1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

A1 (поранешно VIP)

Дискусија во форумот 'A1 (Vip/Blizoo)' започната од unknown-xx, 21 Март 2012.

  1. BlueBaron

    BlueBaron
    Gaining Experience

    180
    143
    19 Јануари 2016
    Машко
    Студент
    Веќе подолго од месец дена имам проблеми со домашниот интерент, кога навечер накај ова време, интернетот е катастрофално спор и паѓа од солидни ~48 Mbps преку ден, на очајни 50Kbps навечер. (Зборам за WIFI преку нивниот модем/ рутер)

    Вреди да се спомне дека преку кабел интернетот е +50 Mbps секогаш па дури и навечер кога преку безжичен паѓа на тие 50Kbps. На почеток се двоумев дали е до рутерот, го сменив со друг, пак исто. Секој ден, иста приказна. Преку ден супер, навечер иста мака.

    Незнам кој е проблемот, но секој пат кога се јавувам ми продаваат различни детски приказни и никако да пратат екипа да видат што е проблемот. Мизерија.
     
  2. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,690
    1,141
    16 Јуни 2010
    Машко
    Види од нивниот уред (модем/свичер/рутер) WIFi е катастрофален и не ти препорачувам за користење. Било кој ефтин asus/tp-link ке ти заврши работа. Очигледно не е до нив проблемот ако и навечер на кабел си вадиш брзина околу таа за која плаќаш.
     
  3. BlueBaron

    BlueBaron
    Gaining Experience

    180
    143
    19 Јануари 2016
    Машко
    Студент
    Од која причина само навечер би се случувало, исто време, секој ден?

    Како што напоменав, исклучив WIFI од нивниот модем и интернетот го рутирав на мој рутер, Tenda. Релативно нов рутер, купен пред година и нешто. Истата работа, ајде да кажам место 50Kbps добивав 80Kbps.
     
  4. BlueBaron

    BlueBaron
    Gaining Experience

    180
    143
    19 Јануари 2016
    Машко
    Студент
    Од која причина само навечер би се случувало, исто време, секој ден?

    Како што напоменав, исклучив WIFI од нивниот модем и интернетот го рутирав на мој рутер, Tenda. Релативно нов рутер, купен пред година и нешто. Истата работа, ајде да кажам место 50Kbps добивав 80Kbps.
     
  5. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,774
    5,525
    21 Јануари 2009
    комшиите ти симињаат
     
    bxxxn, Oktar и на BlueBaron им се допаѓа ова.
  6. krema

    krema
    Professor

    9,265
    8,996
    24 Јуни 2009
    Машко
    Пробај да смениш канал на вифи.
     
  7. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    407
    311
    11 Декември 2009
    Ова што го зборуваш нема смисла
    Ако преку кабел имаш 50мбс и твојот рутер си го поврзал преку кабел, тогаш сигурно и на вифи ќе имаш иста брзина ако се поврзеш на твојот рутер
    Или пак имаш проблем со уредот со кој што меруваш
     
  8. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    971
    667
    1 Јуни 2016
    Чек .. ШО?

    [​IMG]
     
  9. BlueBaron

    BlueBaron
    Gaining Experience

    180
    143
    19 Јануари 2016
    Машко
    Студент
    Нели???

    Затоа неколку пати побарав да пратат екипа пошто стварно нема смисла, да добивам катастрофална брзина преку безжичен и тоа со два разлчини рутера, а добра брзина преку кабел. А еве екипата уште ја чекам, веќе месец дена. ¯\_(ツ)_/¯
     
  10. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,690
    1,141
    16 Јуни 2010
    Машко
    Ајде сега пробај у друга соба или направи споредба со наефтиниот 740N па ке правиме муабет. Факт е дека имаат инфериорен Wifi сигнал што е потврдено на форумот од куп луѓе а и самиот го имам приметено кај неколку луѓе. А да не зборувам дека греат како луди, повреме комплетно се губат или што и уште не. Оваа не важи само за Cisco Docsis модемите (ако сеуште ги даваат) друго канта опремаат даваат генерално.

    @BlueBaron сигурен си дека ги прочепка сите опции на tendata? Смени канали, пробај со 40mhz, тестирај со друг уред. Не ми е јасно што е проблемот, ама немаш основа за барање екипа, локален проблем е.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,185
    1,218
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Дали јас погрешно разбрав или A1 се лопужи невидени!
    Туку што ми стига порака дека „користам некоја си роаминг услуга“ иако не сум во роаминг, ниту пак сум ја активирал!
    73086111_405217523480089_5533117337059721216_n.jpg
    Веднаш се јавив во контакт центарот да ми објаснат во што е работата, и девојчево ми објасни дека:
    „Доколку се наоѓам во некоја од наведените држави, дојдовен повик ќе ми го наплаќаат по 29 денари, а доколку ја ДЕ-активирам услугата, дојдовните повици ќе ми се сметаат по стандардните роаминг цени“.
    Океј, спуштив, и доволно беше да ги побарам „стандардните роаминг цени“.
    2019-10-22 11_57_58-Роаминг - A1.png
    Стандардно дојдовен повик им е 2,9 денари! Значи А1 по дифолт за тие што нема да ја деактивираат услугата ќе ги чарџа за некои си 10 пати повеќе од вообичаено!

