prdamsmrdam
Intern
- 10 септември 2023
- 7
- 11
Ке ти испадне поскапо вака.. Ама пак - квалитет и мерак си нема цена..Добар ден.
Потребни ми се алуминиумски профили за кокпит шема од типот на
Погледнете го атачментот 135743
На некои постови имаше Профилко или Грчка. Случајно да не знае некој баш ваков тип да не има во нашево поднебје.
Свесен сум. Имам направено од дрво али не е воопшто за било кој волан над 3Nm. Плус конечно се вдомив во стан и сакам да го направам меракот.Ке ти испадне поскапо вака.. Ама пак - квалитет и мерак си нема цена..
Овие се одлични. Имаат и профили со црна боја. Фала многу на инфо.Овде се на пола цена од Линеар мк, само треба да одиш да си ги земеш до Врање.
1. ова за педаливе како ти е предвидено? ако ти е фиксирани да бидат ок, али за прилагодување? елаборирај малку.Во моментов ми остана уште да добијам понуда од cncshop од врање што се и да отидам до coral group да проверам они што имаат.
Explorer ми пратија понуда за се, и прилично е сочна сумата со оглед на тоа што наплаќаат во темпо99 за 4545 4900 6 метра.
Од арилјеметал не ми одговара од две страни да има само така да тоа отпаѓа иако цената би била драстично помала.
За иднина кој и да сака да влезе во вакво нешто еве ви фајлови и програмче каде што можете да направите груба пресметка за што ви е потребно и колку би ве коштало. Воедно ќе го ставам и мојот фајл од симот доколку сакате да го проверите во програмот и да кажете искуство каде треба да се скрати и каде би требало да се додаде. Не се поставени 40x40, 80x80 правоаголните спојки и пропратни елементи тоа ми го пресметаа они. Ќе проверам може ќе има таму нешто да се скрати.
Линк од програмата:
Да проверам уште на двеве места и ќе постнам апдејт.
1. Педалите ќе бидат фиксни и ќе се заштрафат на тие 2 профили кои ќе можат да се подесат горе-доле во зависност дали ќе се вози GT или F1 стил. Доволно е 20цм да се поткренат за да бидат F1 стил.1. ова за педаливе како ти е предвидено? ако ти е фиксирани да бидат ок, али за прилагодување? елаборирај малку.
2. за ова не можам да коментирам мн. ако има флекс ригот, ке се треси мониторо. ако е потежнок мониторо можи да се прецвика и да падни?
3. предлог: тука можиш две шини да ставиш, и на нив да прицврстиш седиште од кола. ке можиш назад да го повлечиш да не ти се лупа нозете кога седнуваш.
BMW 320d e46 и e39 од 2000-2005 имаат добри седишта без електроника со механички прилагодувања.
друго, овие Агол 40x40 со сет за притегање, N10 се оние corner brackets? ми текнува ко во сон, мислам некаде прочитав/слушнав дека се виткале тиe обичните, и на места можи ке треба да употребиш gusset brackets.
или, една винкла 40x40 танкоѕидна, се сечи на парчина од 4цм и се дупа дупки; од искуство, открив дека тие т-жлеб мутерите, не се есенцијални, оти е практично кога ке се склопува ригот, на спојките да ставиш штраф+мутер и да ги лизниш в канал отпосле. така, со обични штрафој-имбуси и навртки-иноксни може да се изведи. тие куглите не играа улога...
disclaimer: овој последниов предлог можи да ти испадни мн вежбање и растрчување. практичен е ако знаеш сам, или знаеш луге шо можа да го сработа лесно
1. аха, оки, не видов убаво. ако сакаш агол да штеловаш, може да се пробаш вака:1. Педалите ќе бидат фиксни и ќе се заштрафат на тие 2 профили кои ќе можат да се подесат горе-доле во зависност дали ќе се вози GT или F1 стил. Доволно е 20цм да се поткренат за да бидат F1 стил.
2. Одприлика може да се стави 35кг тежина на тоа. Ќе има неколку Gussets за да може да го издржи тоа нема да претставува проблем. Бидејќи ќе правам 2 симулатора, еден за мене еден за другар, се одлучивме за 55" 144-165hz телевизор да се постави на тоа. Флекс нема да има ригов од причина што се користи 4080 плус 80x80 Gussets за воланот. Доста туторијали гледав, во принцип користат 2080 и 20120 профили кои се потенки од овие и немаат флекс риговите.
3. Купив од колега Recaro седишта од BMW M1 кои се прилично постари но се како нови. Бар возачкото е како ново... има доста прилагодувања на него, меѓу кои и аголот на седење. Ќе побарам и ако можам електрониката да ја подесам да работи има туторијали за тоа ама неам стигнато.
Колку што знам со човекот кога зборувавме стана збор за тие појачаните од страна brackets што се. Затоа што и според него нема да издржат обичните појак волан.
За штрафчињата и сето тоа еден сет штраф и мутер кај нив е околу 30 ден. Некако на 100 штрафа 3000 ден само за тоа да идат некако не ми оди. Најверојатно ќе одам со мои штрафови и мутери ама уште не сум одлучил за тоа.
Погледнете го атачментот 136841
Погледнете го атачментот 136842
Тие што ги имаат пишано вака изгледаат. Мислам дека ќе завршат работа.
Абе и јас го паузирав проектот, дознав дека ќе бидам татко.да и мене ме интересира.
@prdamsmrdam до кај си? јас го паузирав проектот, имав поважни работи летово и сеа стартувам пак. мониторот и јас решив да го ставам на риг, добра ти беше идејата. како испадна? имаш некои препораки?
а ова со педаливе, немам размислувано многу за нив, али сподели слики ако го сработи и едното и другот. или некоја скица ако не можеш слики.
Честито. Нека биди здраво и живо.Абе и јас го паузирав проектот, дознав дека ќе бидам татко.
Некако летнаа парите за креветче и разни други тракатанци плус и детската ја спремам. Многу се мислев и испадна не требало толку да се мислам
Ќе измислам пак нешто со мешавина од осб плочи и алуминиумски профили со една шина за подесувања. најверојатно како внатрешност во кола ќе биде али ќе биде до кај 100 евра.
Веќе кројам планови и скици за тоа пошо женичката нели треба да одобри исто