gokica
Модератор
- 13 јуни 2009
- 9.601
- 13.118
Одамна не сум во тек со лаптопите. Сега баш бев во потрага по еден. Првиот кој го земав без воопшто да го вклучам во продавница, испадна дека екранот има 45% NTSC покриеност на спектарот на бои. Инаку зборуваме за елитен лаптоп HP Zbook Firefly.
Разочарувањето беше огромно за мене. Едноставно екранот е како измиен. Дека се гледа, се гледа. Ама брате на ништо не личи.
Веднаш се вратив во продавница, си платив многу повеќе но земав лаптоп со 72% NTSC покриеност на бои.
Инаку за тие кои не се запознати со проблематиката, цела содржина на интернет како и филмови, фотогорафии итн. најчесто исполнуваат sRGB стандард на бои.
Доколку во спецификации на лаптоп пишува дека поддржува 45% NTSC тоа значи дека прикажува само 67% од боите во sRGB спектарот. Ако барем малку ви се важни боите купете најмалку 72% NTSC што во превод е 100% sRGB.
Гледам по сајтови многу офис и бизнис класи на лаптопи имаат вакви измиени екрани. Дури и најскапи Zbook или EliteBook модели на HP на пример. Дури некои и не ни ја споменуваат оваа спецификација.
Верувам дека целта е да се заштеди. А плус и помалку бои сигурно се преведува во подолготрајна батерија.
Ако планирате да користите лаптоп 99% врзан за екстерен монитор, нема потреба да се секирате за ова. Но ако сте најчесто пред екранот на лаптопот мислам дека ова игра голема улога