• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

AMD/Radeon - Генерална дискусија

dekomote

Practice makes perfect
11 ноември 2014
616
1,246
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 2700x + Noctua NH-D15
Motherboard
MSI B450 Tomahawk Max
Storage
Samsung NVME 970 Evo Plus 500, Various SSDs, Synology DS 411+II
PSU
EVGA Supernova G3 650W
RAM
2x8GB HyperX Fury RGB 3200 CL16
Video card
RTX 2060
Case
NZXT S340
Mouse
Razer Deathadder Elite
Keyboard
Tada68 w/ Noble Yellows, Tofu65 w/Zealios v2 62g
Audio
Presonus Eris 3.5, Sennheiser HD 205, JBL Tune600 BTC
Monitor
Dell U2719D
OS
KDE Neon
Никако да најдам прилика за да ти пишам во врска со ова. Иако на големо трубев да не се купуваат 20XX во последните 4-5 месеци, воопшто не мислам дека направи грешка што ја купи 2060 во јануари (ако добро се сеќавам). Таа класа графички од 350-400 евра ќе излезат во прво тромесечје од 2021, неизбежни проблеми/неиспеглани драјвери за early adopters, се поизвесно е дека производството нема да може да одговори на побарувачката (Сони драстично ги намали проекциите за PS5) со тоа и зголемени цени од MSRP, додека се се намести ќе помине година и кусур... период во кој ти си уживал во твојата графичка. Не треба да ти биде криво, секогаш ќе има нешто посјајно за 3-6 месеци
Оуф, уопште не ми е криво за графичкава! Ми беше апгрејд од GTX 970! И го видов аирот до сега, ја играв, ја работев... Дури да излезат мид рејнџери од 3000 ќе пројде уште пола година како е тргнато, а до тогаш сигурно ќе ме јаде пак бубата за апгрејд :). Ама ќе чекаме да видиме биг нави овој пат, ако не изненадат со цената за 3070 :) (да е до кај 500 еура)

Поголем проблем ми е тоа што нема што да играм на ПЦ веќе. Џабе ми е сиов хардвер. Најголем дел од игрите се мултиплееп/компетитивни, не се за мене. Нит имам веќе рефлекси, нит нерви, нит време за такви игри. PS сцената уште милува single player игрици со добри приказни за стари гејмери и годинава прв пат решив да се шалтам на PS ради тоа. Остана да чекам Cyberpunk и baldur's gate за ПЦ...
 
Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,786
2,423
Битола
@TATA_MATA молам ако може линк нешто да прочитам за себе за таква слична технологија. Уникатноста на DLSS е што е AI upscaler којшто го тренираат на 8к резолуција, па драјверот му дава упатства на графичката кон ШТО да цели кога ниската резолуција ја „пополнува паметно“ со информациите од 8к тренингот. Едино што знам АМД што имаат е RIS = Radeon Image Sharpening којшто е постопроцесинг филтер што може да се најде во голем број програми и 3rd party postprocessing убризгувачи како ReShade. Ако НАВИСТИНА АМД имаат нешто од типот на DLSS тоа ќе биде добро за нас, но се уште не сум прочитал да имаат баш таква AI паметна технологија којашто на најосновно ниво ја подобрува сликата.
 
TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,868
2,309

Сите веќе работат на некаков тип на dlss. Sony, Microsoft со DirectML, AMD со Radeon Image sharpening и Contrast Aware Sharpening се доближуваат до dlss, a најверојатно нареден месец ќе ја објават и своја комплетна верзија заедно со графичките.

Другата работа е и Dlss да биде убедливо најдобар, нема да има голем ќар ако е имплементиран на 3 игри, за разлика од да речеме Sampler feedback и Variable Rate Shading на Microsoft кои во комбинација можат да дадат подобар резултат од Dlss, а притоа ќе бидат имплементирани во речиси секоја игра. Поентата ми е не мораат да имаат иста AI технологија, само подобро и пошироко да ги имплементираат технологиите на Microsoft може да биде доволно. На крајот ние како купувачи ставаме на терезија хардверот, имплементацијата, цената и ќе одлучиме што е подобро. (Линкови нема, од телефон сум)
 
Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,786
2,423
Битола
@TATA_MATA Овде ќе треба да не се согласиме помеѓу DLSS и CAS и RAS на АМД.

DLSS и image sharpening технологиите се два фундаментално различни пристапи иако имаат иста цел: Доловување поостра слика.

