1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

AEK и мобилни оператори, интернет провајдери

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од zorandesign, 5 Мај 2012.

  1. zorandesign

    zorandesign
    Баниран/a

    1,618
    674
    6 Јуни 2007
    [​IMG]
    Како што гласи насловот на оваа тема, би било добро во оваа тема членовите да ги споделат своите искуства кои ја вклучуваат АЕК(Агенција за електронски комуникации ) од една страна, по барање на членот којшто ќе ја опише конкретната ситуација, и некој од мобилните оператори или интернет провајдери во државава. Значи, тука првенствено мислам на функционирањето на АЕК и нејзиното влијание при решавање на проблемите на корисниците со МО и ИП.

    Можеби звучи илузорно, но доколку се земе во предвид дека се работи за иста измама кон многу голем број на корисници, сумата која еден мобилен оператор може да ја, условно кажано, украде од своите корисници е голема.

    Случајот којшто јас би сакал да го споделам е следен. Се работи за припејд корисничка услуга( неделен пакет )на мобилниот оператор ОНЕ за разговори кон другите мобилни оператори во времетраење од 15 мин со фиксна неделна претплата од 49 денари. Притоа, 2 дена пред изминувањето на рокот предвиден за искористување на тие 15 минути корисникот е известен преку СМС дека преостануваат уште 2 дена. Пренесена во целост " Претплатата за Неделниот пакет за разговори кон други мрежи важи уште 2 дена. По тој период пакетот автоматски ќе Ви се продолжи со нова претплата од 49 денари за следните 7 дена. За проверка на статус и деактивирање јавете се на бесплатниот број 1414."
    Во моментот кога ја добив оваа порака, веднаш се јавив на 1414 и следејќи ги упатствата на говорниот автомат го деактивирав овој пакет и на крајот на разговорот бев известен дека успешно е деактивиран Неделниот пакет за разговор кон други мрежи.
    Но, два дена подоцна, откако измина претплатата за неделниот пакет, истиот автоматски беше повторно активиран и за тоа бев известен...Сосема неочекувано. Претпоставувам секој би бил револтиран, не поради сумата која е можеби ирелевантна во случајот, туку поради впечатокот којшто ќе го добие. ОНЕ свесно ги краде своите корисници и користејќи се со смешните административни формалности кои подразбираат поднесување приговор во некој од сопствените центри, успешно присвојува позамашна сума благодарејќи на неможноста да секој од оштетените корисници да отиде и поднесе приговор( се разбира поради оправдани причини, вклучително - време, трошокот за поднесување приговор ја надминува сумата за која е оштетен корисникот и сл. ).
    Одлучив да се обратам до центарот за грижа на корисници на бројот 181. После чекање од 3 мин поради зафатеност на операторите, конечно бев сослушан. Притоа беше употребен голем вербален арсенал од моја страна :) Иако првично бев советуван да одам директно во нивен центар и да поднесам приговор, сепак, на крајот, поднесувањето на приговорот беше извршено од страна на операторот со којшто разговарав. Што значи, иако таа можност постои, никој не ве известува. После разговорот добив СМС дека успешно сум го поднел приговорот и дека ќе бидам известен за резултатот од истиот.

    Конкретно, зошто оваа тема го носи тој наслов. Дали некој од членовите поднел жалба до АЕК за одредени неправилности во работата на некој МО или ИП? И се разбира, колку таа била успешна. Колку што сум информиран, мислам дека токму таа агенција е задолжена за оваа проблематика и би требало квалитетот на услугите на МО и ИП да биде зголемен после нејзиното формирање. Дали нејзиното постоење е поткрепено или е тоа само уште една административна "фабрика" отворена со парите на граѓаните и служи за намалување на бројот на невработени, се разбира дека е сосема споредно во оваа тема.
     
  2. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,791
    1,929
    8 Мај 2007
    Машко
    Заканите со АЕК се успешни. За било кој проблем им кажувам дека сакам на писмено одговор што може да го приложам до аек ако не сум задоволен.
    Секогаш ги решавало проблемите:)
     
  3. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,605
    7,640
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    И јас го имав истиот или сличен случај. Тандем броеви на претплата беа. Со жена ми, бевме во Охрид и ми требаше интернет па одлучив да се јавам 181 и побарав да ми уклучат интернет само за тој месец. Ми рекоа неможе, користете го овој месец па на 29-ти да се јавам повторно и да побарам да го исклучат.

    И се јавив. Следниот месец Август, сметката беше ОК, ама септемвриската пак ми дојде +300 ден. интернет и решив да не ја плаќам (во ноември ни истекуваше договорот). Ноемвриската пак дојде со +300 денари. Отидов таму искочи менаџерот и после саат време убедување установи дека јас уствари не сум потрошил ни денар интернет од тие 300, па и покрај тоа што била моја грешка ќе ми ги опростеле. Реков ок ги плаќам сметките без интернет и ги оставам СИМ картиците несакам да го продолжам договорот. И го оставив картичките, броевите беа деактивирани (вртев после на тие броеви за да проверам).

    Ви се верува ли дека до февруари следната година ми стигнуваа сметки за тие броеви? На крај ми пукна филм отидов во централата и им запретив дека ќе тужам. Инстантно ги поништија сметките и ми дадоа нешто како ваучер во вредност од 4000 денари ако склучам нов договор, тие пари можеле да се искористат или за плаќање месечни сметки или за нов телфон.

    И јас будала со ваучерот у руки одам во Оне во Рамстор и викам сакам HTC Desire со договор од 24 месеци со претплата од 500 ден месечно (така кошташе 10.000) и плус ваучерот од 4000 ден. значи 100 евра се на се. И ми викаат неможе :D или ваучерот да се искористи или попустот на договор. Неможе двете.

    Така да си знаете, One во мобилната индустрија е исто што и АМЦ во компјутерската.
     
    На Costigan_Jr и gsarievski им се допаѓа ова.
  4. Rodrigo

    Rodrigo
    Gaining Experience

    175
    90
    18 ноември 2013
    Машко
    Знае некој каде да пишам приговор до Аек.Барав на сајтот но ништо не најдов
     

Сподели

Вчитување...