D
Администратор
АЛБАНСКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ВО „ИДРИЗОВО“ ПРАШУВААТ
Како може претседателот да помилува криминалци?
Албанските затвореници во „Идризово“ се против амнестирањето на Александар Верушевски од страна на претседателот Бранко Црвенковски, се вели во соопштението на затворениците, пренесува албанската новинска агенција ИНА. Затворениците-поранешни припадници на ОНА побараа од албанските партии да ја осудат амнестијата на Верушевски. Тие велат дека имаат поддршка и од другите затвореници, затоа што Верушевски има тешко криминално досие. „Бараме од ДПА и ДУИ да го осудат помилувањето и да побараат објаснување од Црвенковски, зошто го амнестира Александар Верушевски, кој има тешко криминално досие“, велат затворениците. Тие подготвуваат петиција за нивно помилување. „Како може институцијата претседател на државата да помилува криминалци со тешки криминални досиеја. Ќе ја испратиме петицијата до државни и меѓународни институции. Кога може да бидат помилувани криминалци, зашто не и ние, кои сме осудени за политика и тероризам“, се вели во соопштението на затворениците од „Идризово“.

Ништо политички.... туку самиот текст ми беше премногу смешен! Новинари освестете се ееееееј... какви глупости објавувате!!!