rikimaru

    Rikimaru
    On your way to fame

    786
    701
    26 Март 2016
    Даскал
    Ја тестираат со 2080ti ама работата е што треба да биде конкурент на 3080ti како што кажа @TATA_MATA. Ништо не значи да извадиш прв графичка нова во 2020 и по еден месец Нвидиа да те турни со 3080ti. Се додека АМД инвестира и во овој пазар како што треба, ќе добиеме само ние конзумерите. Редно е НВидиа да ги паднат цените. Монопол на high-end GPU држеа досега. Јас ете решен сум на лето да земам 3080, 3080ti ама АМД ако понудат нешто појако... Чекаме бенчмарци. Исто така прва итерација им е RayTracing-от во BigNavi па и тоа е важно како ќе се покаже. Нвидиа ќе вади испеглам RTX 2.0 и испеглан DLSS. Крајниот FPS бенчмарк се гледа со RTXOn независно архитектурата колку им е јака на хартија.

    @gremlin "...5ххх модел нема да има реј трејсинг" - Big Navi, т.е. овој модел за којшто се зборува, ќе има.

    П.С. Си велам една High-End ќе турка 4к оваа година. Ако 3080ти е силна колку шо се вели, DLSS-от ќе поможи за 4к да шиба на една карта.
     
    Последна промена: 25 Февруари 2020
    На gOJDO и TATA_MATA им се допаѓа ова.
  8. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,603
    13,850
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Согласно шпекулациите од AMD, во одреден наслов картата ќе биде побрза за 17% од 2080Ti. Тоа за мене значи дека во сите други наслови ќе биде помалку добра, што не исклучува да биде и полоша во добар број наслови. Историски гледано тие +17% во еден наслов би се свеле на 0% просек.
    Од друга страна согласно шпекулациите за спецификациите, 2080Ti Super треба да има за 6% повеќе стрим процесори, 9% повеќе видео меморија, како и нешто повисоки клокови. Поточно ќе има околу 15% повеќе мемориски проток и околу 10% повеќе пресметковна моќ. Според тоа очекувам 2080Ti Super да биде околу 10% побрза од 2080Ti, што сметам дека е доволно за nVidia да ја одбрани круната. Подоцна годинава очекувам 3080Ti да ја зациментира круната за до 2022 година.

    Во секој случај, 2020 ќе биде многу интересна година во GPU сегментот. Конечно ќе имаме малку конкуренција и намалување на цените.
     
    На GGTT1 и xenon им се допаѓа ова.
  9. Rikimaru

    Rikimaru
    On your way to fame

    786
    701
    26 Март 2016
    Даскал
    Ова е доста неконкретно. Не кажува кои технологии се уклучени исклучени. Дали RayTracing-от е уклучен во двата тестови и кај Нвидиа и кај Амд, бидејќи raytracing-от на едните ќе биде помалку оптимизиран. Понатаму, дали DLSS е уклучен кај НВИДИА или не (30 проценти повеќе перформанси не се воопшто малку со DLSS). Јас претпоставувам тестовите се правени со се OFF само чиста моќ на двете карти.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,324
    1,779
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Не верувам дека биг нави ќе има рејтрејсинг. Конзолите тоа ќе го прават со посебен чип (поправете ме ако грешам).
    Цените нема да паднат се дур не излезе Ампере од нвидиа т.е. 3ххх серијата. Додатно ако ако сите биг нави се HBM2 ќе имаме само за нијанса поевтина алтернатива бидејќи тој рам е скап и тоа доста по скап.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rikimaru

    Rikimaru
    On your way to fame

    786
    701
    26 Март 2016
    Даскал
    High-end Navi GPUs and ray tracing are coming to Radeon graphics cards, AMD CEO teases

    Цитат од Лиза Су (CEO на AMD): „You should expect that our discrete graphics as we go through 2020 will also have ray tracing.”
     
    На gremlin и gOJDO им се допаѓа ова.
  12. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,324
    1,779
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Цитатот е изваден од контекст, прочитај го целиот, како и да е ако испадне така супер ама по тоа колкава е 5700 и дека 5950 ќе треба истотака на ист 7 нано процес да се направи тешко дека ќе има простор за РТ јадра особено ако е вистина декa ќе има 80 CU ...
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  13. toplel

    toplel
    On your way to fame

    570
    615
    18 Август 2016
    Машко
    За мене, 2020та ќе беше интересна аку трет компетитор се вклучеше во десктоп GPU маркетот. Одамна чекам некој да ја разбиет дуополијава. Цениве - јабана.

    Околу 5950XT мислам дека ќе е тушка за гејминг (EDIT: За гејминг на високо ниво). Аку се точни спецификациите, мислам дека ќе грејт ненормално и мислам дека ќе трошит многу појќе отколку шо се предвидуват. Не верувам дека ќе е на ниво од следната генерација од Nvidia (3080ti). Ми се чинит ко "Vega all over again". Освен аку не ја продаваат по ~800€ и да бидит рамо до рамо со 2080ti. Ама HBM2e и ~800€ не ми одат во иста реченица, освен со негација ко шо би рекол ти. То ми е едниствена хардвер-желба во третава декада - да се вратат цените во „нормала“.
     
    Последна промена: 26 Февруари 2020
    На shifty и gOJDO им се допаѓа ова.
  14. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,603
    13,850
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    @topel

    Со тоа што има HBM по дифолт асоцира на Fury/Vega/Radeon VII, т.е. фантом картички за кои се верува дека постојат но никој не ги видел. И јас исто така се сомневам дека нема да биде многу распространета и дека ќе биде само уште едно тапшање на хартија колку да се каже дека ете и AMD имале фиљан производ. Се зависи од капацитетите за производство на HBM и неговата цена, како и од тоа до колку nVidia се спремни да ги намалат цените на RTX графичките картички.
     
    Последна промена: 26 Февруари 2020
    На toplel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,304
    711
    9 Мај 2012
    Машко
    Спецификација ме потсетува како кај HD 4970x2 и беше крал на сите графички така и ова како 2х 5700 и не ветувам дека е подобар и побрз од 2080ti super сепак рано е да давам мислење


    Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
     
  16. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,324
    1,779
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Тој моделот со HBM ќе биде баш таков фантом модел со ограничено производство слично како со Radeon VII, како што реков мене повеќе ме интересира дали ќе извадат 5950 или 5900 со GDDR6 тоа ќе биде топ модел цена/перформанси без разлика дали ќе има RTX или не.
     
  17. toplel

    toplel
    On your way to fame

    570
    615
    18 Август 2016
    Машко
    Potvrdeno e od Hynix deka specifikaciite se lazni i deka se rabotit za fabrikuvani/lazni podatoci/leaks. Tolku od hype-ot. :F

    P.S. 'La Teenitsa' poshto Xiaomi Mi4c.
     
    На gOJDO и gremlin им се допаѓа ова.
  18. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,603
    13,850
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Значи ќе биде обична HBM2, а не HBM2e меморија, не 24GB туку 16GB и проток од 1TB наместо 2TB.
     
    На toplel му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...