• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

5 сајтови за реална заработка на интернет

  • Ја почнал/а темата
  • #1

kuzman0v

Gaining Experience
14 декември 2008
598
74
Скопје
Незнам колку вакви теми имало до сега. Веројатно многу... Пред да ги наведам сајтовите би напоменил дека не се работи за сајтови кои нудат „заработка“ со кликање на некојси линкови, гледање видеа и слично. Тоа се е џабе, барем според мене бидејќи досега не сум видел никаков профит од таквите.

1. Fiverr
Сајтот е стар околу половина година, што значи дека е прилично нов во овие области. Се работи за сајт на кој вие испраќате понуда за што би направиле за 5$. Пример „Би инсталирал WordPress, тема и најпотребните додатоци“ и чекаш некој да ти го нарачи тоа. Исто при објавувањето на огласот (да го наречам така) пишувате за колку време би ја завршиле таа работа. Во случај да не завршите навреме купувачот може да го одложи плаќањето.
Купувачот тие 5$ ги плаќа предвреме на сајтот, па после откако ќе потврди дека работата е завршена тие се префрлаат кај тебе. И да не заборавам да напоменам дека зима 1$ провизија и за да може да ги префрлиш парите од Fiverr на PayPal се чека 14 дена (јест да е многу време, али ваљда за првата исплата е толку, ќе видам за понатаму) Исплатата се врши преку PayPal.

Моментално имам една завршена нарачка, треба да почекам уште 12 дена за да може да си ги извадам парите па ќе видиме што ќе биде.

2. eHow

Заработете со пишување на текстови на сајтов. Сигурно го имате посетено барем еднаш. На сајтов има многу корисни „како да“(how to) текстови од сите области. Го немам користено, но планирам за брзо време да го пробам. Како што пишува во делот „Write for eHow“, повеќето од авторите заработуваат 15-20$ од час. Исплата преку PayPal.

3. Microworkers
Ова е за нешто ситна заработка. И самиот наслов кажува дека се работи за мали ствари. Имено на сајтот се поставуваат огласи од типот „Youtube: Comment + Rate + Subscribe“ и некој такви ситници, за кои и не се плаќа многу (0,1$ - 0,2$). Има и други кои нудат по ~1$ и 1$ за некои баш и не микро ствари (како за пишување на некој пост од ХХХ карактери). Моментално имам неверојатни 2.01$ од кои 1$ е од самата регистрација. Минимална исплата е 5$ и се врши преку PayPal, AlertPay и Moneybookers.

Исто има и реферали на сајтов со што се добива +1$, па јас би го оставил мојот линк http://microworkers.com/?Id=b7c6c5af за кој сака да се регистрира преку мене. Нема што да изгуби едноставно јас добивам од ова. Али знаеме какво е македончето и гледа само за него. Би му бил благодарен на тој што ќе се зачлени преку мене, барем да стигнам до 5$ и да видам дали стварно исплаќа.

4. 99Designs
Ова е за графичките дизајнери. Се организираат секакви графички дизајнери и со победа заработувате. Го немам користено, бидејќи баш и не ме бидува во таа област.

5. Freelancer

Мислам дека сите знаете за што станува збор и нема потреба од објаснување. Додуша и ме мрзи сега во 01:11 (ама се погоди времето, гик:))).
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
:bravo: ајде да спиеме сега. И на гиковите им треба одмор.
 

Tunee

Intern
19 јануари 2010
209
4
Треба да се има картичка па да те исплаќаат ?
Јас немам, а татко ми има така да не ми е сигурно да ме исплаќаат на таа картичка.
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Тестирано ама ако ти пишува про на натпреварот чисто се сомневам дека ќе имаш некои шанси. Ама затоа имаш солидни натпревари со по 300$-400$ добивка каде можеш да имаш многу поголеми шанси за добивка.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

kuzman0v

Gaining Experience
14 декември 2008
598
74
Скопје
Треба да се има картичка па да те исплаќаат ?
Јас немам, а татко ми има така да не ми е сигурно да ме исплаќаат на таа картичка.
Па ако немаш како ќе те исплаќаат :). Нема везе, јас се имам регистрирано со мој мејл, а картичката е на мајка ми.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

kuzman0v

Gaining Experience
14 декември 2008
598
74
Скопје
Вака да те прашам.. ти си добил 300$-400$ ??:))
Што има смешно во тоа? Има некои што заработувт и по +1000$ од такви сајтови. Или немаш доверба во таквите сајтови... шо да ти кажам проби си ја среќата на PTC сајтовите, на Lockerz и на Beterz... можда ќе добиеш некоја маица за да бришеш подот по дома. ;)
 

ThundeR

Gaining Experience
7 октомври 2009
240
54
Скопје
има право кузманов
ваквите сајтови за заработка се каде каде подобри од останатите
кај што треба само да ти кликаат на реф линкот ...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

kuzman0v

Gaining Experience
14 декември 2008
598
74
Скопје
Исто и таквите маркет страниците се добри, посебно за графичките и веб дизајнери. Инаку и Freelancer.com си имат свој маркет, па и таму може истите работи да ги објавиш.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

kuzman0v

Gaining Experience
14 декември 2008
598
74
Скопје
за eHow.com мислам дека не може од Македонија, т.е. примаат само луѓе од Америка, или грешам?
Во листата ја има и Македонија, а го пролистав и ТоС не пишува никаде дека е само за Америка. Иначе за да аплицираш треба да им испратиш тест артикл и резиме.
 