DLSS ја користи моќта на tensor јадрата за да искористи огромен број AI пресметки со цел ниска резолуција да ја надогради и претвори во повисока целна резолуција. Замисли ја сликата како сложувалка на којашто и недостасуваат пола парчиња да речиме. DLSS преку AI пресметки ги пополнува тие парчиња што недостигаат и создава нова повисока резолуција којашто не е илузија.

Radeon/Contrast Image Sharpening, од друга страна, се постпроцесирачки филтри коишто воопшто и да не одземаат процесирачка моќ. Овие филтри не создаваат повисока резолуција како DLSS туку се аплицираат ОТКАКО ќе биде рендерирана сликата во дадена резолуција, наместо да учествуваат во процесот ПРЕД да се рендерира -- како што прави DLSS. Има повеќе алатки коишто вбризгуваат вакви филтри. Освен тие на АМД (RIS, CAS) би ги издвоил RESHADE и оние коишто се наоѓаат во GeForce Experience создадени од НВИДИА:

ReShade -- Ги препорачувам сите ReShade пост-процесинг филтри. Навистина знаат да разубават стари игри.

Во следново видео, Hardware Unboxed ги споредуваат сиве овие три Image Sharpening филтри (НВИДИА, АМД и RESHADE). Во дадени случаи е подобар еден наместо друг. Имај на ум видеото е правено пред да излези DLSS 2.0 што може да се каже дека е првата верзија што работи како што треба:

View: https://www.youtube.com/watch?v=_V-4Zn_3-Po&ab_channel=HardwareUnboxed

Додека DLSS е AI-поддржан процес којшто гради висока резолуција и така дава повеќе детали и почиста слика, RIS едноставно става маска над веќе изрендерирана слика за да ја заостри. Едното претвора да речиме 1080 во 4к, а другото задржува 1080 но ги заострува текстурите давајќи илузија дека резолуцијата е поголема. Во цел тој процес на претворање се разбира се губат детали. Може самиот да го восприемиш истото кога ќе отвориш слика во фотошоп и нанесиш sharpening filter и со слајдерот ќе гледаш до кој степен може да се заостри. Исто така и овие алатки имаат слајдер за степен на заостреност.

Инаку моментално DLSS е вклучен на ограничен број игри, но, развиваат DLSS 3.0 верзија која се очекува да работи во секоја игра којашто поддржува TAA според неколку ликови како Moore's Law is Dead:

"According to Moore’s Law Is Dead, NVIDIA’s DLSS 3.0 will work with any game that uses TAA. That’s right – any game that supports temporal anti-aliasing should be able to leverage deep learning super sampling right from the get-go, or shortly after launch. The only caveat (if you can even call it that) is that a special Game Ready Driver will be required before DLSS 3.0 can be enabled."
 
Последна промена:

The_Witch_Hunter

Practice makes perfect
23 мај 2012
818
1,723
Одма после презентацијата на Turing јас реков дека тоа што ми остави најголем впечаток е DLSS, а не RT. Со DLSS, мидрејнџ карта како 2060 може да тера ААА игри на 4к резолуција и 4к квалитет, а 1080p перформанси.

Ако сака да биде конкурентен AMD, мора да создаде слична технологија. Intel веќе работи на тоа, меѓутоа моментално нивната имплементација не е применлива во real-time затоа што и треба 18 to 20 ms да реконструира 1080p слика, додека Nvidia благодарение на дедицираните tensor cores реконструира 4к слика испод 2 ms.

Intel and UCSC showcase DLSS-like AI upscaling technique
 
TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,868
2,309
@TATA_MATA Овде ќе треба да не се согласиме помеѓу DLSS и CAS и RAS на АМД.

DLSS и image sharpening технологиите се два фундаментално различни пристапи иако имаат иста цел: Доловување поостра слика.

Dја користи моќта на tensor јадрата за да искористи огромен број AI пресметки со цел ниска резолуција да ја надогради и претвори во повисока целна резолуција. Замисли ја сликата како сложувалка на којашто и недостасуваат пола парчиња да речиме. DLSS преку AI пресметки ги пополнува тие парчиња што недостигаат и создава нова повисока резолуција којашто не е илузија.

Radeon/Contrast Image Sharpening, од друга страна, се постпроцесирачки филтри коишто воопшто и да не одземаат процесирачка моќ. Овие филтри не создаваат повисока резолуција како DLSS туку се аплицираат ОТКАКО ќе биде рендерирана сликата во дадена резолуција, наместо да учествуваат во процесот ПРЕД да се рендерира -- како што прави DLSS. Има повеќе алатки коишто вбризгуваат вакви филтри. Освен тие на АМД (RIS, CAS) би ги издвоил RESHADE и оние коишто се наоѓаат во GeForce Experience создадени од НВИДИА:

ReShade -- Ги препорачувам сите ReShade пост-процесинг филтри. Навистина знаат да разубават стари игри.

