• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

All-round конфигурација

  • Ја почнал/а темата
  • #1

bobipp

Gaining Experience
13 ноември 2009
327
180
bobipp's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 2700X with Wraith Prism Cooler
Motherboard
Asrock B450 Pro 4
Storage
SSD Samsung 860 EVO 250 GB
PSU
Riotoro Enigma G2 650W Gold full modular
RAM
2x8 GB G. Skill Ripjaws V 3200 Mhz
Video card
MSI GTX 1650 SUPER 4 GB OC Edition
Case
Riotoro CR400 2x120 mm fans
Mouse
A4Tech X-710BK
Monitor
AOC i2269vwm 21.5" IPS
OS
Windows 10 Pro
Дојде новата година :rolleyes: па се прават некои планови, проекции итн... дали може да се надевам на нова десктоп машина која би ја заменила моменталната мобилна. Првиот компјутер, а воедно и прв десктоп ми беше од далечната 2002 година. После тоа асус лаптоп, кој цркна после 5 години интензивно користење и сега моментално исто сум на латоп асус, купен пролетта 2014 кој подоцна беше надграден со уште 4GB RAM и 120GB 850 EVO и кој ме служи ден денес.
Имам и монитор 21.5“ АОС IPS од кој сум презадоволен па не планирам да го менувам.
Потребата примарно е за графички дизајн, значи користење на адобе програмите. Гејмер генерално не сум ама си подигрувам спортски симулации и чат-пат фпс или некоја стратегија.

Не пратам во детали што се случува во хардверскиот свет, до каде се стигнати со мемории, графички, процесори итн. Процесорот што го има лаптопов е i3 3110M, така да логичен напредок во евентуалната десктоп конфигурација би бил некоја јака i5-ка, стартно 8 GB DDR3 (или DDR4?), 250 GB SSD + 1TB HDD за складирање, матична ваљда асус (се надевам сеуште се едни од најдобрите) и графичка претпоставувам некоја од средната класа, пошто како што кажав не сум апла гејмер иако едно време планирав да влезам во светот на 3Д и видео обработка ама некако не се охрабрив, дали дека сум на лаптоп тоа ме демотивира или едноставно подобро ми оди во 2Д светот :rolleyes:...

Појма немам до каде дошла технологијава и со куќишта, ладење итн...сумата која ми се врти во глава е 600-700 евра. Значи напомена, монитор имам, проекцијава е само за куќиштето со компонентите.

Дали е подобро да купам готова конфигурација од анхоч манхоч...или да си составам сам, пример во соработка со некои дечки на форумов кои си ја знаат работата, ќе средат и некој попуст итн...пошто сакам нешто квалитетно, да не е гломазно, пошто ми треба за на биро за во дневна, да има добри компоненти кои ќе си ја вршат работата и подолго време да сум обезбеден со брза, стабилна машина која секако според потребите би можела лесно да се надградува. Лаптопот да ми биде втора опција и да го растеретам за и тој да ми потрае подолго.

Нешто сретнав на нет дека самсунг со 850 ево завршиле со ссд-ата за сата интерфејс. дали е тоа вистина и дали можеби м.2 интерфејсот нуди подобри перформанси за помала цена?

Мислења од поискусните во ова поле?
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,560
Мислења
820,548
Членови
28,218
Најнов член
macika
На врв Дно