• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Академија за програмирање

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Zerroh

Intern
3 октомври 2020
3
1
Пред некое време купив 2-3 курса за Full Stack Development од udemy.com и активно изучувам секој ден.
Размислував да упишам академија за програмирање.
На кои академии во нашава држава вреди да се изучува? Во која академија би го добил потребното знаење за да бидам солиден Junior Developer ? (Full Stack Development)
Имам читано дека brainster/seavus биле добри, но сакам да добијам и ваше мислење.
Постов го креирам со причина да соберам доволно информации за да одлучам на која академија би одел.
Очекувам ваши препораки/tips :)
Се најдобро and stay safe :)
 
pecko95

Gaining Experience
5 април 2018
168
151
Ни една. 2000 евра за што да фрлиш кога истото можеш и сам да го научиш, за многу поефтино?

Си дал веќе пари за курсеви, почни со нив. За почеток подобро одбери едно - frontend / backend. Стекни знаења во полето што си го одбрал па дури после тоа размислувај за full stack.

Не е перфектна, ама дава некаков преглед што отприлика треба да пројдеш:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Веќе моментално изучувам курс за Advanced CSS.Потоа планирам исто така за Advanced Javascript.
 
ljupce

Gaining Experience
8 ноември 2011
139
110
ljupce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4700MQ
Storage
1TB +8GB SSD Hybrid Disk
RAM
8GB DDR3
Video card
AMD Radeon R7 M265 2 GB DDR3
OS
Microsoft Windows 10 Pro 64-bit
За да добиеш вредност од академија нема да добиеш. Со овие курсеви ти што си ги земал и ќе ги поминеш гарантирам дека повеќе знаење ќе добиеш од било која академија. Е сега.. за да ти дадат шанса некаде на папир подобро изгледа ако си поминал академија одколку сам дека си учел. Од репутација курсеви или академии добри ти се семос/сивус. Доколку немаш ит бекграунд, најлесно би влегол моментално во фронтенд така да посвети се на тоа. И направи си портфолио т.е персонална веб страна, ќе имаш со курсевиве што ги слушаш повеќе проекти извади ги најдобрите, најкомплкесните не ставај од типот калкулатор или todo app. Искористи го периодов до крај на зимово да се набилдаш со знаење и искуство за да можеш од напролет да аплицираш, бидејќи поради моменталнава ситуација за џуниори е мноогу тешко работа да најдеш.
инаку од курсеви јас лично имам..
Full Stack - node/html/css/js
CSS
Javascript
React

и ќе најдеш многу добри на плурал
Со лесно :)
 
Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
715
447
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
како што ти рекоа...

Skills
Pliralsight имаат попусти редовно во последно време, ама овој од 95$ е грабеж за цела година за тоа што го нудат...

Со останатите 905$ или 1905$ или EUR што и да се, искористи ги за лична мотивација...
од време на време "почасти се со нешто" за совладани три курса да речеме...

исто стекни некој Framework (React, Vue, Angular) оти почна време и тоа да се бара за Junior-и
во целава работа треба (најверојатно дури и мора) пред сѐ да си млад, истраен, трпелив,
и секое "слободно време" да го користиш за напредок...

Со среќа!!!
 
Последна промена:
  • Ја почнал/а темата
  • #6

Zerroh

Intern
3 октомври 2020
3
1
За да добиеш вредност од академија нема да добиеш. Со овие курсеви ти што си ги земал и ќе ги поминеш гарантирам дека повеќе знаење ќе добиеш од било која академија. Е сега.. за да ти дадат шанса некаде на папир подобро изгледа ако си поминал академија одколку сам дека си учел. Од репутација курсеви или академии добри ти се семос/сивус. Доколку немаш ит бекграунд, најлесно би влегол моментално во фронтенд така да посвети се на тоа. И направи си портфолио т.е персонална веб страна, ќе имаш со курсевиве што ги слушаш повеќе проекти извади ги најдобрите, најкомплкесните не ставај од типот калкулатор или todo app. Искористи го периодов до крај на зимово да се набилдаш со знаење и искуство за да можеш од напролет да аплицираш, бидејќи поради моменталнава ситуација за џуниори е мноогу тешко работа да најдеш.
инаку од курсеви јас лично имам..
Full Stack - node/html/css/js
CSS
Javascript
React

и ќе најдеш многу добри на плурал
Со лесно :)
Истите 2 курса за Web Development и CSS ги имам.
Thanks !
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,675
Мислења
830,284
Членови
28,680
Најнов член
Ljubac
На врв Дно