1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

AMD е мртов

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од xenon, 29 Декември 2015.

  1. xenon

    xenon
    Guru

    3,791
    9,444
    15 Јануари 2011
    Машко
    Со Скајлејк архитектурата (најновите 6*** процесори) и нивните смешно високи цени, Интел конечно покажува дека нема никаков страв од било каква конкурентност од АМД во поглед процесори.

    За оние што не знаат, од една пита (силиконски вафер) која сега е на 14 нанометри, се вадат дупло повеќе процесори во однос на претходниот 22nm принт. Т.е. во превод, Интел овие процесори го чинат дупло поефтино од фабрика, а се продаваат по 50% повисоки цени, што пак во превод значи, цените на процесорите се зголемени за 100% (дупло!)

    Иако АМД е мртов процесорски гледано уште со појавата на Core Duo архитектурата, која условно речено е доведена до перфекција со последните генерации, Интел не покажа заби се до оваа генерација. Цените беа, условно гледано конкурентни. Постарите членови сигурно се сеќаваат што значеше името Интел во 90тите во однос ценовниот премиум кој се плаќаше за да се поседува Интелов чип.

    Да беше Интел фер (сулуд концепт знам) .. ќе извадеше 6 јадрена верзија за цената по која се нуди 6700к или како и да се вика најбрзиот играчка скајлејк за мали деца кои не ја сваќаат Х99 платформата па мислат играчкиве се некои мини формули (*за цената од еден 6700к имам купено 16 јадрен хеон кој на Cinebench r15 вади 2000 резултат каде 6700к вади околу 900!, смешки, апропо играчка за деца)

    Но заради процесори како 5820К, кои се нудат за 400Е, односно 100Е поефтино од играчката 6700к, човек не може да му се налути на Интел така лесно, барем не сеуште.

    А АМД, сеуште не ми е јасно зошто некоја Кинеска фирма не ги купи, или штознам, семкар некој, за 10 години ќе најдеа некое дете од свирипичино со 2 грама акл што ќе измислеше барем конкурентна архитектура. За фабрики и онака немаат, ќе им го отштампаа во некое село и ќе беше подобро од глупостите што ги вадат од 2005та навака..
     
    На kamenko, ivan88, Astro и уште 10 други им се допаѓа ова.
  2. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,124
    1,265
    25 ноември 2014
    Чек, нели АМД направи договор самсунг да им ги произведува процесорите? А они имаат технологија за 14нм архитектура. Не е мала работа тоа според мене.
     
  3. AleksandarCaki

    AleksandarCaki
    Practice makes perfect

    599
    1,429
    19 Јуни 2015
    Машко
    Архитект
    Апропо цената на 6700к кај нас (31к во анхоч), од завчера во сет се појави со цена од 26.000, некои 25 долари поскапо него од странство да се земе.
     
  4. AleksandarCaki

    AleksandarCaki
    Practice makes perfect

    599
    1,429
    19 Јуни 2015
    Машко
    Архитект
    Се извинувам, 25.000.
     
  5. filipkir

    filipkir
    Practice makes perfect

    1,066
    1,375
    17 Јуни 2009
    Машко
    И со оваа цена сепак 4790К е сеуште подобра инвестиција од 6700К.
     
  6. AleksandarCaki

    AleksandarCaki
    Practice makes perfect

    599
    1,429
    19 Јуни 2015
    Машко
    Архитект
    На ново 4790к, во ниеден случај не е подобра инвестиција, на старо да, со оглед на тоа што во моментов, 4790к е 12% поефтин него 6700к. Е сега да не праиме муабет за сите други придобивки на новата з170 платформа.
    6700к е 13% побрз, на иста фрекфенција, на ист сетап, во сите наслови сем Вичер 3.


    View: https://www.youtube.com/watch?v=4sx1kLGVAF0
     
  7. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,695
    14,323
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Дека нема страв одамна има покажано, т.е. кога ретардирано продолжи со Penitium 4 прогамата иако на сите им беше јасно дека ништо не бива од Netburst. Сега само во континуитет покажува дека нема никаква конкуренција. Имено, го ебаа концептот на tick-tock така што остана само tick. На пример Broadwell никогаш не изелез. Притоа разликите во надградби и перформанси од tick до tick ги минимизираа на ниво на разлики меѓу tick и tock, ако не и подоле. На пример Skylake vs Haswell е апгрејд колку што е Ivy Bridge vs Sandy Bridge.

