1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија AKG K912 безжични слушалки

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од gokica, 28 Август 2016.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,408
    10,252
    13 Јуни 2009
    Извинете доколку веќе имаме напишано за овој производ.

    AKG K912

    [​IMG]

    Ми беа потребни безжични слушалки за телевизија и филмови. Разгледав неколку опции како Bluetooth така и RF со базна станица. На крај одлуката падна за AKG K912 Wireless.

    Нема да се задржувам на сите спецификации освен оние кои мислам дека се најважни:

    Тип: полуотворени, преку уши
    Ширина на аудио фреквенција: 18 до 20000 Hz
    Сензитивност: 105 dB SPL/V
    Импенданса: 32 Ohms
    Батерии: 2 Х 550 mAh 1.2V ричарџбл Ni-MH големина AAA (може да се користат и обични алкални 1.5V).
    Тежина: 272 грама.

    Цената на слушаките во Анхоч е 2990 денари исто колку и во околните држави каде се продаваат за 50 евра горе доле.

    Спакувани се во претежно црна голема коцкеста картонска кутија што е препознатливо за голем број AKG слушалки од среден и повисок ранг.

    [​IMG]

    Во пакувањето доаѓаат со базна станица која истовремено е и полнач. Покрај неа и слушалките доаѓа адаптер за струја, аудио кабел и две ААА полниви батерии.

    [​IMG]

    Работат на 900MHz безжичен фреквенциски опсег. Самата базна станица има две светлечки диоди од кои едната покажува дали доаѓа сигнал до станицата а другата се пали кога слушалките се полнат. На задната страна има два аналогни стерео влезови и селектор на фреквенција во случај да се јават интерференци на некој од каналите. Базната станица работи на 8 V 200 mA.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Според производителот едно полнење на фабричките батерии е доволно за 15 часа користење на слушалките. Батериите од 0 до 100% се полнат во период од 24 часа. Но ова е потребно само при првото полнење и повремено на шест месеци отприлика. Во секојдневие е доволно да се стават на полнач по секоја употреба и никогаш нема да дојдат до нула.

    Слушалките се изработени од пластика, над главата го има познатиот АКГ гумиран затегач а наушниците од внатрешната страна се изработени од синтетички материјал кој не е кожа односно скај што е значајно бидејќи за подолги слушачки сесии поти помалку.

    [​IMG]

    Големината на наушниците е толкава што овозможува целото уво да пропадне во централниот дел. Комфорноста е неверојатно добра за оваа ценовна категорија на слушалки.

    [​IMG]
    [​IMG]


    На десната слушалка се наоѓа потенциометар за гласност на звук и копче за вклучување а додека на левата слушалка има копче за впарување на слушалките со фреквенцијата на базната станица.

    [​IMG]

    Овие слушалки не се повеќе во производство. Нивната цена кога се појавија беше повеќе од двојно повисока. За оваа цена денес претпоставував дека се добра зделка.

    Звукот е повеќе од тоа што очекував за парите. Се разбира дека не може да се мерат со нивните жичани браќа и сестри но сепак АКГ успеал да го вметне својот добро познат потпис во нивниот звук. Чистината на звукот е далеку од било кои Bluetooth слушалки на нивно ценовно рамниште денес. Имаат добра динамика, солиден бас, средни и високи. Се разбира бидејќи се безжични очекував мал шум и автоматска контрола на јачината на звук. Ова е присутно но неверојатно добро контролирано. Шумот кај RF слушалките е обично поголем но кај 912 е присутен само кај највисока јачина на звук преку потенциометарот на слушалките. Очекував и интерференци од средината. Но ова во текот на краткото користење досега не се случи. Базната станица ми е до мониторот. Звукот проби преку соседниот зид во друга соба без никаква загуба.

    Нема да навлегувам во бенчмарци зашто сепак овие слушалки имаат за цел да доловат доволно добар звук безжично. За аудиофилско уживање во музика веќе имам други слушалки. Се разбира дека звукот на безжични слушалки е компресиран но зачудувачки е колку знаат да звучат добро. Морам да напоменам дека звукот е потивок од оној кој ќе го добиете со жичани слушалки од ист калибар но ова е препрека само за тие кои сакаат екстремно силен Doctor Dre звук како во дискотека. Ова е карактеристика за скоро сите безжични слушалки. За возврат на тоа се далеку понеутрални но сепак на потоплата страна на звукот со малку засилен бас ако споредуваме со АКГ К701 каде басот и го нема за неистренирано уво.