Во следново видео, Hardware Unboxed ги споредуваат сиве овие три Image Sharpening филтри (НВИДИА, АМД и RESHADE). Во дадени случаи е подобар еден наместо друг. Имај на ум видеото е правено пред да излези DLSS 2.0 што може да се каже дека е првата верзија што работи како што треба:

View: https://www.youtube.com/watch?v=_V-4Zn_3-Po&ab_channel=HardwareUnboxed

Додека DLSS е AI-поддржан процес којшто гради висока резолуција и така дава повеќе детали и почиста слика, RIS едноставно става маска над веќе изрендерирана слика за да ја заостри. Едното претвора да речиме 1080 во 4к, а другото задржува 1080 но ги заострува текстурите давајќи илузија дека резолуцијата е поголема. Во цел тој процес на претворање се разбира се губат детали. Може самиот да го восприемиш истото кога ќе отвориш слика во фотошоп и нанесиш sharpening filter и со слајдерот ќе гледаш до кој степен може да се заостри. Исто така и овие алатки имаат слајдер за степен на заостреност.

Инаку моментално DLSS е вклучен на ограничен број игри, но, развиваат DLSS 3.0 верзија која се очекува да работи во секоја игра којашто поддржува TAA според неколку ликови како Moore's Law is Dead:

"According to Moore’s Law Is Dead, NVIDIA’s DLSS 3.0 will work with any game that uses TAA. That’s right – any game that supports temporal anti-aliasing should be able to leverage deep learning super sampling right from the get-go, or shortly after launch. The only caveat (if you can even call it that) is that a special Game Ready Driver will be required before DLSS 3.0 can be enabled."
Во право си, сфаќам дека потсвесно сакам да верувам дека АMD има комплетен одговор за DLSS иако реално сеуште нема ништо официјално. Сепак стојам зад останатото што го кажав.

Доколку DLSS 2-3 навистина го има во секоја игра тоа ќе биде фантастично, но кога ќе земам предвид дека ниту еден leaker (ниту videocardz, ниту moore's law is dead, ниту coretex...) немаа ни приближно прецизни информации за перформансите на 3000 серијата, да не речам комплетно ја утнаа работата, сето тоа ми е малку сомнително.
 
Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,786
2,423
Битола
Дотогаш, секој може да го искористи RIS филтерот без разлика каква карта има бидејќи е експортиран во RESHADE. Но, само човек со rtx карта може да добие навистина повисока резолуција што дава различни и далеку подобри резултати без performance penalty.
Во право си, сфаќам дека потсвесно сакам да верувам дека АMD има комплетен одговор за DLSS иако реално сеуште нема ништо официјално. Сепак стојам зад останатото што го кажав.

Доколку DLSS 2-3 навистина го има во секоја игра тоа ќе биде фантастично, но кога ќе земам предвид дека ниту еден leaker (ниту videocardz, ниту moore's law is dead, ниту coretex...) немаа ни приближно прецизни информации за перформансите на 3000 серијата, да не речам комплетно ја утнаа работата, сето тоа ми е малку сомнително.
Испратено од OnePlus 5T преку IT.mk форум апликација
 
Nikola100

Intern
30 септември 2019
48
26
Оуф, уопште не ми е криво за графичкава! Ми беше апгрејд од GTX 970! И го видов аирот до сега, ја играв, ја работев... Дури да излезат мид рејнџери од 3000 ќе пројде уште пола година како е тргнато, а до тогаш сигурно ќе ме јаде пак бубата за апгрејд :). Ама ќе чекаме да видиме биг нави овој пат, ако не изненадат со цената за 3070 :) (да е до кај 500 еура)

Поголем проблем ми е тоа што нема што да играм на ПЦ веќе. Џабе ми е сиов хардвер. Најголем дел од игрите се мултиплееп/компетитивни, не се за мене. Нит имам веќе рефлекси, нит нерви, нит време за такви игри. PS сцената уште милува single player игрици со добри приказни за стари гејмери и годинава прв пат решив да се шалтам на PS ради тоа. Остана да чекам Cyberpunk и baldur's gate за ПЦ...
Spoken like a true old-school gamer! :)
 
TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,868
2,309
Гласина за Big Navi: 2.4Ghz, 16Gb Ram, 250w, уште ако и добра цена и залепат... може да биде Zen, all over again. Не верувам дека е нагаѓање, ама за 10 дена ќе знаеме за сигурно.