    Ова не е точно!
    Не е иста цената на 14nm и 22nm ваферите, ниту пак е иста цената на чинење на самата литографија! Ваферите со помало меѓутранзисторско растојание статистички се поскапи, т.е. доклку се работи за вафер со исти или подобри перформанси, секогаш е поскап. Истото важи и за чинењето на литографијата, при што кога се работи за најнов процес кој е во фаза на оптимизација, секогаш има дополнителни трошоци во однос на веќе етаблираните процеси.

    14nm вафер нуди 2.47 пати поголема површина за штампање од 22nm вафер со ист пречник. Сепак, колку и какви функционални чипови ќе се добијат зависи од квалитетот и оптимизираноста на самиот процес, квалитетот на ваферите и поставените критериуми, т.е. минимални побарувања за одреден модел при бининг.

    Core Duo беше на ниво на Athlon64, но не доволно распространет за да има некако импакт. Практично беше само наговесник на Core2, која ја промени судбината на дветре компании. Intel ценованта политика ја промени со Core 2, така што Core 2 процесор со 30% подобри перофманси и двојно поголема енергетска ефикасност се продаваше за третина од цената од отпадот Pentium Extreme Edition кој го продаваа до излегување на Core 2. Практично од тогаш ценовната политика на Intel е многу пријателска, па благодарение на тоа добивме и ефтини AMD процесори како во дамнишните времиња од 90-тите.

    И не само тоа, туку ќе имаше и L4 кеш кој го демонстрираа кај Broadwell и кој понуди драматични подобрувања во перформанси во широк спектар апликации и игри, па така 6700K наместо бедни 5% ќе беше над 20% побрз во однос на Haswell со ист број на јадра и иста фрекфенција.

    6700K требаше да биде ентузијастички чип, така да хардверската заедница и те како имаат право да пљукаат по некоректноста на Intel.

    Имаше разни шпекулации меѓу кои и дека ќе ги купат Qualcomm што мене ми изгледаше нај-реално сценарио со големи надежи да стане успешна приказна. AMD во моментов, како и секој пат во изиминативе 10 години ветува многу со наредната генерација Zen. Статистиката вели дека не треба да им се верува, но јас верувам дека Zen ќе ги врати малку во игра. Практично со Bulldozer лајната, AMD ја повтори катастрофалната грешка на Intel. Но разликата е тоа што Intel имаше акомулирано премногу ресурси за да може да си го дозволи Netburst како експеримент, додека AMD отиде на се или ништо...
    Јас реално геладм шанса кај AMD да извади конкурентен процесор и тоа, најпрво на нов процес кој ќе им овозможи фрекфенции и ефикасност. Но круцијален е редизајнот на архитектурата каде комплетно ќе го напуштат сегашниот концепт. Притоа враќањето на Phenom II, кој ќе биде проширен од 3 issue во 4+ issue, додавање на повеќе егзекутирачки единици, промена на концептот кон SMT, додавање на нов L4 кеш кој практично ќе биде HBM2, имплементирање на интерфејс кој ќе овозможи асихроно извршување на FP инструкции на стрим процесорите од GPU-то и друго. Сите овие работи AMD веќе ги има имплементирано во различни производи на одреден начин и до одредено ниво. Мислам дека ќе направат пепел кога сите тие работи би ги сублимирале во еден производ од кој понатаму ќе се вадат деривати за mobile, desktop и server.
     
    На kamenko, Tode94, Astro и уште 10 други им се допаѓа ова.
  8. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,469
    7,456
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Како е мртов кога штанца процесори за пс4 и хбоне
     
    kamenko, Sukhoi, Вајкинг и на уште 1 им се допаѓа ова.
  9. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,124
    1,265
    25 ноември 2014
    И за скоро секоја друга конзола.
     