    Во филмови басот е доволно длабок за да се почувствува потрес како звук во кино сала дури и на мала гласност. Без никакви препреки и на ниско ниво на гласност се слуша ветер, треперење на листови на дрво, поточе и сл. Музика звучи солидно дури и подобро од што се надевав. Динамиката е солидна и истовремено вокалите и инструментите се добро сепарирани.

    За да не должам многу во кратки црти ќе ги презентирам позитивните и негативните страни:

    Плус:

    - Солиден безжичен звук
    - Многу комфорни за носење на глава (ваков комфор нудат слушалки од повисока ценовна категорија)
    - Одличен домет при далечина (јас ги пробав до 20тина метри преку ѕидови но производителот тврди дека можат да имаат домет и до 50 метри со препреки и 100 метри без препреки од базната станица до слушалките).
    - Батериите се менливи и траат до 15 часа со едно полнење
    - Цената за ваков производ од реномиран бренд како AKG е плус

    Минус:
    - Треба да се притисне посилно на десната слушалка за да се вклучат на полнење во базната станица
    - Бидејќи се полуотворени имаат малку повеќе течење на звук како кон надвор така и од средината внатре. Не се страшни како целосно отворени слушалки но сепак знаат да бидат бучни посебно на високо ниво на гласност. Сум чул и потивки полуотворени слушалки но за возврат немале толку природен звук.
    - Полнење на батериите од 0 до 100% е за цели 24 часа
    - Пластиката можела да биде поквалитетна.

    Се извинувам но сите освен една од фотографиите се позајмени од интернет. Ако има желба од членовите ќе постирам и автентични.
     
    На Lazarko, AlexanderMK, Krkac и уште 32 други им се допаѓа ова.
  2. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,381
    25,799
    4 Септември 2008
    Одлично освежување на форумов, браво за написот - рецензијата.

    За видот на слушалки, иако не сум фан на бежични, не се сомневам во твојот избор. Иде важна!
     
    Последна промена: 30 Август 2016
    Krkac, gokica и на igor_xxxx им се допаѓа ова.
  3. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,356
    9,842
    23 oктомври 2012
    Машко
    Одлично! Пред неколку месеци бев во потрага по гајтанлес слушалки, мислам дека дури и отворив тема, се милсев помеѓу Sennheiser RS 110 и Sennheiser RS 120 (кои тогаш беа 20тина долари поскапи, сега гледам дека се иста цена). Моментално повторно имам опција да земам некој од наведениве модели, ама рецензијава ме тера да размислам и за земање на АКГ-во од тука, наместо да малтретирам некој да ми ги носи овие другиве.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tomi

    tomi
    Guru

    9,839
    9,057
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    ги имав истите не бев задоволен, се појавуваше шумови, крчење и тн. Не ги задоволија моите услови за бежични слушалки.
     
    На Oktar и gokica им се допаѓа ова.
  5. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,435
    25,128
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    За напишаното чиста 5-ка, иначе како и псај, ни јас не сум љубител на безжични слушалки...
     
    На Krkac и gokica им се допаѓа ова.
  6. gokica

    gokica
    Модератор

    8,408
    10,252
    13 Јуни 2009
    Ви благодарам.

    Мој предлог ти е да ги чуеш прво лично АКГ. Зависно од изворот може да добиеш впечаток дека се многу тивки. Кај мене беа врзани на Xonar ST и сега гледам дека сум ги возел на 64-300 оми геин. Со стандардната конфигурација без геин сигурно ќе бидат послаби. Ако станицата ја врзуваш на телевизор може да биде и уште послаба јачината на звукот. Но генерално најголемиот број безжични слушалки си патат од овој проблем. Посебно UHF варијатните со базна станица.

    Сенхајзерите немав можност да ги чујам а сум прочитал добри рецензии, посебно за RS170 кои би требало да имаат најмало течење на звук ако и тоа е важно.

    Ова го прочитав на многу сајтови и очигледно е проблем. Дали станува за понов модел на истите слушалки или средината во која јас ги користев не можам да бидам сигурен но јас лично немав ваков проблем. Сепак безжичните слушалки многу лесно може да бидат склони кон интерференци.

    Инаку слушалките денес му ги подарив на брат ми кој ги бендиса на прв поглед. Јас или ќе набавам уште едни исти или ќе одам на жичана варијанта со продолжен каблел и ноис канселинг функција зашто и тоа ми е значајно. Ако брат ми ми пренесе негативно искуство кај него дома ќе пишам.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,356
    9,842
    23 oктомври 2012
    Машко
    Јас би ги користел на ав рисивер и намената е за гледање филмови/серии без притоа да се вознемири госпожата во соседната просторија. Од тој аспект, не барам нешто перфектно и драматично добро, барам нешто практично, да не биде со кабли само.
     
