• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Активирање на AHCI од Windows

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

dulemk

Gaining Experience
11 јануари 2008
1,049
53
ПРВО!!! Треба да знете што правите, не преземам никаква одговорност ако нешто тргне наопаку


За тие што знаат, веднаш ќе сватат за што се работи, за другите можете да го прочитате па може ќе ви се реши одреден проблем за кој не сте знаеле дека постои.

Значи ова помага ако имате SATA дискови, а немате дискетна единица или не сте го инсталирале AHCI и RAID модот при формат на системот и имате понови интел чипсети:
975X (ICH7), P965 (ICH8), и P35 (ICH9) - (најверојатно фаќа и на поновите ама туторијалот е направен до P35)

Ако ги исполнуваде досегашните услови, имате можност да активирате AHCI преку Windows без дискета.

Позитивности на AHCI (Advanced Host Controller Interface) е што подржува NCQ (Native Command Queuing) - што значи можеш да копираш и режеш повеќе работи од еднаш без проблеми(пример копираш и режеш во неро и нема да ти паѓа баферои и да ти копира 200 минута).
Реално нема други големи разлики.

Е сега ако немаш дискета или не си ставил AHCI подршка при формат, тогаш во биос ако го одбереш AHCI нема да ти бутира во windows и ќе ти рестартира.

Значи да преминеме на работата :D

Прво се спушта Intel Matrix Storage Manager

http://downloadcenter.intel.com/Product_Filter.aspx?ProductID=2101&lang=eng

Сега треба да се респакира фајлот, ама зошто не е архива ќе оди тоа на следниов начин:

Копирајго во C: - и чувајго до крај.

Одиш "Start/Programs/Accessories/Command Promt" и пиши "cd ../../" за да дојдеш до C: (ова за почетници да се снајдат во Command Promt)
И кога ќе видите дека сте на root може со "dir" командата да видите дали фајлот е таму, и после пишете името на фајлот со -а командата:

Код:
iata76_enu.exe -a
Ќе се покрене сетапот само што ќе биде на крај и нема да се инсталира, само ќе се распакува во "C:\Program Files\Intel\Intel Matrix Storage Manager". Таму има два фолдера ..\Drivers и ..\Drivers64 (во зависност од OS 32 битен и 64 битен).
Сега се копира "IaStor.sys" во "C:\Windows\System32\drivers\"

Сега следниов код се копира во txt документ и се снима како "ahci.reg" во desktop.

Код:
Windows Registry Editor Version 5.00

[HKEY_LOCAL_MACHINESYSTEMControlSet001ControlCriticalDeviceDatabasepci#ven_8086&dev_2922&cc_0106]
"Service"="iaStor"
"ClassGUID"="{4D36E96A-E325-11CE-BFC1-08002BE10318}"

[HKEY_LOCAL_MACHINESYSTEMCurrentControlSetServicesiaStor]
"Type"=dword:00000001
"Start"=dword:00000000
"Group"="SCSI miniport"
"ErrorControl"=dword:00000001
"ImagePath"="system32driversiaStor.sys"
"tag"=dword:00000019
"DisplayName"="Intel AHCI Controller"

[HKEY_LOCAL_MACHINESYSTEMCurrentControlSetServicesiaStorParameters]
"queuePriorityEnable"=dword:00000000

[HKEY_LOCAL_MACHINESYSTEMCurrentControlSetServicesiaStorEnum]
"0"="PCIVEN_8086&DEV_2922&SUBSYS_B0051458&REV_023&13c0b0c5&0&FA"
"Count"=dword:00000001
"NextInstance"=dword:00000001
Посебно за 975X и P965 чипсети се користи овој код

Код:
Windows Registry Editor Version 5.00

[HKEY_LOCAL_MACHINESYSTEMControlSet001ControlCriticalDeviceDatabasepci#ven_8086&dev_2821&cc_0106]
"Service"="iaStor"
"ClassGUID"="{4D36E96A-E325-11CE-BFC1-08002BE10318}"

[HKEY_LOCAL_MACHINESYSTEMCurrentControlSetServicesiaStor]
"Type"=dword:00000001
"Start"=dword:00000000
"Group"="SCSI miniport"
"ErrorControl"=dword:00000001
"ImagePath"="system32driversiaStor.sys"
"tag"=dword:00000019
"DisplayName"="Intel AHCI Controller"

[HKEY_LOCAL_MACHINESYSTEMCurrentControlSetServicesiaStorParameters]
"queuePriorityEnable"=dword:00000000

[HKEY_LOCAL_MACHINESYSTEMCurrentControlSetServicesiaStorEnum]
"0"="PCIVEN_8086&DEV_2821&SUBSYS_B0051458&REV_023&13c0b0c5&0&FA"
"Count"=dword:00000001
"NextInstance"=dword:00000001
Проверите добро дали е текстот добро копиран и фајлот IaStor.sys.

Сега покрени го ahci.reg од desktop.

Сега рестартирај го системот и влези во биос(само не го пуштај да влезе во windows по грешка).
Одбери ја опцијата AHCI кај што било IDE за дисковите и сега рестартирај и влези во windows.

Ќе детектира windowsot нов хардвер каде ќе треба да се гаси визардот.

Сега инсталирајтего нормално фајлот што го спуштивте на почетокот т.е. "iata76_enu.exe" , после рестартирајте го системот и готово имате AHCI подршка овозможена преку Windows без потреба од формат.

Сега може под "Device Manager > IDE ATA/ATAPI controllers" може да се види Intel(R) ICH9 SATA AHCI Controller.

За да се ова има реален ефект треба во "device manager" под "disk drivers" со дупли клик да се кликне на дисковите, каде во табот "policies" треба да се означи "Enable write caching for this disk"

Значи да напоменам ова е тестирано од моја страна на интел плоча DP35DP со P35 чипсет на windows XP 32 bit(за Виста мислам дека се инсталира од усб или цд без проблем), така да за други не гарантирам сигурна функционалност, ама не би требало да има проблеми.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Според важечките правила (ПРавило бр.1), овој линк се смета за СПАМ, затоа е и отстранет.
Поентата на темата ТУТОРИАЛИ е да се состави издржан и проверен текст, чија содржина на вистински, правилен и исправен начин ќе му ја објасни на читателот намената на истиот, односно што за што служи, како да се направи што и сл.
Затоа е пожелно да се постираат проверени работи, кои во секој случај добро се познаваат од страна на авторот и од област во која авторот има искуство.
Не се сомневам дека поседуваш знаење, и баш затоа сметам дека е непотребна оваа реченица

"Значи за крај туторијалов е преземен од од Ned Slider, Така да ако не смее линков да седи може да се избрише, го ставам за секој случак ако немам нешто доволно објаснето па да се види од оргиналот."

Туторијалот е ОК. Линкот го бришам од горенаведената причина, и го преместувам туторијалот во соодветна категорија.
Поздрав.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

dulemk

Gaining Experience
11 јануари 2008
1,049
53
Проверен е од моја страна како што кажав, ама секогаш оставам можност дека може нема да работи, на крај и краеве не е туторијал што објаснува како да направиш портет во фотошоп.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Сосема е во ред твојата напомена, ја стави јасно и гласно, на самиот почеток. Потег за поздравување. :bravo:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,529
Мислења
822,686
Членови
28,052
Најнов член
Ttifun
На врв Дно