Adobe лиценца за македонска компанија

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од Miroslav Ilic, 9 Март 2018.

  1. Miroslav Ilic

    Miroslav Ilic
    Gaining Experience

    200
    60
    18 ноември 2012
    Машко
    Здраво!

    Имам прашање за тие што работеле/работат во македонска фирма каде што се користи софтвер на Adobe. Дали во фирма овде кај нас, би можело да се користи било што од Adobe со monthly subscription на нивната страна или мора да се купи лиценца посебно за секоја програма од Македонија како што наговараат повеќето IT консултанти?
     
  2. Oktar

    Oktar
    Guru

    2,892
    7,532
    23 oктомври 2012
    Машко
    Не гледам зошто би морало да биде купен софтвер. Може да биде претплата, на картичка и секој месец да си симињаш фактурче од сајтот на адоб за во сметководство.
     
    На Miroslav Ilic му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,051
    1,254
    5 Септември 2008
    Машко
    Ние користиме одредени програми од Адоби со месечна претплата без никакви проблеми
     
    На Miroslav Ilic и Oktar им се допаѓа ова.
  4. Astro

    Astro
    Guru

    5,313
    6,742
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Адобе мислам дека почнаа први со месечни претплати од големиве компании, но таквиот пристап не се исплати секогаш.

    На пример кога правев бизнис план за една клиент компанија за Microsoft Dynamics NAV за купена лиценца наспроти subscription based, subscription се исплатеше само за првите 4 години, после тоа се изедначува во цена, а за 8 години дупло ја плаќаш.

    Позитивно е што секогаш добиваш последна верзија, а за купена лиценца треба да доплаќаш апгрејди.

    Направи си графикон математика па направи споредба.

    Sent from my Lenovo TB-8703F using Tapatalk
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,207
    2,667
    4 Септември 2008
    Adobe повеќе не нуди Creative Suite (CS) лиценци, туку само Creative Cloud (CC). Што значи неможеш да купиш standalone туку мора subscription.
    Истата приказна е и кај Autodesk, преминаа комплетно на овој модел на лиценцирање.

    За користењето кај нас во фирмите важи истиот модел како и секаде во Светот, слободно купи ја претплатата што ти треба. Само незнам дали би можеле да купите директно од Adobe или ќе мора преку некој локален партнер.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  6. toshex

    toshex
    Unstoppable

    2,874
    2,380
    18 Септември 2013
    Машко
    Јас пред некое време пробав да си купам фотошоп CC не ми даде ради локација (Македонија). Средено е сеа тоа?
     
  7. Oktar

    Oktar
    Guru

    2,892
    7,532
    23 oктомври 2012
    Машко
    Колку што знам сеуште е така, јас со прокси се логирав на америчкиот сајт пошто е поефтино, сумата е иста во европа и америка само валутата е различна па така 9,99 долари е поефтино од 9,99 евра.
     
  8. toshex

    toshex
    Unstoppable

    2,874
    2,380
    18 Септември 2013
    Машко
    Значи мора преку прокси да купиш... катастрофа се некои од компанииве да се мачиш да им дадеш пари.
     
  9. stefan_off

    stefan_off
    Gaining Experience

    246
    205
    29 oктомври 2009
    Па не е катастрофо туку треба легално да си купеш од официјална македонска фирам. Аdobe.com продава за во УСА за МК ти се smartsolutions.com.mk
     
  10. toshex

    toshex
    Unstoppable

    2,874
    2,380
    18 Септември 2013
    Машко
    Прв пат слушам, алал им вера на маркетингот - а и на вебсајтот.
     
    На stefan_off му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Oktar

    Oktar
    Guru

    2,892
    7,532
    23 oктомври 2012
    Машко
    @stefan_off сигурен си дека овие продаваат сабскрипција? Кога би продавале ваљда би имало да ја купиш од кај нив од сајт не е ваљда дека треба секој месец да им носам пари. Ваљда и адоб ке редиректираше кај нив ако имаа таква опција. Шознам... ми мириса како да продаваат уан тајм лиценца на цеде со кључ.

    Едит, им го видов сега ценовникот и да, продаваат и сабскрипција на годишно ниво.
     
    На stefan_off му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,207
    2,667
    4 Септември 2008
    Да legit се, официјални претставници. Скоро сите фирми преку нив ги зимаат и ги препродаваат лиценците за Adobe и Autodesk.

    adobe.jpg autodesk.jpg
     
    Последна промена: 10 Март 2018
    На stefan_off му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kiken

    Kiken
    Intern

    36
    8
    24 Март 2011
    Во Македонија има два увозника едните се смарт солутион, другиот е Инет провери кај ке добиеш цени и од двете места можеш да порачаш


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
  14. stefan_off

    stefan_off
    Gaining Experience

    246
    205
    29 oктомври 2009
    Дечките се лиеџит, прв пат слушнав за нив во Март 2017год. на еден семинар за Фотографија, они беа едни од спонзорите и имаа предавање за Адобе. Имавме мала дискусија за тоа дали како што вреди да си плаќаш или да кракуваш ;)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...