1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

A1 (поранешно VIP)

Дискусија во форумот 'A1 (Vip/Blizoo)' започната од unknown-xx, 21 Март 2012.

  1. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,401
    1,544
    25 Март 2013
    Машко
    Одамна имаат дигнато раце од кориснички фидбек. Види им ги коментарите на секој нивни Фејсбук и твитер статус
     
    Krkac, RoninMK, snowkit и на уште 1 им се допаѓа ова.
  2. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    228
    176
    21 Мај 2017
    3 upload у 2019, па дури и тој не го испорачуваат, не знам што е толку проблем да се зголеми upload-от, дали се штитат од seed-ање торенти или нешто друго господ знае.
    Нека намалат 10 од download и нека го додадат во upload, исти bandwidth ќе е.
     
  3. SmartGuru

    SmartGuru
    Gaining Experience

    335
    310
    27 Јануари 2013
    Машко
    Junior Ruby on Rails Developer
    Поздрав од ADSL корисник.
     
    Lokvan, HoLfElDeR, itstheigyg и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. krema

    krema
    Professor

    9,119
    8,849
    24 Јуни 2009
    Машко
    Кај мене е симетричен 50/50 благодарение на LAN зона, но првата прилика кога ќе мигрираат во DOCSIS ќе им бегам, не можам да замислам 3mbps upload.
     
  5. 123456

    123456
    Gaining Experience

    863
    427
    12 Април 2013
    Машко
    Зар филмовите што ги шерувам по дома ми лапа нет??
    smb.png
     
  6. stormce

    stormce
    Intern

    36
    11
    8 Февруари 2018
    Машко
    Не ти троши интернет, само мери и сообраќај на локална мрежа

    Sent from my SM-J530F using Tapatalk
     
  7. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,401
    1,544
    25 Март 2013
    Машко
    Се разбира. Дали ти прикачуваш или симнуваш, се е тоа сообраќај/ размена на информации.
     
    На 123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. krema

    krema
    Professor

    9,119
    8,849
    24 Јуни 2009
    Машко
    Во локална мрежа не се рачуна потрошен интернет сообраќај.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,401
    1,544
    25 Март 2013
    Машко
    Не разбирам. Како мислиш во локална мрежа?
     
  10. Робсо

    Робсо
    Intern

    26
    12
    1 Септември 2018
    Машко
    Кај мене е до 25ти активен значи околу 18-19 дена, а не 30. Јас сум уште на старата Селект тарифа.
     
  11. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,334
    9,694
    23 oктомври 2012
    Машко
    Во апликацијата и кај мене стои до 25ти, ама на сајтот стои до 4.10.
     
  12. krema

    krema
    Professor

    9,119
    8,849
    24 Јуни 2009
    Машко
    LAN - Local Area Network

    Членот @123456 претпоставувам шерува HDD-a со филмови за да си има до нив пристап преку локална мрежа т.е. да си гледа филм на смарт ТВ.
    Ваквиот трансфер на податоци е локален и може да го остварува без интернет врска.
     
    Последна промена: 17 Септември 2019
    DonFrozex, ТАТА_МАТА, stormce и на уште 1 им се допаѓа ова.
  13. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,401
    1,544
    25 Март 2013
    Машко
    Сега се разбравме. Јас зборев за seed-ње на торентите на интернет, а ти за лан. Сега е се јасно
     
  14. despotovikj

    despotovikj
    Gaining Experience

    1,001
    470
    7 Март 2014
    Машко
    Дали од кога ќе се активираат 10GB може да се избрише апликацијата ?
     
  15. efto

    efto
    Gaining Experience

    272
    215
    19 Април 2007
    Да. Исто така можеш и на еден уред да ја инсталираш апликацијата и да се логираш со повеќе кориснички имиња. Сите ќе ја добијат промоцијата.
     
    На despotovikj му/ѝ се допаѓа ова.
  16. PeroLozac

    PeroLozac
    Intern

    14
    9
    11 Јули 2018
    Машко

    Со истиов проблем се соочувам и јас. Идентичен аплоуд и кај мене појавува. Пријавив со скриншотови во месенџер, утредента ми се јавија, божем ме смениле на побрз канал, ама аплоудот беше едвај 0.2 mbps. И дечкото што збореше рече дека нешто модемот бил проблематичен, ќе пуштел налог да го сменат.

    Прееска кај 18:30 часот помина екипа и во тие моменти мерењата беа околу 0.7 Mbps аплоуд при што имаше убедувања дека ете се е ок, зошто е пријавено, па им покажував скриншотови од разговорот со А1 во месенџер.
    Притоа само ми сменија сплитер (модемот не го сменија), и по промената на сплитерот едно 10-тина минути вршеа мерења на кои аплоудот беше 0.9-1 Mbps и си заминаа.
    Но еве после неколку часа проблемот се врати повторно.

