• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Алтернативна изведба на „врвовите“ на слушалки, Comply™ Foam Tips - Replacement Earphone Tips

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
2,922
4,120
SK
Денес во потрага за нови слушалки видов една работа која би сакал да ја споделам овде. Се работи за еден вид на иновација (барем за мене е) - алтернативна изведба на „врвовите“ на слушалките или меките силиконски гумени стварчици што имаат за цел да ги заглават слушалките и го затнат увото со цел да се добие подобар бас и подобра звучна изолација од околината.

Всушност една од причините зошто барам нови слушалки е затоа што пред некој месец ретардирано си ги заебав Сенхејзерот (cx 300) - и оттогаш никако не можам да најдам слушалки кои добро ми стојат во уши.
Така лутајќи нетот налетав на концептот на афтермаркет „врвчиња“ за слушалки, и по одредено читање дојдов до некои првични сознанија дека овие долу (наводно) биле добар избор за врвчиња на слушалки:
http://www.complyfoam.com
View: http://www.youtube.com/watch?v=sfNeqLh9AA4


Има подоста ревјуа на нет и на јутуб. Наводно резултираат со позитивна разлика во квалитетот звукот. А и некако логично е, пошто овие врвчиња се направени од некоја пена и затоа многу подобро си ја вршат работата од силиконските навлаки кои немаат механичка цврстина. Врвчињата од пена подобро ги заглавуваат слушалките и го затнуваат увото за да се добие подобар бас и подобра звучна изолација.


Е сега 20тина и кусур долари, плус поштарина, иако не е некоја сума сепак се премногу пари за малку пена и за идеја која лесно се репродицира (читај многу лесно подложна на кинески копии). Затоа еве што најдов на Али:
http://www.aliexpress.com/w/wholesale-foam-tips-t400.html
Погледнете го атачментот 46094


http://www.complyfoam.com/frequently-asked-questions/
^
Важно да е да се одберат соодветни врвчиња за специфичните слушалки со кои ќе се употребуваат. Јас суште сум во процес на „дешифрирање“ на FAQ-от, со цел да најдам кој тип на врвчиња се компатибилни со Xiaomi Piston. (најверојатно овие)
Вечер обавезно ќе нарачам пар од овие Comply Foam Tips, па кога ќе ги ставам на слушалки ќе знам дали се работи за хајп или за реално подобрување. :)



П.С. Темава ја отворив како засебна, одделно од неколкуте други теми за слушалки, и поконкретно за ИЕМ, затоа што некако мислам дека еден ваков едноставен зафат како замена на врвчињата, теоретски може значајно да го подобри квалитетот на звукот на слушалките... Затоа мислам дека добро би било да се разменуваат искуства во наменска тема, и тоа да не биде закопано во мноштво други постови.

Се мислев дали овој подфорум е соодветен избор, 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' звучи како посоодветно место - но сепак дискусијава ја отворив овде пошто гледам дека сите дискусии за слушалки од некоја причина се сместени токму овде. :)
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,035
13,581
Е сега 20тина и кусур долари, плус поштарина, иако не е некоја сума сепак се премногу пари за малку пена и за идеја која лесно се репродицира
IMHO
Ако дадеш 20 долари за она ќе испаднеш највечи n00b на светот.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
2,922
4,120
SK
^
Нарачав за 1.7 долари, 4 комaда (два пара) во ритејл кејс директ од Кинезите... :)

Очигледно сето ова не е нова работа, но за мене е.
Можните аудифилски придобивки на страна, мене ќар ќе ми биде ако можам да ги користам Шаоми Пистонот (и пар други) без да секоја втора минута слушалките сами да ми излегуваат од ушните канали.