    На Sukhoi и Војвода им се допаѓа ова.
  10. tomi

    tomi
    Guru

    9,827
    9,078
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Мое мислење е дека амд како и што кажаа пред 1-2 години во официјално соопштеие, рекоа дека на одреден период ке се тргнат од трката со интел односно дека ке се тргнат да се натпреваруваат со интел, пошто најверојатно не се во можност техоношки и еконосмки да се подготват.

    Друго според мене мислам дека амд повеќе оди да се вградува во конзоли, можеби поголем бенефит имаат на тоа поле, помалце замарање повеќе пари.

    Друго, мислам дека Амд како фирма има умешано прсти со биткоинот, така што 2013 и 2014 направија ненормален ќар од продавање на графички картици за копање, во 1 квартал продаваа како за 1 година или 4 квартали годишно, може тука го направија и најголемиот хетрик во индустријата.

    Како и да е не верувам дека во блиска иднина амд ке ги видиме пак на пиедесталот, или собираат финансии и ке искочат со некој јак проект, или ке мора некој да ги купи за да ја смени политиката на работа, но како и да е не знаеме каква им е финансиската состојба, незнам дали може да се провери негде како работат во минативе година две дали со загуба или добивка.
     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nikola Sone

    Nikola Sone
    Practice makes perfect

    1,235
    1,347
    31 Јануари 2014
    Машко
    Нема зашто да не бидат достапни тие информации, баш напротив обврзани се компаниите да прават јавни соопштенија за финансиското работење за инвеститори, акционери итн
    Пример на nasdaq и слични имаат детални бројки или ананд редовно објавува кратки анализи
    интел Q3 2015
    AMD Q3 2015

    tl;dr работат со огромни загуби, отпуштаат голем дел вработени итн што се вика кубурат веќе долго време. Ко што знам моментално зависат од „донации“ на инвеститорите, у принцип огромен дел од приходите им е префрлен за Зен и сите чекаат да се деси чудо. Значи нема пари за нови технологии шо ти знам ко интел што им е се испланирано икспоинт и сл чуда туку ол-ин е работава. Зен или брич, пошто каков и да е обртот со другите сегменти конзоли и сл. АМД како целина зависи од целокупниот систем, истражување и развој и иновации пред се, пошто така се придобиваат инвеститори, пример во серверскиот маркет кој што мислам дека е најголем и најбитен и за интел и за амд.
    Ако продужат така ко што тргнале можно е и да продадат топтан некој сегмент наскоро, ама дека лесно ќе умрат тоа не е баш така. Јас лично многу очекувам од Зен и 2016/17 воопшто, ама па кој сум ја, АМД веќе треба да знаат дали го бива или не и ваљда останува да видиме како ќе изиграат на пазарот, со цени и сл.
     
    На pepo123 и tomi им се допаѓа ова.
  12. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,465
    2,678
    9 Февруари 2011
    По се изгледа процесоров е популарен и познат, па препорачаната цена од 350 долари се качила од голема побарувачка:


    Price Check: Intel's Core i7-6700K CPU In Short Supply

    by Anton Shilov on December 30, 2015 8:00 AM EST


    Demand for Intel’s Skylake CPUs has been very high since the introduction of the company’s latest processors in August. Even though the manufacturer has ramped up the supply of its Skylake CPUs since its launch, not all users can get these new CPUs. In fact, demand for higher-end Core i5-6600K and Core i7-6700K is so high that retailers recently increased prices of such chips. As a result, the quad-core top-of-the-range Skylake-S microprocessor is now more expensive than even the previous-generation six-core Haswell-E series.

    Officially, the recommended customer price of one boxed Intel Core i7-6700K processor (four cores with Hyper-Threading, 4.0GHz/4.20GHz, 8MB cache, Intel HD Graphics 530 core, unlocked multiplier) is $350, according to Intel’s ARK. The recommended price of the Core i5-6600K chip (four cores, 3.50GHz/3.90GHz, 6MB cache, Intel HD Graphics 530 core, unlocked multiplier) is $243. However, at the moment it is not easy to buy thеse CPUs without overpaying...
     
  13. xenon

    xenon
    Guru

    3,791
    9,444
    15 Јануари 2011
    Машко
    Лажна вест, мора порталот леб да јаде. Нов газда има, нови Кардашијан политики.