@Rikimaru мислам дека ќе сакаш да почекаш со 3080-ката :)
 
Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,786
2,423
Битола
Гласина за Big Navi: 2.4Ghz, 16Gb Ram, 250w, уште ако и добра цена и залепат... може да биде Zen, all over again. Не верувам дека е нагаѓање, ама за 10 дена ќе знаеме за сигурно.

@Rikimaru мислам дека ќе сакаш да почекаш со 3080-ката :)
За брзина на клок, количина на ВРАМ и дека сирови перформанси ќе вади повеќе од 3080 не се сомневам. Но, единствена кочница ми е дека немаат DLSS вид на технологија којашто е "The Great Leveler". Технологија што ти овозможува хардвер што може да тера 1080 да вади слика со 4к квалитет е најголемиот breakthrough во последните 20 години. Future-Proofing му дава голем на НВИДИА графичките баш сега кога во следните 3 месеци се очекуваат 30тина игри со DLSS да излезат. Ништо друго од НВИДИА не ме занима освен тоа. Додека купам Ampere ќе се знае повеќе за Big Navi што нуди како нуди, па ќе направам нова пресметка за Pros and Cons, ама не очекувам да извадат нешто слично. Времето ќе каже.

ЕДИТ: Исто така, првата имплементација на RTRT технологијата треба да видиме како ќе се покажи. Цела гејминг индустрија замина натаму веќе (NVIDIA и двете конзоли), па треба да се види АМД дали ќе настапат со добро оптимизирана RT технологија. Уште една многу важна кочница. Очекувам да ја играм CP2077 барем две години и одма ја земам, а CDPR се компанија која интимно соработува и ги оптимизира своите игри за NVIDIA. На секој трејлер, гејмплеј итн пишува RTX ON/DLSS ON. Треба да се види бенчмарци од Радеонката во таа игра наспроти Ampere.
 
Ти ја разбирам поентата и што и да избереш нема да згрешиш. Многу работи висат во воздух и никој не знае како ќе се развива индустријата.
Нвидиа години наназад дава дава да речеме 30% перформанси од генерација на генерација, дали навистина мислиш дека на постоечките 30% перформанси ќе додаваат по 200,300,400% перформанси гратис (DLSS upscaling од 1080 во 4к) од генерација во генерација на старите графички како што DLSS ќе се развива? Тоа би значело дека ако денес купиш графичка со подршка за DLSS во годините што доаѓаат нема да имаш потреба од графичка во наредните 10 години? Nvidia e, сакаат да ги менуваш графичките на 3 години.

Можно е да имаат 30 игри со DLSS наскоро, ама и пред две години објавија 20 студија кои ќе го имплементирааат Raytracing, DLSS, ама денес сеуште имаме само 7-8 игри кај кои е имплементирано. Кај RDNA 2 од друга страна какви и иновации да имаат, колку и да се полоши од на Nvidia ќе бидат масовно имплементирани/оптимизирани/исцедени во секоја игра заради конзолите.

Сепак да се стрпиме уште некое време. Gamers Nexus и Digital foundry се одлично спремни за да ги истестираат и споредат технологиите и од аспект на перформанси и од визуелен аспект па тогаш ќе видиме што и како.
 
Последна промена:

The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
932
364
10690e7.png

Цитат изваден од Reddit:

TLDR:

* The AMD 6800XT performs **at** or **better** than RTX 3080 while price is around that of a RTX 3070.
* These performance gains considerably drop when raytracing is enabled.

If this is to be believed, then, combined with the rumoured *serious* power improvements with AMD in Zen 3 based CPUs, a full team red PC is **very** likely.

Wow. I haven't been able to say anything like that for nearly a decade now.
 
TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,868
2,309
Ке ги тестираме и тие за копање што му се секирате ;)
Пане не ги бивало картиве ич за копање. Катастрофа невидена! Повеќе трошеле струја, отколку што копале. За саат време можело едвај за 5 денари да се ископа и тоа на ефтина струја, до максимум 10 денари ако им инсталираш плин. Една карта можела да зае*е цел риг. Не се будалете, овие карти се само за гејмери
 
