1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Alfa Romeo 147 - 1.9 JTDm (306ks) Проект

Дискусија во форумот 'Off-topic теми' започната од tomi, 28 Април 2019.

  1. tomi

    tomi
    Guru

    9,827
    9,081
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Здраво на сите, сакам да ви го претставам мојот автомобил кој помина и поминува многу измени за да дојдеме до посакуваните резултати

    Колата е купена пред 4 години, кејфот и пасијата за играње со неа беше голема. Со тек на годините, желбата да се смени се и да се дојде до нешто посериозни резултати беа се поголеми и поголеми, па така почна и мојата голгота и талкање по мајсторите.

    Имав желба тунингот да го правам пополека сам и така почнав, мењање делови, пробувања, тестирања, многу фрлени пари во вода кај нашите мајстори, што би рекол еден пријател кузнае таа твоја кола колку деца на мајсторите школуваа и колку куќи и коли направиле :) Потрошив повеќе од 8.000 евра во делови и на крај добив еден .!. Колата идеше ама не беше ништо посебно. Почнаа да вадат проекти на интернет баш за овие модели и знаев дека еден ден ќе морам да ја пратам негде во странство за да си го остварам сонот :)

    Имав 2 опции Холандија (JTD Performance) и Бугарија (Sprintauto), поради близината одлучив да ја однесам во софија и не згрешив. :) После 3 месеци спремање бидна.

    - Појачани дизни
    - Турбина GTB2260V (BMW F10 Series)
    - Ручна изработка на плетена грана иноксна
    - 75мм издув од грана до крај
    - Maf Off / EGR Off
    - K&N Филтер
    - Q2 Диференцијал и комплетна проверка на мењачот
    - Појачани држачи на мотор
    - Голем интеркулер
    - Eibach-Bilstein Suspension Kit "Sportiva"
    - Brembo Дискови/Плочки

    и уште некои ситници :)

    Крајниот резултат на дино кој го добивме беше 270 WHP т.е 306 BHP (тракала и мотор) без грам дим и можност за уште многу тјунинг и работа на самата мапа. Со уште мали модификации можеме комотно да стигнеме до 330-350кс

    За мое чудо потрошњата остана многу ниска односно 10 литри на нормална градска вожња со бркање. Колата работи феноменално без никакви проблеми и сега за сега сум презадоволен од истата.

    Зашто го направив овој проекти зашто беше предизвик за мене. Сите во мк што правеле или тјунирале коли се бензинци. Разликата во тјунинг на бензин и дизел е огромна од аспект на работа. Бензинците се знае рамење глава, поголем усис и си добил тоа што бараш додека кај дизелите е цела математика и физика како да дојдеш до убав и финален добар тјунинг затоа штоа има многу повеќе делови во самата работа на моторот и се тоа си бара перфектно средена работа, нашите мајстори како што ги дал господ неписмени незналици неможеа а и немаа алат за да ми помогнат да го добијам тоа што сакам па затоа бев и приморен да ми го направи некој кој веќе има искуство и пракса со тоа.

    Наскоро чекам да земам уред за мерење па ке можам да ги презентирам и времињата од истата.

    За повеќе инфо доколку имате кејф повелете на мојата FB страна Alfa Romeo 147 1.9 JTDm By Tomi.

    На сите членови од форум кој возат алфи посебно дизели, ви стојам на располагање кога и да ви треба бесплатан дијагноза и помош како понатака да си ги решавате проблемите, пошто како викаат старите прашај паталец а не гаталец. :)


    .
    .
    .
     
    На Bazinga, kolesk, Војвода и уште 6 други им се допаѓа ова.
  2. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Practice makes perfect

    763
    1,101
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Друже кога ке седнеме на едно кафе да ја видам убавицава! Возам алфа гт, па може и да ја зирнеме и мојава. 1.9 јтд
     
  3. tomi

    tomi
    Guru

    9,827
    9,081
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
  4. tomi

    tomi
    Guru

    9,827
    9,081
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
Слични теми
  1. HKD
    Одговори:
    9
    Прегледи:
    2,412
  2. Mateja1809
    Одговори:
    17
    Прегледи:
    3,084
  3. Start
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    484
  4. Winncoot
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    5,602
Вчитување...

Сподели

Вчитување...