1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

6 работи кои не нервираат кај Android!

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од DaVoRkNe, 6 Април 2015.

  1. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,814
    3,979
    1 Септември 2011
    Машко
    Вчера го критикувавме iOS и ги набројавме 6-те работи кои ни сметаат кај него. Денес, на нашата мета се најде најпопуларниот оперативен систем во светот...
    102312Samsung.jpg
    1. Неконзистентен дизајн
    Иако Google направи огромен чекор со Android 5.0 и Material Design, сепак голем број на апликации сеуште го немаат имплементирано и сеуште имаме различни теми во некои од нив. Дополнителен проблем е форматирањето на текстот...
    102502Design-inconsistency.jpg
    2. Апдејти на оперативниот систем
    Пред фактите и боговите молчат! Освен доколку поседувате Nexus уред, тогаш апдејтите за вашиот телефон доаѓаат дури и пола година по нивното иницијално појавување. Кај iOS, немате таков проблем и уреди стари 3 години сеуште се поддржани.

    3. Непотребни апликации
    Истата критика ја имавме и кај iOS, но овде е поголема за 3 пати, бидејќи покрај Google, непотребни апликации става производителот (Samsung, LG итн.) и мобилниот оператор.

    4. Апликации
    Иако има повеќе апликации на Play маркетот, сепак на iOS има голем број на ексклузивни игри и наслови кои можеби никогаш нема да се појават на Android. Дополнително, скоро сите апликации прво се појавуваат за iOS, па дури потоа за Android.

    5. Функции и сетинзи на различни места
    Секој производител го модифицира Android, така што треба отпочеток да учите каде се наоѓа одредена функција. На пример, гасењето на auto-correct на iPhone секогаш е на истото место, додека на Android е различно од телефон до телефон.

    6. Недостаток на квалитетен Cloud бекап
    Додека iOS ви нуди iCloud Backup, кој е едноставен и лесен за користење, ова сеуште не е целосно емулирано на Android. Засега, за да направите целосен бекап на уредот, треба да го рутирате, да направите компатабилен custom recovery и потоа да креирате Nandroid бекап.

    Преземено од Gsm.mk
     
    На mdeni и DarkEnchanter им се допаѓа ова.
  2. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,395
    2,489
    9 Февруари 2011
    Уште еднаш да те прашам: Ти бе да не работиш за епл?
     
    Teget, cipiripi, Андреј Стерјев и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,760
    1,250
    17 Август 2014
    Машко
    Не, работи против андроид.
     
    dejan_str, Андреј Стерјев и на SteelPanther им се допаѓа ова.
  4. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,395
    2,489
    9 Февруари 2011
    А ти си му портпарол? Не те прашав ништо тебе.
     
    Necromancer, FLEGMA и на bogoevski им се допаѓа ова.
  5. Андреј Стерјев

    Андреј Стерјев
    Gaining Experience

    250
    68
    24 Јануари 2015
    Машко
    Аман бе друже во секоја можна тема ги хејташ Андроид/Самсунг. Или така ми се чини?
     
  6. bogoevski

    bogoevski
    Unstoppable

    1,649
    2,653
    29 ноември 2009
    Машко
    Сваштара
    vie nishto nese razbirate zatoa ise karate kupete si iphone sest plus najdobar ee 100000 posto

    Нетко меѓу нама није наш :)
     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,097
    1,383
    5 Септември 2008
    Машко
    1. Неконзистентен дизајн
    Ја знаеш разликата помеѓу конзистентност на дизајн и багови?

    "Дополнително, скоро сите апликации прво се појавуваат за iOS, па дури потоа за Android."
    Ова важеше во 2010...

    Муабетов е, да ве убедам сите во мојот вкус...
     
  8. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,395
    2,489
    9 Февруари 2011
    Не бе друже, не е така. Не ми се допадна што гледам 4 топици едно по друго кои го фалат едниот камп.
    Ништо повеќе од тоа. Иначе не ги сакам самсунг заради неоригиналноста (иако морам да признаам дека со последнава серија 6, особено edge конечно прават нешто навистина различно од сите останати), а баш немам ништо против епл, чак што више многу ги поштувам заради нивната оригиналност. Само ептен е ова.
     
  9. Андреј Стерјев

    Андреј Стерјев
    Gaining Experience

    250
    68
    24 Јануари 2015
    Машко
    На OP му зборував, 3-4 теми направил каде што го хејта Андроид. А за некои од причините во оваа листа и да не зборам.
     
    На Gaston му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,395
    2,489
    9 Февруари 2011
    А ок, извини.
     
