Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Acer Aspire Touchpad doesn't work

PC_GAMER

Gaining Experience
16 јуни 2017
422
356
Здраво на сите!

Имам Acer Aspire ES 15 ES1-532G и во моментов се соочувам со нефункционален тачпад. Се обидов на сите можни начини со инсталација и деинсталација на драјвери и активација и деактивација преку биос и преку копчињата Fn+F7, преку сетингс, преку Device Manager, со информирање преку јутјуб, посета на центарот за поддршка на интернет-страницата на Аcer ама попусто - проблемот останува нерешлив. При истражување на Интернет се информирав и дека со 10-кава се појавувале вакви проблеми, вклучително и дека ако оперативниот биде инсталиран во некаков си Legacy формат на биос.
Инаку имам 10 Pro 64 bit и во моментов работам со поддршка со маус приклучен на USB-порта. Се друго е успешно поврзано и инсталирано на лаптопов. Единствено проблемот е само тачпадот.

p.s. Не ми пречи работата со маус ама некако ми е глупаво да влечкам мауси по мене кога сум во движење.

Ве молам за помош!
 
krema

Epic
24 јуни 2009
14.369
14.062
youtu.be
Не е лошо да објасниш како си го активирал, можеби некому подоцна со истиот проблем ќе му помогне твоето искуство!
 
PC_GAMER

Gaining Experience
16 јуни 2017
422
356
Секако дека имам намера да споделам со сите Вас. Сека ќе Ви образложам во кратки црти, а утре ќе најдам време за подробно.

Всушност, јас се обидов преку апдејтирање на драјверот преку Device Manager-от, само со разликата што овој пат јас му го одредив директориумот од каде треба да ги црпи податоците за апдејтирањето на драјверот наместо да го прави тоа автоматски 10-кава. Поточно: Device Manager/Mice and other pointing devices/ELAN Input Devices/Driver Update/Browse My Computer for driver software/Let me pick from a list of device drivers on my computer/го одбрав фајлот (претходно екстрактиран на Десктоп)/го одбрав фолдерот х64/ок и толку беше постапката.
 
Последна промена:

PC_GAMER

Gaining Experience
16 јуни 2017
422
356
Сакам, исто така, да напоменам дека постапкава ми беше претходно позната меѓутоа еве дури сега ми успеа да го активирам тачпадот. Не знам колку е сигурно ова и дали ќе функционира кај сите модели на Acer лаптопи. Но, барем засега (дури сега кога работам со него додека постирам и разгледувам по форумов), се оди мазно со тачпадов.:)
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
9.171
14.225
Очекувано. Таков проблем се јавува со бајаги хардвер и со истион начин и се решава. Без паника молам :)
 
PC_GAMER

Gaining Experience
16 јуни 2017
422
356
Се извинувам за моето постирање кое е со задоцнување. Цел ден работев на еден печатар кој буквално го расклопив и повторно склопив во целост само заради прочистување на печатарските глави од кертриџите, и дури сега завршив со него.

Да се вратам на темата...

Се разбира @Astro :p...