    Пред да ми кажете да бегам од нив, не би имал друг избор освен Телеком и нивната наследена југословенска мрежа со двете бакарни жици на кои ќе добијам 10 мбпс интернет.
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  17. it_boy

    it_boy
    Gaining Experience

    148
    157
    9 Јули 2018
    Машко
    Дали вреди да се префрлам од телекабел на А1? бидејќи праќам пораки многу и сум на пакетот 500 и секојпат ми иди сметка 700-800 и повеќе а во а1 за 649 имам неограничени повици и смс +15гб интернет е сега ме интересира дали мрежата е добра и 4г брзина?
     
  18. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    896
    1,055
    9 Јуни 2011
    Машко
    Не знам дали знаевте, но има начин како да промените број од Постпеид на Припеид, во мрежа на А1/ВИП.

    Поради лични причини, бројчето што го користам 7-8 години на претплата од ВИП сакав да го задржам и да го користам понатаму кога ќе се враќам во МК, но да не плаќам месечна претплата, пошто нели, нема да ја користам :)

    Фино лепо се јавувате на некој посебен одел на А1 на 0800 1111 8 (не, не е број на хот лајн :D) и објаснувате дека поради заминување во странство и долго годишно користење на бројов (или наведи причина) сакате да го задржите бројчето, и да го користете повремено кога ќе си се враќате дома.

    Битна работа што ми кажа тетката од контакт центарот е да бидат учтив кога ќе ѕвонам на другиве и да им објаснам културно (ако треба и доказ да приложам, пр. авионски лет), затоа што ова не било регуларна процедура и ретко се правеле вакви исклучоци.

    За два дена "процедурата" се завршува. Втората вечер телефонот ми беше недостапен дури траеше процедурата, но со рестартирање утредента - се врати мрежа и почнаа да стигаат пораки дека не си веќе претплатен. Не мораше воопшто да одам до салон или да приложувам документи.

    Ме чуди како до сега не се нашол некој вработен од А1 на форумов да ја сподели информацијава, или па можеби забрането им е...
     
    На Krkac, RoninMK, Misko6000 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  19. Uber-

    Uber-
    Gaining Experience

    93
    91
    23 Август 2017
    Машко
    Занаетчија
    700-800 е секако повеќе од 649 па сега ти сам размисли. Еве ти тест од лисиќе Screenshot_20190921-221423_Speedtest.jpeg

    Испратено од тенекија
     
    На it_boy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    726
    663
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Можеш и на линукс.

    Ќе направиш фајл total.txt.

    Во зависност на дистибуцијата пред init 0 или 6, или по ново shutdown или reboot, ќе ги извадиш податоците од мрежната карта:

    touch total.txt | ip -s a show dev wlp4s0 | awk '/RX: bytes/,/TX:bytes/' | awk '{ print $1 }' | paste - total.txt | awk '{if ($1 ~ /^[0-9]+$/) print ($1 + $2); else print $1; }' > total.txt

    Во total.txt ке ти стави вкупна состојба на сообраќај.

    За моментална состојба најдобро е да си направиш функција која ќе се сорсира секое логирање на системот со следнава содржина:

    touch total.txt | ip -s a show dev wlp4s0 | awk '/RX: bytes/,/TX:bytes/' | awk '{ print $1 }' | paste - total.txt | awk '{if ($1 ~ /^[0-9]+$/) print ($1 + $2) /1024**3 " GB"; else print $1; }'

    На истекот на секој месец ќе си ставиш cron кој ќе ти става фајлови со месечна состојба или па дневна. Ќе прави пресек. Можеш тој момент да го избришеш тоталот за да се рестартира состојбата кај бројачот на нула. Статистика од адаптер се брише со тоа што ќе го спуштиш мрежниот адаптер, ќе го откачиш мрежниот модул, ќе го закачиш мрежниот модул и ќе го кренеш мрежниот адаптер. Така на poweroff или reboot ќе влезат податоци во тотал.
     
    На bxxxn и krema им се допаѓа ова.
  21. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,728
    3,073
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    ifconfig eth0 down
    ifconfig eth0 up

    Доволно е ова за ресетирање на статистика?
     
  22. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    726
    663
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Не, мора да се рестартира модулот на кернелот, да го извадиш и да го ставиш пак.
     
  23. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,728
    3,073
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Појќе ми беше прашањето за интегрирана мрежна кај шо не можиш физички да ја откачиш од на матична
     
  24. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,334
    9,694
    23 oктомври 2012
    Машко
    На вој начин ќе добиеш статистика за целиот сообраќај не за интернет сообраќајот. Такво нешто мора да се мери на рутер никако на клиент. Јас месечно само низ локална мрежа имам неколку терабајти сообраќај, нема никаква логика вакво нешто.
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    726
    663
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Истото и windows го прави. Јас направив пајпови за го добијам истото само за линукс.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. petelko23
    Одговори:
    763
    Прегледи:
    54,396
Вчитување...

Сподели

Вчитување...