1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

AllWeb уште еднаш покажа дека е конференција за нови идеи

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од Македонија' започната од IT.mk postBot, 16 ноември 2015.

  1. IT.mk postBot

    IT.mk postBot
    Вести од Портал

    1,543
    1,462
    5 Декември 2011
    [​IMG]

    Тоа што ја прави AllWeb 2015 успешна конференција, е што секој пат успева да ме научи нешто ново. И оваа, четврта година AllWeb имаше гости кои ве принудуваа да размислувате за иднината на маркетингот пред кој се највозбудливите промени до сега. Може да ги издвојам Дејв Брис од TheDrumStudios и Пол Пападимитроу oд Intelligencr кои настапија со толку самодоверба што им требаше само неколку реченици да пренесат инспирација. Без да им одземам нешто од нивните фантастични презентации, можам да ги сумирам во две едностави и разбирливи идеи. Г. Брис вели дека „не постои само дигиталното, иднината е во интеграцијата“, додека г. Папандреу кој имаше одлична визуелна презентација која се надевам организаторите NewMediaMk ќе ја објават снимката, бидејќи е презентација што сите мора да ја чујат и видат; едноставно рече „технологијата постоела од секогаш; таа не е важна, важни се луѓето“.


    "When you have a hammer, every problem looks like a nail" – @davebirss #allwebmk

    — Дарјан Раденковиќ (@darjanr) November 13, 2015



    . @papadimitriou as expected, great presentation. But don't rush :) #allwebmk pic.twitter.com/Yu0AMeY9IB

    — Никола Спасов (@NikolasTweet) November 13, 2015



    #3 hey you, digital entrepreneurs, stop complaining at #allwebmk by @papadimitriou

    — Ivan Rečević (@irecevic) November 13, 2015


    Но, ако на AllWeb имаше вистински пророци за иднината на дигиталниот маркетинг; оваа година имавме и чест да ги чуеме и претставниците на македонската маркетинг индустрија. Гостуваа директорите на трите најголеми македонски агенции – Publicis, McCann и NewMoment кои требаше да инспирираат со нивното искуство со локални примери. Но, Александра Дилевска, Владимир Димовски, и Сашо Пешев буквално влегоа во војна со публиката која добар дел беше составена од експерти по маркетинг и луѓе од помали дигитални агенции. На страна деградирањето на „младите креативци кои носат смкнати панталони“, причината за расправата беше што големите агенции се однесуваа како дигиталното да не е важно. За нив, телевизијата е цар во Македонија бидејќи е „поемоционална и поенгејџинг“; дека „веб сајтови секој може да прави“ и спомнуваa програмирање и банери во иста реченица. AllWeb 2015 не беше место за дефинирање на „што е дигитален, а што традиционален маркетинг?“, туку конференција за нови идеи. И тука македонските агенции потфрлија.


    Еј ми се јави 1995 и си ги бара муабетите за ТВ и билборди назад. #allwebmk

    — Meri (@liludalas) November 13, 2015



    Александра Дилевска, Владимир Димоски и Сашо Пешев на @AllWebMK ја разгореа дискусијата :) #allwebmk pic.twitter.com/WdhFz8mTY5

    — Никола Спасов (@NikolasTweet) November 13, 2015



    Тоа што се меша програмирање и банери со дигитален маркетинг на панелов на #AllWebMk ми станува јасно колку се разбира истата проблематика.

    — Психотичен Ум (@fail_mk) November 13, 2015



    NewMoment: "Не можеме да најдаме добри web дизајнери/девелопери…". Да дополнам: "..за 15k" #allwebmk #mkdirektori

    — i (@il_337) November 13, 2015



    Панелов го сведе цел интернет маркетинг на банери и на адмистрирање FB фан страници. И после не ја бива… епа не ја бива. #allwebmk