Се започна со проблемите околу изборот и начинот на купување на лаптоп (Астро веќе беше запознаен со причините за ова и ми понуди несебична и безусловна поддршка - огромна благодарност до него за разбирањето и покажувањето подготвеност да помогне онолку колку што може), но тоа е веќе друга приказна. Да скратам...
Кога веќе го донесов дома лаптопов веднаш почнав да се организирам околу неговото средување (инсталација на оперативен, драјвери, антивирус, програми, ова-она итн.). Меѓутоа, уште на почетокот наидов на пречка, а тоа беше токму непрепознавањето на УСБ стикот со оперативниот во него (иако го направив бутабилно и иако веќе го имав активирано да го подигне него во биосот). Едноставно се појавуваше светло син екран кога ќе го приклучев стикот. Подоцна, после подетално разгледување на биосот, ја пронајдов опцијата за промена од UEFI во Legacy, каде што при промена на овие параметри ме извести порака во која (не разбрав многу добро) за подобра работа на Windows 8 и поновите верзии на оперативни системи дека подобро ќе биде да се остане на UEFI. Повторно да скратам... Откако успешно ја инсталирав 10-ката, и драјверите и антивирусот и останатите основни програми кои ми беа потребни остана уште тачпадот да се активира. Проблемот со истиот го забележав уште со првото покренување на оперативниот и заклучив дека ќе ми треба маус за да продолжам се додека го средам лаптопот во целост.
Му ги инсталирав сите драјвери од цд-дискот Acer, меѓутоа не се појавија никакви ефекти со тачпадот, при што веднаш решив да побарам помош на Интернет, Јутјуб, па дури потоа кај Вас на форумов. Прво што забележав при моето мало истражување е тоа дека овие серии на лаптопи од оваа марка често знаеле да прават проблеми со тачпадот и дека најголемиот дел од нив не можеле да се средат (што значи, јас во овој случај сум еден од исклучоците:)). Исто така, забележав и дека проблеми може да предизвика и 10-кава, потоа драјверите ELAN и Synaptics доколку двете истовремено биле инсталирани итн. Не знаете само колку ме иритираше цело време што работев на лаптоп со маус. Не заради тоа што не е комотно работењето или слично, туку заради тоа што практично бев хендикепиран со неговата употреба кога сум во движење. Единствено ми остануваше солуцијата да носам со себе и еден мал маус. Затоа решив да истражувам подлабоко за да го надминам ова.
Патем... се работи за следниов Acer.
Не знам колку пати и во кои варијанти се обидов да ги инсталирам и деинсталирам ELAN и Synaptics драјверите меѓутоа безуспешно. Почнав да размислувам и за универзални драјвери, но освен овие два не најдов други на Интернет. Единствено постоеше едно аматерско видео со многу лоша видео-резолуција кое ме потсети дека можам мануелно да го определам директориумот од каде што може директно да се инсталира и препознае драјверот од хардверот (нешто што често го практикував кога имав Windows XP, ама потполно сум заборавил на тоа, затоа што поновиве оперативни скоро и да немаа потреба од ваква постапка). А најголемиот проблем беше тоа што не се појавуваше ELAN опцијата во Mouse Properties - нормално... затоа што не беше правилно инсталиран и правилно препознаен драјверот. Постапката за инсталација на драјверот веќе погоре детално ја споменав. Бидејќи сега работи нормално, да ви кажам искрено, се двоумам дали воопшто да го апдејтирам Windows-от, бидејќи имаше на Интернет искуства на одредени корисници кои по инсталација на апдејтот повторно не им работеле тачпадите.

Се извинувам за долгиот пост.:D
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
9.171
14.225
Мене едно нешто ме чуди во целава ситуација: ТАЧПАДОТ ТРЕБА ДА РАБОТИ СО ГЕНЕРИЧКИТЕ ДРАЈВЕРИ.

Јас никогаш во кариерава не сум имал ваков проблем. И Синаптикс и Елантек тачпадите работат out of the box. Драјверите служат само за мултитач, гестикулации, deadspace и за менување на сензитивноста.

Ако е важно што мислам јас би го рекол следново:
1. Чудно ми е што си чепкал во BIOS и си селектирал Legacy, си требал да инсталираш со UEFI. Чим не си можел со UEFI значи или ISO-то за Windows не ти е добро или USB-то не си го направил бутабилно за UEFI.
2. Чудно ми е и не би смеело да не работи тачпадот уште при инсталација на самиот Windows. Тоа се случува само кај Линукс и OSX.
3. Зошто побогу тој лаптоп си го зел? Зошто тој проклет QUAD кор процесор со TDP од 7.5watt?

Јас лично би потрошил малку време, би те замолил ако е изводливо да го добијам лаптопот на пола саат, да пиеме по едно пиво и да истражам што уствари се случило тука. Баш од овој модел (само без смешниов процесор) имам инсталирано цирка дваесетина комада. Имам цела фирма која е базирана на Acer хардвер со ES, E1, E5, V5 модели и никогаш не сум имал ваков проблем ниту пак сум ставал дополнителни драјвери. Секогаш и секое уредче работело со драјверите од самиот Windows. Барем Acer се одлична компанија во поглед на избор на компоненти, вакви работи ни би требало да им се случат.