 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
2,922
4,120
SK
OK... По неколку месеци користење (на KZ-ATE iem) можам да заклучам дека ваквите врвчиња од мемори пена дефинитивно подобро си ја вршат работата од класичните силиконски врвчиња. Подобро го затнуваат увото и прават подобра звучна изолација, со што и звукот е подобар. Препорака.
 

mviktors

Practice makes perfect
25 октомври 2012
962
1,307
mviktors's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 6700K & Noctua NH-D15
Motherboard
ASUS MAXIMUS VIII HERO
Storage
WD10EZEX 1TB+ SSD 500gb
PSU
CM Vanguard 750W
RAM
2x8GB Kingston HyperX Predator
Video card
ASUS Strix GTX 1070 8G GAMING
Case
CM Storm Scout 2
Mouse
A4Tech V7 Bloody
Keyboard
A4Tech B120 Bloody
Monitor
LG 27GL850 & Dell U2412M
OS
Win 10 x64
@Lokvan како да знам какви ми требаат за моиве слушалки? Иам LG Quadbeat 2 и не ми се купуваат нови слушалки, а ми испаѓаат од уво цело време па да се пробам со вакво решение. Ако можеш пушти линк да ги видам тие што си ги нарачал.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
2,922
4,120
SK
@mviktors

upload_2016-10-22_22-11-11.png

Ќе го извадиш оригиналното врвче и ќе го измериш надворешниот дијаметар на цилиндарот од слушалката (делот што оди во ушниот канал). Со тоа ќе го одбереш внатрешниот дијаметар на врвчето (соодветен на надворешниот дијаметар на цилиндарот од слушалката). Т100 е 3мм, т200 е 4.1мм, Т400 е 4.9мм.
Потоа имаш да одбереш дебелина на мемори пената S/M/L.
upload_2016-10-22_22-10-8.png
Му пишуваш на Кинезот внатрешен дијаметар Т100/200/400, величина S/M/L, и боја (од достапните, има црна, сива, плава, црвена).
Нарачај си два пара врвчиња (посебно ако не си сигурен за која дебелина ушни канали), и за два пара Кинезот дава и корисно пластично кутивче за нив (за еден пар изгледа така во плик ги става). За долар и половина вршат многу работа.



Јас мислам дека нарачав од овој продавач (не сум сега дома, ама сеедно):
https://www.aliexpress.com/item/C-s...s-Headset-Memory-Foam-Sponge/32469980958.html


едит: Имаш и малку подруг облик на врвчињата, на пример вакви нарачав (за резерва) и дојдоа ама сеуште не сум ги пробал (добри ми се тие од сликата погоре):
https://www.aliexpress.com/item/Hot...5mm-Comply-T400-Ear-Tips-For/32723318227.html

Во врска со облиците и нивната намена, за подетално погледај таму на Comply страната. Накратко ова би било:
upload_2016-10-22_22-19-52.png
Тие потопчестите се наводно покомфорен облик, а тие од првиот линк наводно се „поспортски“ (ваљда постабилни во уво).
 
Последна промена:

mviktors

Practice makes perfect
25 октомври 2012
962
1,307
mviktors's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 6700K & Noctua NH-D15
Motherboard
ASUS MAXIMUS VIII HERO
Storage
WD10EZEX 1TB+ SSD 500gb
PSU
CM Vanguard 750W
RAM
2x8GB Kingston HyperX Predator
Video card
ASUS Strix GTX 1070 8G GAMING
Case
CM Storm Scout 2
Mouse
A4Tech V7 Bloody
Keyboard
A4Tech B120 Bloody
Monitor
LG 27GL850 & Dell U2412M
OS
Win 10 x64
Фала ти ептен @Lokvan!
Ќе ги измерам и обавезно ќе нарачам барем два пара. Сигурен сум дека ќе им биде од корист ова и на другите членови.
 

Delta111

Gaining Experience
23 мај 2010
112
114
@Lokvan за KZ ZS3 дали знаеш кој е внатрешниот дијаметар односно кој модел врвчиња треба да се порачаат?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
2,922
4,120
SK
@Lokvan за KZ ZS3 дали знаеш кој е внатрешниот дијаметар односно кој модел врвчиња треба да се порачаат?
Извини ама касно го гледам ова. :-/
За идна референца, и KZ ZS3 и KZ ATE имаат дијаметар некаде од ~5 до ~5.5 милиметри. Што значи за нив одговара Т400 моделот.


За дебелината на пената, тоа зависи од увото на слушателот (ширината на ушниот канал).
Препорачувам прво да се проба со најмалите S. Jaс немам мали уши, ама L величината ми се преголеми (а S таман).
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,553
Мислења
820,394
Членови
28,214
Најнов член
vanadi
На врв Дно