    На Krkac и gokica им се допаѓа ова.
  8. ivsss

    ivsss
    V.I.P

    324
    613
    16 Февруари 2012
    Машко
    Ги имам и 912 и 915 (кои ги купив подоцна). 912ката се екстремно удобни ама имаат проблем со крчкања и шумови и затоа за дома и за гледање филмови ги купив 915. За да се изгуби шумот треба слушалките да бидат на што е можно помал степен на гласност на нивниот потенциометар, кај мене на компјутер е пуштено на максимум а на слушалките на минимум и така шумовите воопшто не се приметуваат. Шумовите ги нема воопшто на АКГ 915. Немам појачало или било каков уред за да го извадам максимумот од квалитетот на слушалките, а и не сум многу стручен за аудио опрема но според мене и двата модели се одлични за парите.

    До Гокица, со здравје да се служат и слушаат,
    поздрав,
    Ивс.
     
    Krkac, Necromancer, gokica и на уште 1 им се допаѓа ова.
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,408
    10,252
    13 Јуни 2009
    К915 ги има во аудио центар но не сум ги чул и не знам колку чинат. Работат на фреквенција од 2.4 гигахерци наспроти 900 мегахерци од К912.

    Очигледно за многумина би биле подобар избор ако се во прашање интерференци. Можеби кај мене дома и во околина нема многу уреди кои работат на фреквенцијата од слушалките.

    Кај мене на Xonar ST исто ги слушав на 80% јачина (со 64-300 оми геин) и со намалена гласност на слушалките за да нема шум. Но би рекол дека до некои 70-80% јачина и на потенциометарот од слушалките немаше забележителен шум. На највисока гласност веќе беше приметлив и ги занемаруваше некои скоро нечујни звучни ефекти во филмови. Но сепак ова се RF слушалки. Исто како кога слушате радио па кога нема никаков звук има шум. Слушалкиве работат на ист принцип во суштина.

    Сега кога повторно треба да купам слушалки за мене да ги ѕирнам и 915 не е лошо. :)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gokica

    gokica
    Модератор

    8,408
    10,252
    13 Јуни 2009
    Мојата потрага по слушалки за филмови заврши како што не се надевав. Првично бев решен да земам K915 кои во аудио центар се 5990 денари. Но од причина што течењето на звук ми е многу значајно зашто ќе ги користам најчесто во спална морав да внимавам и на тоа.А К915 не ми влеваа доверба дека нема да ме брка жената од соба.

    Во рамките на буџет кој нема да ме осиромаши :oh: во предвид влегоа само жичани слушалки и тоа Beyerdynamics 770-М како најскапа оцпија, Sennheiser HD280Pro во средина и Audio Technica ATH-M20x како најефтина. Со оглед на тоа што во Македонија сите цени на поегзотична опрема се значајно повисоки од странство не ми се чекаше да нарачувам па отидов на најефтината опција.

    Штом се ослободам ќе има уште една рецензија.

    Инаку кога станува збор за цените АКГ К912 сеуште се солидна набавка зашто по цена се изедначени со европа и кај нас. Генерално се друго е многу поскапо.
     
    На prichina, Krkac, Necromancer и уште 4 други им се допаѓа ова.
  11. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,183
    3,525
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Ги имам и јас К912, слушалките се солидни и при тестирање во Аудио Центар бев задоволен, заради што и ги купив, но таму ги пробав само со музика.

    Дома ги користам на A/V рисивер, најчесто за видео содржина навечер. Морам да напомнам дека има шум, крчење не толку. Како што пиша @ivsss, го имам и со него правено муабетот, најмногу се редуцира шумот кога потенциометарот на самата слушалка е на пониско ниво, додека изворот (во мојот случај рисиверот) да се зголеми максимално.

    Шумот е најприсутен при тивки моменти, односно при дијалози без заднинска музика. Спротивно на тоа, при слушање музика истиот е занемарлив и не се приметува толку.

    @Oktar, ако сакаш да ги земеш, ќе ти ги позајмам, користи ги одреден период и види дали те бендисуваат, да не даваш пари за џабе, па да шиткаш после со 30% загуба :) Пиши ми слободно.

    @gokica одлична рецензија патем!
     
    На omegaRED, igor_xxxx, Jovan2389 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,356
    9,842
    23 oктомври 2012
    Машко
    @Necromancer, фала на понудата, ке ја искористам, баш сакам да видам колку е тоа добро или лошо пошто е гајтанлес. Ке те контактирам.
     
    На gokica и Necromancer им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...