1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

7 митови и вистини за батериите на мобилните

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од Fatal1ty_, 1 Јули 2014.

  1. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,260
    24,692
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Во последно време сме се наслушале сакави моабети околу батериите на мобилните телефони и како тоа треба т.е нетреба да се полнат и празнат.
    Сакав еднаш за секогаш да сепарираме што е вистина а што е мит кога се во прашање батериите на мобилните телефони. Направив кратко истражување од кои добив интересни и поткрепени одговори на моите прашања.

    1. Да се наполни телефонот пред употреба?

    МИТ: Повеќето упатства тврдат дека тоа е потребно пред употреба, но сето тоа е непотребно, т.е нема никаква штета ако пропуштите да го ставите на понач пред да го користите вашиот нов телефон.
    Ако сте приметиле сете производители оставаат скоро половина полна батерија, најчесто станува збор за 40% кај андроид уредите. Ако тоа не е случај кај вашиот нов телефон, можеби треба да проверите дали батеријата (а и телефонот) е навистина нов.

    2. Да се ресетира телефонот еднаш неделно?

    ВИСТИНА: Мобилните како и сите преносни уреди е потребно да се рестартираат (исклучат на неколку минути) со цел „да земат воздух“ и да се исчисти и ресетира меморијата.

    3. Полнење на телефонот цела ноќ?

    МИТ: Многумина имаат навика да го оставаат телефонот на полнач преку целата ноќ, но тоа воопшто не е добро за вашата батерија. Вистина е дека уредот ќе го исклучи полнењето одкако ќе биде 100% полн, но сеедно предолгото седење на полнач може да предизвика „течење“ на батеријата.

    4. Користење на уредот додека се полни не е дозволено

    МИТ:
    И покрај тврдењата дека додека се полни телефонот нетреба да се користи, бидејќи е ризично и лошо за батеријата е чиста невистина. Уредите можете слободно да ги користите додека се полнат, тоа ќе резултира едноставно со по-споро полнење.

    5. Да не се изложува уредо на висока температура?

    ВИСТИНА: Високата температура и штети на батеријата. Може да дојде до „течење“ или недајбоже до експлзија. Избегнувајте да го оставате вашиот уред подолго изложен на дирекно сонце.

    6. Не го оставате мобилниот испразнет „скроз“ испразнет

    ВИСТИНА: Немојте телефонот да го оставете празен предолго време. Полнете чиме се испразни. Предолгото држење на празна батерија може да резултира со „смрт“ на батеријата.

    7. Да се полни телефонот одкако ќе се испразни целосно

    МИТ: Ова е митот што најчесто кружи околу луѓето. Можеби за „глупавите“ телефони важеше ова правило, но во денешно време е сосема сеедно на колку „цртки“ ви е батеријата кога ќе сакате да ја полните.
     
    На DexTerMAN, Daniel86, HEPBO3HA и уште 25 други им се допаѓа ова.
  2. Trajkou2

    Trajkou2
    Intern

    59
    35
    18 Март 2014
    Машко
    секоја чес многу добро објаснето
     
  3. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,008
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Во друга тема и psyside дел од овие информации ни ги пренесе.
    - Имаше еден интересен дел, не е потребно до 100% да се наполни батеријата?
     
  4. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,834
    24,965
    4 Септември 2008
    Li-ion батериите = 4.1V = 95% капацитет, до 4.2v = 100% но далеку побрз крај на векот на батеријата. на кратко од 4.1V или да речеме некои 90% на статус бар, добиваш само 5% капацитет, а губиш 3x циклуси на полнење....
     
  5. darko_spiroski

    darko_spiroski
    Intern

    15
    2
    4 Август 2014
    Не го разбрав ова со волтиве :/
     
  6. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,478
    8 Април 2011
    Машко
    Нели една научна институција докажа дека ако батеријата ја полниш пред да се испразни целосно таа ке го запамти тоа и тие 20% што си ги оставал неизпразнати ке се изгубеле во некоја смисла, дури имаа име за таа појава.Тоа го утврдиле со некој сателит на наса кој се полнел на соларен погон на секој 12 или 24 саати кога сателитот ке се свртел на страната на сонцето и слично а батеријата држела 20 саати предходно но по долг таков циклус како да запамтила дека на секој 12 саати се полни и веке после 12 саати неполнење таа покажувала дека е празна!Незнам како го испитале ова но така сериозно беше потврдено со факти и објаснениа до детали за таквата појава, зошто и како се дешавала.И дека истото се дешавало и кај мобилните и кас секаков вид на батерија без разлика каква била само кај некој побрзо се дешавало кај некој покасно и со помал интензитет.
    Е сега не дека јас верувам или се разбирам во ова но сепак сериозни научници и инжињери го правеа испитувањето па реков да го споделам.Ова г о читав во СВЕТ компјутера пред неколку години.
     
  7. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран

Сподели

Вчитување...