Sludge.Factory

Practice makes perfect
7 февруари 2014
903
1,322
Gostivar
Sludge.Factory's setup  
Processor & Cooler
Amd Ryzen 3600
Motherboard
Asus B450 Prime
Storage
WD Blue 1tb + SSD 240 GB
PSU
CM Masterwatt 750
RAM
16 Gb Gskill Sniper X 3600 mhz
Video card
2x Xfx RX 580 8Gb Crossfire X
Case
Nzxt h500i
Mouse
Steelseries Rival 100 Dota 2
Keyboard
Natec Thor 300 TKL
Monitor
Benq Zowie 24"
OS
Windows 10
Пане не ги бивало картиве ич за копање. Катастрофа невидена! Повеќе трошеле струја, отколку што копале. За саат време можело едвај за 5 денари да се ископа и тоа на ефтина струја, до максимум 10 денари ако им инсталираш плин. Една карта можела да зае*е цел риг. Не се будалете, овие карти се само за гејмери
По бројкиве неофицијални за меморијата на картава не е нешто УАУ за копање. Но (и тоа големо НО) ако успеат да извадат мајнер што ќе го искористи амд инфинити кеш од картата, тогаш ќе бидат зверови за копање. Плус 6700хт и 6700 излегуваат тек после Јануари
 
TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,868
2,309
По бројкиве неофицијални за меморијата на картава не е нешто УАУ за копање. Но (и тоа големо НО) ако успеат да извадат мајнер што ќе го искористи амд инфинити кеш од картата, тогаш ќе бидат зверови за копање. Плус 6700хт и 6700 излегуваат тек после Јануари
Ти за којотот навиваш а :)?
 
gremlin

Unstoppable
18 октомври 2009
2,648
2,164
Скопје
gremlin's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 10750H
Motherboard
Intel HM470
Storage
ADATA 8200 Pro 512GB
PSU
230W
RAM
16GB DDR4 Hynix 3200Mhz
Video card
Geforce RTX 2060 6GB
Case
ASUS G712LV
Mouse
SteelSeries Sensei
Keyboard
Gigabyte Force 7
Audio
Realtek :D
Monitor
17" BOE 120Hz TN
OS
Windows 10 Pro 64Bit
Само ми поткопа уште толку љубопитноста :D
Веројатно одговорот е дека не ги бива, чим спремаат Нави 10-ка за копање ...

Pane24

Unbeatable
31 октомври 2012
4,846
4,222
Ethermine
www.facebook.com
Веројатно одговорот е дека не ги бива, чим спремаат Нави 10-ка за копање ...

Имаше и 580ки , 570 ки , 470ки што не беа мајнинг едишн али пак извадоа 470,570ки мајнинг едишн и без видео излези и осакатени. И на крај сите среќно и исто си копаа.
 
Ivicakmk

Gaining Experience
20 јуни 2008
124
62
Ivicakmk's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3600X
Motherboard
MSI MAG X570 TOMAHAWK WIFI
Storage
Samsung 970 EVO 500GB + WD Red 2 TB
PSU
Gigabyte P750GM 750W
RAM
2x16 GB Kingston HyperX Fury DDR4 3600 MHz CL17
Video card
Gigabyte GTX970 Windforce
Case
Sharkoon TG6
Mouse
Logitech G502 Proteus Spectrum
Keyboard
Gigabyte Aivia Osmium
Audio
Corsair Gaming H2100 Wireless Dolby® 7.1 Gaming Headset
Monitor
BenQ BL3201PT
OS
Winows 10 Pro

toshex

Unbeatable
18 септември 2013
4,830
5,218
Мелмак
Значи 650 долари за 6800ХТ наспроти 700 за nVidia 3080. Со тоа шо ако не ги скалпаат (има залиха) ќе бидат уште поевтини. Интересно. Не е импресивно, ама интересно - competitive.

6900ХТ се јаде со 3090 во растер перформанси :eek:
Очекував да е добро ама не очекував волку!!!

1603902538144.png

Според тоа што го рекламираат 300W карта е ова. 3090 е 400W+ карта и многу помасовна! DUDE! Дали?

1000 долари ама... солено. Дури и MSRP 50% помало од 3090 пак е скапо мамицата.

Ептен паметно ги наместиле цените. Поевтини но не до толку за да бидат БАШ ЕВТИНИ.

Со други зборови супер са луѓе со пари кои сакаат најдоброто, али ја би си чекал да излезат мидрејнџ картите од двата табора ако воопшто правам апгрејд наскоро хахах.

Во секој случај добро е шо има конкуренција, и ако нВидиа не извади залиха за да им се нормализираат цените, а овие ако имаат залиха и бидат тие цените - ќе жнеат. Буквално ќе жнеат.

LINUS is hyped:
View: https://www.youtube.com/watch?v=0xUioPsLRKA

Steve is as always, Steve:
View: https://www.youtube.com/watch?v=haAPtu06eYI
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,578
Мислења
821,124
Членови
28,240
Најнов член
kadi babe
На врв Дно