D
Администратор
Од компанијата Он.нет најавија дека се подготвени да вложат 30 милиони евра за оформување на мрежа од 192 дигитални предаватели низ земјава.
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) го опипува пулсот во земјава за да види колку компании се заинтересирани да вршат пренос на дигитална телевизија. АЕК објави јавен повик заинтересираните компании, најдоцна до 10 ноември годинава, писмено да се изјаснат дали сакаат да добијат радиофреквенции од опсегот 470 - 862 мегахерци.
Од компанијата Он.нет најавија дека се подготвени да вложат 30 милиони евра за оформување на мрежа од 192 дигитални предаватели на целата територија од државава. Генералниот директор на "Он.нет", Предраг Чемерикиќ вели дека пилот-проектот за дигитализацијата наишол на одобрување од Министерството за транспорт и врски. Дознаваме дека претставници на Он.нет деновиве биле во АЕК и официјално ја искажале заинтересираноста за нудење на ваков вид услуга.
За разлика од аналогната телевизија кога преку една фреквенција може да се емитува само еден канал, дигиталната овозможува емитување на дури 15 програми. Во текот на овој месец треба да биде усвоена националната стратегија за дигитализација на Македонија, која е услов за почнување на процесот кој треба да овозможи премин од аналогна на дигитална телевизија. Процесот ќе се одвива етапно според фреквенциски план што го подготви АЕК и најпрво ќе се почне со дигитализирање на национално ниво и првиот мултиплекс ќе го добие ЈП "Македонска радиодифузија" за пренос на постојните и новите програмски сервиси на Македонската радиотелевизија. Преку меѓународен тендер, пак, ќе бидат избрани три оператори на мултиплекси за пренос на сервисите на националните комерцијални телевизии.
Македонија во однос на земјите од регионот доцни во дигитализацијата на телевизијата. Пред нас, Албанија, Грција и Бугарија овој процес го имаат завршено, а во Србија дигитализацијата е во тек. Кај нас, преминот од аналогна во дигитална телевизија ќе стартува кон средината на 2008 година и треба да заврши до 2012 година што е обврска од ЕУ која мораме да ја спроведеме.
(С. Бл.) Вечер - Петок 12.10.2007