  11. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,149
    4,859
    8 Април 2011
    Машко
    Во што се ејпал оригинални а другите андроид смартфони не се? Што е тоа што ги прави неоригинални другите? Дури дизајнот на ајфон е украден од Sony одамна, само тоа сите го заборавија сега. Едните имаат еден ОС другите имаат друг ОС, за разлика од ајпел со ИОС андроид и модиран од секоја фирма баш за да има оригиналност, да не е еден ист изглед и на сони и на ХТЦ и на самсунг и тн.
    Не ги хејтам на ејпал, но како коментирате се повеке и повеке станувам ајпл хејтер.
     
  12. despotovikj

    despotovikj
    On your way to fame

    1,039
    504
    7 Март 2014
    Машко
    Ќе го замолам членот да не ги пренесува/постира/копира текстовите од гсм.мк, тотално се без врска и без никаква заинтересираност,искрено незнам која ти е целта со ова, доколку некој го интересира што има на гсм, сигурен сум дека би ја посетил страната.
     
    На Teget, Nikola Sone, tupacan и уште 2 други им се допаѓа ова.
  13. Андреј Стерјев

    Андреј Стерјев
    Gaining Experience

    250
    68
    24 Јануари 2015
    Машко
    Инаку повеќето причини овде сепак држат место, но со текот на времето се поправаат, на пример Material Design се повеќе и повеќе апликации го користат а и проблемот со апдејтите полека се решава. Инаку не ми е јасно зошто некој би се нервирал поради причина 5, нормално е интерфејсот да е различен од телефон до телефон без разлика кој OS го има, инаку би било досадно и скоро сите телефони би работеле на ист начин што би било лошо според мене и не би имало никаква разлика во софтверот од телефон до телефон. Be together, not the same, како шо вика Google.
     
    На edin.ademovic му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,316
    6,432
    27 Март 2014
    Еве ги моите причини зошто се спремам да му кажам Збогум на андроид

    - Вечно гладен за системски ресурси. Скоро секој андроид телефон во денешно време се гледа да има повеќе рам (1ГБ и повеќе) за да може да се работи на него. Како за пример ајфон5/6 Лумиа, имаат по 1 ГБ рам меморија и работат одлично со 1ГБ рам додека андроидот закашлува посебно после одредено време кога теелфонот ке го наполниш со апликации.

    - 500 апликации со истата намена. Барем од гугл да ги сортираа, а не секакво ѓубре може да се симне од сторот. Дури и официјалните апликации знаат понекогаш да почнат да работат лошо, добиваш форс клоус ит итн ..

    - Андроид апликациите, (барем 80%) се кодирани во ЈАВА. Јава е програмски јазик чиј што код се извршува најспоро од компајлерот, и тоа го прави извршувањето на програмските задачи споро, или со одредени лагови, колку и да е внимавано кодот да е "чист" при создавање на апликацијата. Тоа е.
     
    На Teget, moongose, DarkEnchanter и уште 4 други им се допаѓа ова.
  15. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,395
    2,489
    9 Февруари 2011
    @DrMTR е ова е веќе издржан пост кој држи вода.
    И да, андроид е далеку од добар оперативен.
    Се нешто ми се чини како да во некоја и не така далечна иднина, Windows убаво да се пробие на ова поле.
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  16. B^nDIT

    B^nDIT
    Gaining Experience

    1,124
    311
    6 Февруари 2010
    Машко
    Ако имаш малку познавање на Далвик или ARТ ќе ти стане јасно дека тресеш глупости. Ти паѓа овој дел во вода.

    Оперативниот систем не работи како што размислуваш ти, а високата употреба на РАМ-от е ДОБРА работа и кога Андроид има потреба од РАМ ја ослободува.

    Google треба да почне построго со прифаќање апликации, тоа се согласувам.

    Какви глупости тресеш не си свесен. Овој дел ти е најкатастрофалниот. Компајлерот претвара plain text source во bytecode и нема никаква врска со извршување програми.

    Дали кодот е чист нема НИКАКВА врска со брзината, кодот треба да е чист само за да е организиран и полесно да се разбира од страна на програмерите.
     
    На P.Overdrive и vlavot им се допаѓа ова.
  17. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,455
    10,334
    23 oктомври 2012
    Машко
    Нели!!! Не ја ја сфаќам поентата со отварање на 4-5 теми со натписи од гсм.мк. Ај ја утре ке отворам тема за се што има на офнет. А башка што тоа гсм.мк ми е толку тиња сајт... сум приметил и дека на неколку пати кога тука било нешто пишано во форум, после саат време го има како статија на гсм.мк... фејл, ебате сајтот.
     