    А и да е точно, луѓето се испрограмирани да купуваат, купуваат и купуваат. Затоа и за мобилни никој не вика: чекај еј, за 800-900Е се купува цел компјутер или кола а не играчка што вреди 50-100Е и се препродава за 900!

    Да живееш значи да купуваш. Креирање искуства преку ангажман, споделување на истите, вистинска комуникација и социјализација, итн. се отиде во втор или 16-ти план. Луѓе во градови се што прават е чекаат филм да дојде или да купат нешто - по можност лејтест енд грејтест како да тоа ќе им отвори нови врати и перспективи, животите им се празни без овој вештачки креиран нагон од маркетиншката индустрија.

    Отцепени од природата, конзумираат храна одгледувана од роботи на база на принтана ДНА и збиберена со 2000 видови додатоци, емулгатори, пестициди итн. Во вукојебини како нашата тоа е уште повеќе нагласено. Клубови, секции, и сл. тематски насочени социјални аспекти веќе не постојат, дремат дрватори играат на фејсбук, гледаат да подјебат нешто на најблискиот паркинг и да драпаат тасе по кладилници потоа.

    Се продавал скајлек...се продавала северина и кардашијан...ифекалија да измисли епл како јорганче ќе се троши со вакво офца племе од безумници. Зомби апокалипса не за џабе е популарна тематика во Џусенејдс.

    /endrant.
     
    На NERD., boro1, gokica и уште 8 други им се допаѓа ова.
  14. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,465
    2,678
    9 Февруари 2011
    Пер, абе многу си нафуран, де релакс, нова година е :)

    Најверојатно е фејк веста, т.е. не фејк, туку интел напраил намерни мали количини да им скокне цена или па само глумат дека толку ги продаваат, а имаат начин како да ја качат цената без никој да ги открие дека заобиколуваат MSRP.

    Али батали ајде, факат е дека во светов више неколку години наназад се дешава некое масовно лудило и дека нема да може вака да се тера кон бескрај... кон потрошачи со содома и гомора стајл се фура општествово.

    Мислам да не ме сватиш погрешно, не дека зборам против твоите ставови, чак што више и ја сум во таа струја, али еј, нова година е, дај да си купиме нешто a? ;)

    п.с. по се изгледа војните за тоа се дешаваат, да се смири малце лудилото кое од време на време го зафаќа народов.
     
    На Вајкинг и xenon им се допаѓа ова.
  15. Jokerski

    Jokerski
    On your way to fame

    814
    731
    28 oктомври 2010
    Машко
    Прашоци, бели пецива и др. средства за бистрење
  16. ileste

    ileste
    Gaining Experience

    1,241
    304
    26 Јануари 2012
    AMD so Zen niso nema da napraj i da recime deka ke uspeat da podobrat 40% IPC, nema so toa ni do Sandy da mu se doblizat a ne na Skylake :D Smeski se 40% plus IPC a do Haswell se zaostanati 100 i kusur %. AMD osudeni se da napravat monstruozen chip povtorno ke mu treba edna elektrana i na nekoja frekvencija ludilo, problemot e sega sto i Skylake i Haswell od fabriak so turbo rabotat na 4.4 GHz, ke ne moze AMD ni so plus GHz da se izvade. I kolku jadra ke mu trebaat na AMD 16 za da pobedi 6 jadren chip od Intel. Ako ne napravat pred Intel 10 nm proces umreni se vo ovaj segment.
     
  17. Nikola Sone

    Nikola Sone
    Practice makes perfect

    1,235
    1,347
    31 Јануари 2014
    Машко
    абе 8 јадрен зен со сенди ipc, турбо над 4ghz и за добар бин над 4.4 цена до 400$ толку им треба... многу математика е во игра, барем кај мене у глава, амд е мртов али ова му е задња шанса да размрда малце, не е интересно иначе.. скајлејк хасвел ефикасност никако шанси ама ако извади амд добри цени на повеќејадрени процесори мислам дека ќе наидат на добар прием. само јадро, какви инегрирани глупости ништо ни кулер ни паковка нека симнат на цена со сила у старт и ќе има луѓе кои и од инат ќе ги купуваат, рефус :) а не овие осум јадра биле демек врвот 1000$ мин за тоа
     