Mr.Jack

Gaining Experience
9 февруари 2008
696
445
Microworkers ми изгледа лесно за заработување, дали има негде доказ дека е фејк или дека на некој му исплатиле? Долар од реферал е премонгу добро.

Mногу работи ја бараат твојата ИП адреса како доказ... Дали да им ја давам?
Исто, најдов ова: http://www.mikroposao.com
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

kuzman0v

Gaining Experience
14 декември 2008
598
74
Скопје
Microworkers ми изгледа лесно за заработување, дали има негде доказ дека е фејк или дека на некој му исплатиле? Долар од реферал е премонгу добро.

Mногу работи ја бараат твојата ИП адреса како доказ... Дали да им ја давам?
Исто, најдов ова: http://www.mikroposao.com
Избегнувај ги тие што барат ип адреси, не сакам да се ставам на ризик за 0,1$.

MikroPosao - само 3 понуди има, покасно ќе го разгледам подетално.
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,441
1,217
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
  • Ја почнал/а темата
  • #18

kuzman0v

Gaining Experience
14 декември 2008
598
74
Скопје
Немам пишано на темава... Ги добив тоа 5те долари од Фиверр (не сега, одамна... откако ја завршив работата и помина процесот на проверка), а од Microworkers пред 2 дена побарав исплата за 30 долари и нешто ситно и чекам дали ќе биде нешто од тоа. Инаку, како што прочитав кај нив на сајтот рокот за потврда на исплата може да трае и до 30 дена :ermm: па ќе видиме што ќе биде...

За фриланс сајтовите мислам дека нема потреба да спомнувам... се си е во ред со нив :D
 

MkDVirus

Intern
3 март 2010
3
0
Се зачленив како твој реферал на микорворкерс , па да видиме дали е легален сајтот! :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #20

kuzman0v

Gaining Experience
14 декември 2008
598
74
Скопје

inmate1807

Intern
29 декември 2010
18
1
C:\Program Files
forumest.com
ххххххххммммммм дали сите од овие сајтови се проверени. ок е со начинот на заработка, мегутоа некој неисплакаат, односно нудат услуга за возврат или пак МК не им е достапна за соработка
 
  • Ја почнал/а темата
  • #22

kuzman0v

Gaining Experience
14 декември 2008
598
74
Скопје
ххххххххммммммм дали сите од овие сајтови се проверени. ок е со начинот на заработка, мегутоа некој неисплакаат, односно нудат услуга за возврат или пак МК не им е достапна за соработка
Моментално само eHow не работи во Македонија, ако не се лажам... не се сеќавам баш, одамна проверував. Другите сите се во ред. Ме имаат исплатено од Fiverr, MicroWorkers, oDesk, Freelancer.
 

tazeclence

Intern
4 јануари 2009
161
14
Моментално имам неверојатни 2.01$ од кои 1$ е од самата регистрација. Минимална исплата е 5$ и се врши преку PayPal, AlertPay и Moneybookers.
Минимална исплата е 9 $ + 6 % за провизија за Paypal или ~ 9,54 $ треба да се има.
Испраќаат PIN за реализација на исплатата преку email-от со кој сме се зачлениле.
Имаат и Facebook група, велат дека се чека не повеќе од 21 ден.
Пинот еднаш се праќа, после за наредните исплати истиот се користи.

Моментално имам 6.61 $, кога ќе дојдам до 9,54 $ ќе побарам исплата, за да видам дали функционира.

Нема којзнае колкава заработка, ама и не се губи многу време со тоа. Така да мене ми е чисто од забава, а некогаш и ќе ми се најдат тие доларчиња. :chudenje:

А знае ли некој за Fiverr колку треба да се има за да ги повлечам доларчињата? Имам 8 долари моментално.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #24

kuzman0v

Gaining Experience
14 декември 2008
598
74
Скопје
Минимална исплата е 9 $ + 6 % за провизија за Paypal или ~ 9,54 $ треба да се има.
Испраќаат PIN за реализација на исплатата преку email-от со кој сме се зачлениле.
Имаат и Facebook група, велат дека се чека не повеќе од 21 ден.
Пинот еднаш се праќа, после за наредните исплати истиот се користи.

Моментално имам 6.61 $, кога ќе дојдам до 9,54 $ ќе побарам исплата, за да видам дали функционира.

Нема којзнае колкава заработка, ама и не се губи многу време со тоа. Така да мене ми е чисто од забава, а некогаш и ќе ми се најдат тие доларчиња. :chudenje:

А знае ли некој за Fiverr колку треба да се има за да ги повлечам доларчињата? Имам 8 долари моментално.
Одамна е тамава, така пишаше тогаш... иначе да, толку е исплатата сега. На домашна адреса ти стига пин код за да може да се изврши исплатата. Може повеќе да се заработи доколку имаш сајт со добар PR и да пишуваш платена рецензија или линкуваш некој сајт. Другото е ситна заработка.

Fiverr 1 проект само извршив 5$, 1 за нив и 4 ми исплатија :)) Нема таму некоја минимална цена за исплата, ама доста време се чекаше за да може да побараш исплата.
 

Petkovsky

Intern
7 декември 2009
323
31
mturk.com

Сајт на амазон. Парите можете да ги потрошите така да ги префрлите на сметка (само за америка важи) или да си купите нешто од amazon.com. (не важи за .eu .de itd.)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,729
Мислења
856,173
Членови
29,737
Најнов член
M123xyz
На врв Дно