    и за крај...
    75375594_926191801113740_4523207119444377600_n.jpg
     
    DrMTR, ТАТА_МАТА, Avid и на уште 1 им се допаѓа ова.
  12. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,333
    9,748
    23 oктомври 2012
    Машко
    Па во принцип не гледам ништо спорно... ти некогаш си активирал некоја услуга и сега те советуват да ја деактивираш за да твое добро, не би требало они да ти ја деактивираат автоматски, нели?
     
  13. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,774
    5,525
    21 Јануари 2009
    -2 бе
    -2
    хахахха
    ѕвер
     
  14. Andrejrulz

    Andrejrulz
    Gaining Experience

    55
    59
    14 oктомври 2014
    Машко
    JavaScript Developer
    Тоа е многу добра опција, ако патуваш во земји подалеку од нашиве соседи... на пример одиш во Италија, дојдовен повик ти е повеќе од 70-80 денари минута, со оваа опција ти доаѓа за 29 ден /мин.

    Ова со поевтиниве цени за соседиве е од пред некој месец ако не се лажам, и убаво си кажуваат од ВИП да ја деактивираш таа опција за може да се користат новите поевтини цени. Очигледно на сите ни пратиле иста порака, и е многу коректно.

    Од друга страна, ако се деактивира таа опција, нема да ја имаме кога ќе добиваме дојдовни повици во други земји.
    Претпоставувам тука секој треба сам да одлучи која опција му треба. Дали патува во соседство па му требаат тие поволни роаминг цени, или патува малку подалеку, па му треба 29 ден/мин дојдовен повик.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,333
    9,748
    23 oктомври 2012
    Машко
    Се слагам, и секако треба да те обавестат пред да ти вклучат или исклучат услуга која ти си ја активирал намерно. Инаку тоа со дојдовни повици во роамин мислам дека важеше само за одредени земји, али не сум добар со памтење веќе, се насобраа години...
     
  16. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    910
    452
    5 Јуни 2007
    Машко
    Дечки, имам рандом глуп проблем со интернетот од А1 сега да го кажам. Во март месец ставив кабелски интернет со 100мб брзина. Се си работеше супер се до моментот кога вип не стана а1. Тогаш почнаа рандоа дисконекти т.е неможам да отварам страни, не работи вибер и слично, значи тотално снемува интернет, а преку цмд можам да пингам се и сешто.

    Исто така приметив дека кога пробувам да отворам веб страна, вти вти и на крај вика "Taking too long to respond бла бла" и тоа ме тера да мислам дека користат некој прокси сервер преку кој ги рутираат сите корисници и се дешаваат проблеми. Претходно во времето на вип ваков проблем не сум забележал, поготово не со такинг ту факинг лонг то респонд проблем.

    Ќе поднесам жалба искрено веќе ми се смачи вака рандом да ми се случува истото у сред работа, само незнам како ќе докажам што уствари се дешава со интернетот. Ако имал некој сличен проблем, нека даде некој совет. Ја и идел на карта да го раскинам договорот по можност со асистенција од АЕК ама за тоа треба првин да поднесам 3 приговори по ред мислам.
     
    На causevd и burce им се допаѓа ова.
  17. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    971
    667
    1 Јуни 2016
    Jaс еднаш само го имав овој проблем (пакет 100/3), пред 2 години, се јавив, бапнаа hard reset на модемот, и толку. Не можам да се пожалам до ден денес.
     
  18. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    910
    452
    5 Јуни 2007
    Машко
    Ќе се обидам утре со ова, ќе им се јавам и ќе се пожалам директно во кол центар. Фала за сугестијата
     
  19. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    826
    1,755
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Јас ги имав тие проблеми. Се жалев многу пати. Доаѓаа сервисери, менуваа модеми/рутери... околу 3 месеци така, па ми истече договорот и го решив проблемот, сега сум на Телекабел и да чукнам во дрво до сега се ок :)
     
    На petkotrajko му/ѝ се допаѓа ова.
  20. StefAngel

    StefAngel
    On your way to fame

    1,300
    795
    28 ноември 2015
    Машко
    Никад а1, екс вип, екс близу
     
  21. burce

    burce
    Intern

    268
    38
    1 Април 2009
    Истиот проблем го имам веќе месец дена. Што не направив, 20 пати пријавив, и рутерот го сменија, не и не. Интернетот работи комплетно рандом. Не знам што се случува, ама и мене ми се чини дека откако се ребрендираа во А1 почна проблемите. Како да треба многу време да се воспостави конекција. Откако ќе се воспостави, тера. Да речеме youtube може да работи, ама да отвориш некој рандом сајт ќе се отепаш од чекање.

    И мене цело време истата приказна ми ја вртат, проблемот го бараат кај мене, а јас немам ништо сменето, се си е исто.
     
  22. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,648
    6,787
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Screenshot_14.png

    Тие си имаат некои интерни проблеми откако се ребрендираа, исто и кај мене кашла одвреме навреме, имаше пред некое време и масивен blackout во реон карпош, повеќе од 24 часа немаше интермец.
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    910
    452
    5 Јуни 2007
    Машко
    Class action suit да ги стегнеме :D
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. petelko23
    Одговори:
    769
    Прегледи:
    55,321
Вчитување...

Сподели

Вчитување...