    — Димитар Атанасов (@stariot) November 13, 2015



    Fight! Fight! Fight! #allwebmk

    — Ivan Minic (@burek) November 13, 2015


    Иронијата на расправата меѓу македонските експерти, и ова можеби е показател за домашната сцена, е што беше целосно промашена од тоа што се презентираше на конференцијата. Ако има начин да се пребарува по клучни зборови низ AllWeb, можеби „адаптирање“ ќе беше најчестит термин. Сите презентации бараа од публиката да се адаптира на новите идеи, да најде нови технологии за да пренесе содржина. Од Мирослав Варга од EscapeWebSolutions кој презентираше како Google може да биде основна алатка со која ќе го адаптирате вашиот маркетинг според вашата таргет група; до Владимир Вулиќ од Digitalizuj.me кој оддржа мотивациски говор на менаџерите велејќи дека „мора да најдете нов начин да решите стари проблеми“; до инстаграмџијата Максимилиан Мунч кој бараше нов начин како да конзумира содржина. „Сите си отидоа од Facebook бидејќи е досаден, луѓето одат на Instagram да раскажат приказна. Затоа јас веќе не разгледувам магазини, јас разгледувам Instagram фидови“, вели г. Мунч. Mожеби Ружица Врдољак од хрватската маркетинг агенција 404 ја имаше најјасната порака „содржината веќе не е доволна, не се плашите од новото“.


    Мирослав Варга – Bad reviews are good, don't delete them. #allwebmk

    — Meri (@liludalas) November 13, 2015



    Content is never good enough: Don't fear new things – excellent point! #allwebmk

    — Petra Taseva (@pifpufpaf) November 13, 2015



    #allwebmk pic.twitter.com/S4LHJNXK5A

    — Brand Union (@BrandUnionmk) November 13, 2015



    @MuenchMax oд Берлин, директно во Скопје да не научи како се користи Инстаграм за да се раскаже приказнa #allwebmk pic.twitter.com/XOhj9qqFoM

    — AllWebMK (@AllWebMK) November 13, 2015



    'People first.' 'Be an innovation hub.' 'Digital is two-way street.' 'Or just be truly, truly awesome.' #allwebmk pic.twitter.com/e3IyxC8EGz

    — UK in Macedonia (@ukinmacedonia) November 13, 2015


    AllWeb е фанстастична конференција, во тоа нема сомневање. Но, АllWeb сама по себе, со сите свои фантастични говорници, претходни и идни, може само да служи, иронично, како традиционалната телевизија – седиш, ги слушаш идеите, ракоплескаш. Редот повторно е на македонските маркетинг експерти, соочени со фактот дека во Македонија нема иновативност како што има во соседните земји, да се впуштат во интеракција со своите клиенти. Сите се согласни дека дигиталниот маркетинг е единствениот чекор напред, но како што вели г. Брис треба да се запомни дека „дигиталната кампања стартува во моментот кога ќе ја објавите, и дигиталните луѓе го разбираат тоа“.


    Панелот потврдува дека ништо се нема сменето во мајнсетот на агенциите за овие 3 год и 3 конференции #allwebmk https://t.co/chGyS5nNGC

    — Мада Фака (@h3xman) November 13, 2015



    People who want more, right here, in Macedonia #allwebmk – YOU ARE THE FUTURE pic.twitter.com/tbEMoxaNx8

    — Ivan Rečević (@irecevic) November 13, 2015



    The post AllWeb уште еднаш покажа дека е конференција за нови идеи appeared first on IT.mk.

    Оригинален текст http://it.mk/allweb-2015/
     
  2. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,173
    513
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Oва е класичен пример како се прави бизнис од тресење празна слама. ;)
     
  3. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,321
    3,716
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Како? Мислиш дека цела сала луѓе грешат што дошле? Или пола? Некад е друго да седнеш у живо да видиш некого. Или да го прашаш директно...
     
  4. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,173
    513
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Не велам дека грешат, секој има право да иде кај што си сака.
    Во статијата настанот е опишан со таква помпа како демек трибина држат научници кои измислиле лек за рак. Јас го коментирам настанот од аспект дека никој од нив некажа нешто револуционерно или презентира некоја јака идеја.
    Реално гледано беше тресење празна слама а влезницата богами ич не беше евтина.
     
  5. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,321
    3,716
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Научници? Абе бизнис конференција за веб... :)
     

Сподели

Вчитување...