• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Администратор добил рекордна казна поради компјутерска саботажа

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

LiquidWorm

Администратор
26 март 2007
2,667
183
www.zeroscience.mk
Man gets record sentence for computer sabotage

Еден администратор на компјутерски системи беше осуден на 30 месеци (~2,5 години) затвор поради обид за саботажа врз серверите на компанијата во којашто тој работел, плашејќи се дека ќе ја загуби својата работа.

Јанг Сан Лин ја добил најдолгата, до сега, федерална затворска казна за криминален обид да оштети компјутерски систем.

Повеќе: http://www.news.com/Man-gets-record-sentence-for-computer-sabotage/2100-7348_3-6225196.html?tag=cd.lede

:ermm:
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Паметно, доколку ме зезнат мене на факултет со нешто можеби би пробал да изведам некоја глупост слична на оваа само од некое интернет кафе ќе го направам тоа :LOL::LOL::LOL:
 
M

Mr.Alien

Гостин
Јас направив една добра хаварија. Своевремено, сметачкиот центар на факултетот (1990 год) имаше Honeywell Bull опрема со монохроматски монитори, без графика (уствари, имаше плотер на една машина, што имитираше графика), а хард дисковите беа оние старите добри со дијаметар од 50-тина цм, како лонг плеј плочи, наредени како палачинки една врз друга. Испомош беа магнетните траки.
Бидејки една малечка книга со околу 100.000 вредности беше многу барана на еден стручен испит, а ја имаше во многу мал број примероци, решив да си направам своја.
Направив програма на FORTRAN ADVANCED кој со итеративна постапка ги пресметува вредностите и ги запишува во соодветен фајл, кој подоцна имав намера да го печатам (what a moron!!).
Дали е потребно да објаснувам понатаму што се случи, или самите капирате дека "машината" се изгуби во пресметувањето на силните итерации и земањето на одредени вредности како услов за пресметување други и сл?
Елем, расположливата работна меморија се покажа недоволна за ова мое програмерско (зло)дело и - машина троа капут. Ваистина капут!
Го викнав операторот, му објаснив што направив, односно што се обидов да направам. Ни преку неговиот терминал, кој служеше како конзола не ја оправивме работата, не помогна ниту ABORT GROUP REQUEST....ништо. Конечно, професорот, кој беше и шеф на сметачкиот центар, прво неакадемски но заслужено се изнаиздра на мене:lut2:, за потоа и да ми забрани пристап во центарот на неопределено време :plachko2:. На момент и ми беше мило што направив хаос:devil2:.
Како и да е, после неколку денови отидов кај него на разговор, му се извинив :nevin: и после некое време со пола уста и тешко срце ми дозволи пристап во центарот :friends:(кој беше out of order околу 3-4 часа), но со опомена дека ако направам слична "шега" (не рече програма) последиците ќе бидат поголеми отколку обична забрана за пристап :hunter2:. ОК, беше фер, ми објасни и колкава е расположливата меморија и колкав максимално смее да биде програм кој пресметува итерации и услови.
Веќе имав статус на инвентар во сметачкиот центар, бев на шега впишан во инвентарскиот список кој висеше на ѕидот. И бев првиот студент кој можеше да ги испроба дометите на новата технологија, во видот на 386 персонален сметач :metal:. Кон истиот имаа пристап само асистентите и професорите.
 

CybeR

Intern
9 јануари 2008
15
1
Приказната е сварно супер.. Алал да ти е што си напраил..
ПС. на кој Факс?
 

Dac-14

Intern
12 декември 2007
75
0
Браво брат така треба да се извиниш.ххехехе.Па друг пат кога ќе сакаш да направиш нешто такво како што го нарече "зло дело" внимавај да ти успее.Со среќа
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Alien одлична приказна, нормално тоа не било со лоши намери но така испаднало само дали ќе сакаш да ни кажеш на кој факултет го направи ова чудо :))
 
M

Mr.Alien

Гостин
@Comander
@CybeR

На ниеден од нашиве во МК...во Белград.:tainstven:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,594
Мислења
824,197
Членови
28,086
Најнов член
martinivs
На врв Дно