Види па кажи ми дали може да го погледнам јас на пола саат. Секако најверојатно јас лично би го реинсталирал.
 
PC_GAMER

Gaining Experience
16 јуни 2017
422
356
И јас го делам истото мислење со тебе за генеричкиве драјвери. Меѓутоа, се уште не ми е познато зошто така (не)реагираше тачпадот. Единствено што ми паѓа на памет е тоа дека со него доаѓаше некој претходно инсталиран софтвер за DOCs - нешто така, како што и ти спомна (дали Линукс, ОС... искрено не ми текнува, а сега проверив и на веб-страницата на АМЦ ама ја имаат избришано таа карактеристика - претходно така пишуваше). На друго не ми паѓа памет. А замисли, дури се крахираше при покренување на таквата програма кога се обидував првите пати да го уклучам лаптопот. Добив впечаток како да не е инсталирана во целост. Дефинитивно бизарна ситуација.:suprised:

Секако дека е добредојдено твоето и на било кој друг член од форумов мислење. Впрочем, тоа е и целта на истиот - разменување на искуства, мислења, дебатирања, надополнувања, коригирања, давања конкретни насоки, негодувања, несогласувања итн. Да не набројувам...:carefree:

По однос на првата точка - Морав да преземам некакви конкретни чекори бидејќи лаптопот мораше што поскоро да го направам функционален, бидејќи имам некои проекти во застој кои треба да бидат завршени без задоцнување. А некако сум во движење периодов. Инаку, напротив, ISO-то беше бутабилно во USB-стикот. Сигурен сум во тоа, бидејќи го направив со RUFUS, а се обидов и со NoviCorp. Сменав и неколку стикови ама попусто кога се работеше за лаптопот. Како некој инает да го имаше фатено. Единствено се појавуваше син екран без курсорот - како да беше закочен. Додека пак на десктопов дома и на, исто така, еден од комшиите успешно беа препознавани и покренувани од биосите - и тоа со UEFI опцијата.

По однос на вторта точка - Веќе образложив погоре дека веќе системот беше со некаков DOCs оперативен, базиран на Линукс, ОС или што и да е (согласно карактеристиките наведени на веб-страницата на АМЦ).

По однос на третата точка - Мислам дека претходно ти спомнав дека од порано требаше да имам веќе набавено лаптоп ама некои болнички трошоци ми го изедоа буџетот кој го имав планирано за истиот. Поради тоа, бев приморан да набавам било каков, во рамките на цената која се уште е наведена на веб-страницата на АМЦ, иако требаше уште тогаш да го прифатам твојот предлог за моделот кој го даваше колегата @Dinamit. Ама тоа е тоа - пропуштена прилика. Кога би бил домашниот буџет постабилен и без непредвидени трошоци како тогаш, тогаш сигурно дека ќе земев и од i3, па дури и некој ентри левел на i5 процесор. Ама здравје некој следен пат.:)

Секако, и јас размислував за реинсталација на Виндовсот ама, како што кажав погоре, во моментов ми е потребен за реализација на одредени проекти кои се веќе содржани во HDD-дискот. Ако се нафатам на реинсталација, сигурно дека ќе има застој во проектите, а тоа е најмалку посакувана работа во моментов. Вака засега е добро, барем додека работи на проектите. Ако веќе се појават проблеми, е тогаш веќе нема бегање и ма**р ќе му е**м на лаптопов:D.
Би сакал да го провериш ама периодов патот не ме фаќа накај Скопје.
 
Живи и здрави :)
Кога би можеле би пробале.

Патем, среќно и лесно со проектите

Sent from my Redmi 4 using Tapatalk
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
46.096
Мислења
955.363
Членови
34.503
Огласи
2.307
Најнов член
raimraim.
На врв Дно