  18. ileste

    ileste
    Gaining Experience

    1,241
    304
    26 Јануари 2012
    E toa nema da se desi ke bide 30% ipc nazad od sendi, ako se razbira gi ispolant tie 40% podobruvajne
     
    На Nikola Sone му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nikola Sone

    Nikola Sone
    Practice makes perfect

    1,235
    1,347
    31 Јануари 2014
    Машко
    :(
     
  20. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,695
    14,323
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Малку претеруваш околу разликите во IPC помеѓу Sandy Bridge и Vishera...
    http://www.techpowerup.com/forums/t...vs-bulldozer-vs-piledriver-benchmarks.177251/
    Во просек, Sandy на x79 платофрма со 10MB L3 и 4 канален мемориски контролер е околу 15% побрз во просек. 40% подобрувања clock for clock би го донеле на ниво на haswell. А 6 или 8 такви јадра и те како ќе бидат интересни и актуелни, а особено за некоја прифатлива сума на пари....
     
    На Nikola Sone и Sukhoi им се допаѓа ова.
  21. gokica

    gokica
    Модератор

    8,552
    10,654
    13 Јуни 2009
    Мислам дека АМД мора да остане во игра со процесорите заради антитрустовските политики на владите кои ќе продолжат да го финансираат преку различни канали или ќе го трансформираат економски.

    Сите знаат што значи само еден т.е. Интел да дефинира развојна и ценовна политика на нешто што е толку значајно за човештвото.

    И микрософт има доминација но сепак тука се епл и линукс. Кај процесориве не е толку лесно. Но сепак ќе видиме зашто ние обичните смртници сме далеку од текот на тие витални информации.
     
    Војвода, nik0la_ и на Nikola Sone им се допаѓа ова.
  22. xenon

    xenon
    Guru

    3,791
    9,444
    15 Јануари 2011
    Машко
    Точно е или не е, зависи само од аголот на перцепција на нештата.

    Ти тоа што го тврдиш е парафразирање на т.н. декларирана реалност на нештата која во суштина е тотална апстракција.

    Јас зборам за фактуелна или прагматична реалност за какви нештата се под целото филување за:
    - R&D трошоци
    - retooling на постоечка инфраструктура
    - yields итн.

    Пример за апстрахирана реалност е цената на еден споменик од СК2014 од 600,000Е, кога фактичка реалност е дека за излевање на тоа шупливо здание потребни се 20,000Е.

    Или цената за 1км автопат од 10 милиони евра која во реалност е 500,000Е и 9.5М што одат во некои други, туѓи џебови. А на папир, се чисто како солза. А на терен, автопат кој за 2 години се распаѓа затоа што тампонирање наместо 2 метра како во грчка е 20 сантима кај нас. Затоа во Грчка автопатот стои 30 години, кај нас 2-3 години.


     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  23. rippermkd

    rippermkd
    Gaining Experience

    448
    257
    11 Јануари 2016
    Машко
    Akter

    View: https://www.youtube.com/watch?v=hvD37UUcdIo
    eve kako se nadgraduvaat. Zen arhitekturata, bi trebalo da ima i hypertreading
     
  24. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,816
    5,015
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Според логиката на нештата, ZEN ќе биде рамниште на сегашната Интелова палета, тоа ќе биде 100 проценти остварливо и така ќе биде.....Колку им сече црпката генерално, ќе дознаме и колку проценти ќе бидат во предност со high end понудата, ова е Факт.
    - А , да се надоврзам на повеќе размислувања околу тоа, ако нема конкуренција ќе гледаме Астрономски цени, не се сложувам со тоа....Зошто, онака, чисто поради тоа што имам отворена свест кон Интел,онака си замислувам и знам какви момци работат во Интел, не се такви луѓе да направат таков пеколен монопол. А и нема логика, затоа што сите знаеме како функционираат нештата
     
  25. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,695
    14,323
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Од каде ја набави кристалната топка?

    Пак си претерал со трипојте?

    И со печурките...?
     
    На mmm121, Astro, moongose и уште 4 други им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. Hristijan_95
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    673
Вчитување...

Сподели

Вчитување...