• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Adobe Acrobat 9

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Adobe Systems очекуваат да ја претстават својата нова верзија на Acrobat платформата и тоа во текот на летото, позната под името Adobe 9.




Adobe Acrobat е платформа за прегледување, креирање, манипулирање и менаџирање на фајлови во Adobe PDF формат.

Производителот ќе понуди неколку варијации на софтверот во зависност од оперативниот систем.
Корисниците на Mac ќе може да користат само професионална верзија додека Windows корисниците ќе имаат опција да бираат помеѓу стандардната и професионалната верзија.

Опцијата за креирање на формулари на електронски начин преку Acrobat, која досега беше привилегија на професионалниот корисник сега ќе биде застапена и во стандардната верзија.

Adobe исто така врши маркетирање на самостојна верзија позната под името Acrobat 3D која е наменета за архитекти, инжинери и CAD/CAM/CAE пазарот.
Acrobat 3D им овозможува на корисниците три-димензионалните дизајни да ги стават во PDF фајл.
Ова парче софтвер сега ќе биде вметнато во професионалниот пакет на Acrobat 9.

Покрај овие и други можности кои ќе ги нудат новите производи, Adobe има направено и значителни модификации на интерфејсот и зголемени можности за графичките корисници.

Извор: ИДИВИДИ
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,565
Мислења
823,425
Членови
28,072
Најнов член
josimovskii
На врв Дно