    На Teget, Necromancer, PandaBomber и уште 5 други им се допаѓа ова.
  18. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,316
    6,432
    27 Март 2014
    Фала детенце што ме просветли, сега мајкати нека ти го донесе млекото и право во кревет. Ајт пријатно.
     
  19. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,742
    5,709
    7 oктомври 2011
    kalfa
    Се слагам со се а најповеќе ме нервира ставка 3. Користам само андроид долги години али сасунг да ми има инсталирано 2345 програми кои не ги сакам и не можам да ги отсранам. Следен телефон ios ili windows
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  20. B^nDIT

    B^nDIT
    Gaining Experience

    1,124
    311
    6 Февруари 2010
    Машко
    Мојата возраст е сосема ирелевантна :) Ако овој ти е односот, нема потреба за дискусија. Посочи аргументи, ќе ти вратам двојно - со референци и статистички проверени факти.
     
    SteelPanther, Necromancer и на P.Overdrive им се допаѓа ова.
  21. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,097
    1,383
    5 Септември 2008
    Машко
    - Зарем ќе беше распространет колку што е јазикот JAVA доколку на било кој начин е поспор од друг јазик?!
    - И секој пат некој кога ќе каже како помалку системски ресурси му требале на ајфон... што тоа тебе ти менува многу ме интересира? Цената на подобрите уреди на кои андроидот глатко ќе лизга секогаш ќе биде пониска од ајфон. Или ти сакаш да купиш телефон од 100 евра и на него да лизга Lollipop само затоа што може воопшто да работи?

    И да, Андроид се прави за да работи на 300 видови на уреди со различни хардверски спецификации, а iOS на 3... ама изгледа не е тоа, ќе да е твојава логика, дека Apple најверојатно има подобри дивелопери од Google...

    п.с. очигледно не си видел ајфон со еден тон инсталирани апликации на него како "лета"
     
    На bobmkd и B^nDIT им се допаѓа ова.
  22. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,316
    6,432
    27 Март 2014
    http://www.jelovic.com/articles/why_java_is_slow.htm

    Јасно е наведено:

    Java programs use about double the memory of comparable C++ programs to store the data. There are three reasons for this:

    1. Programs that utilize automatic garbage collection typically use about 50% more memory that programs that do manual memory management.
    2. Many of the objects that would be allocated on stack in C++ will be allocated on the heap in Java.
    3. Java objects will be larger, due to all objects having a virtual table plus support for synchronization primitives.
    Немам потреба повеќе да наведувам. Тоа што си направил една апликација за натрепварот пред некоја година и ти ја избрале за победничка немора да значи дека Андроид е хај систем. Сеуште има време и време за да се испегла како IOS.
     
  23. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,097
    1,383
    5 Септември 2008
    Машко
    Ти другарче си го кликна првиот линк од резултатите во search, си прочита некоја статија бог-зна кога напишана и дојде и не просветли нас тука 'неинформираните' па уште успеа и по некоја суптилна навреда да уфрлиш за да ни покажеш каде ни е местото. Многу фенси, нема што. Знаеш што, да си купиш ајфон, најновиот, и по можност, златен. И не заборавај во секоја прилика на другарчињата да им раскажуваш колку е ЈАVA спора и срање .... ќе се отрујам...
     
    На bobmkd и The_Man им се допаѓа ова.
  24. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,149
    4,859
    8 Април 2011
    Машко
    Не мора да одиш на IOS ако самсунг те нервира со програмите, има андроид смартфони кој немаат 2345 апликации преинсталирани и на кој можеш да ги избришеш сите како Mi4 и сите Xiaomi Смартфони, како Nexus, ваљда и One plus one. Но тие програми воопшто не пречат, денешниов хардвер на андроид смартфониве може да се справи и со 30 апликации отворени (покрај системски работи). Ама и да забави, не е поентата, тоа ти е како ПЦ со јак хардвер да користиш само една програма затоа што нели и виндоусот ако го надрупаш со еден куп програми побавно ке бутира и побавно ке работи, така да работата е да има многу апликации кој ке работат доволно брзо а не да работи екстра брзо со 5-6 апликации. Нема смисла така, не е воопшто СМАРТ за да биде смартфон.
     
  25. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,517
    25,586
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Декa aндрoид имa дa се пеглa имa. Декa лoш кoд имa улoгa вo рaбoтaтa нa aпликaцијaтa имa. Амa речникoт и вoкaбулaрoт нa двсјцстa ви е...
     
    На DarkEnchanter, edin.ademovic, borcep и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...