1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

+4000 СМС пораки за 100 денари од вашиот мобилен!

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од HijackHacker, 4 Јули 2009.

  1. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    297
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
    Насловот служи да ви го привлече вниманието, а подоле се е објаснето.
    Ова е изненадувањето што го најавив (ако некој ми го виде постот :LOL:)
    Со помош на Supporter, системот беше тестиран, и среќен сум да кажам дека успешно работи!

    За што станува збор? Епа ова е еден мал трик кој го открив вчера (језда го знаев од дамна, али го пробав вчера). Се состои од тоа како да добиете огромна количина на СМС пораки за некоја мала сума пари, а да ги праќате од вашиот мобилен.
    Исто така има нешто врска со сервисот на smsmonster.co.cc.
    Незнам дали некој член беше на форумот, или на друго место читнав, дека има и мобилна верзија од сајтов на УРЛ: smsmonster.co.cc/mobile.jsp

    Тоа ми даде идеа :rolleyes:
    Да не го тапам, ќе преминеме на главното веднаш:

    Ако сте на Т-Мобиле или Космофон, статистиките можете да ги видите подоле, ако сте на ВИП ве молам наведете цена како се движат интернет пакетите кај тој оператор бидејќи неможев да ги најдам на страната.

    Цени за интернет пакети и колку пораки можете да добиете со тие пакети:

    напомена: ќе видите повеќе статистики и тоа за 5кб, 9кб и 12кб. Тоа означува колку кб ви земала страната при праќање на пораката. Правев различни мерења, но неможев точно да утврдам. Најблиску е дека ќе е ~5кб ако е кеширана, ~12кб ако не е.



    1. Т-Мобиле:
      Пакет - web'n'walk S (20MB влкучен трансфер)
      Цена - 99 денари месечно
      Време траење - 30 дена
      Припејд корисниците ќе мораат после 30 дена одново да го акривираат. Кај постпејд сам се активира и треба сами да го изгасите ако не сакате понатаму да го користите.
      Се активира на бројот 070-122
      --
      Пораки:
      5кб потрошен сообраќај - 4096 СМС пораки
      9кб потрошен сообраќај - 2275 СМС пораки
      12кб потрошен сообраќај - 1706 СМС пораки

      Откако ќе го надминете лимитот од 20MB, тарифите се по стандарден GPRS интернет, што е доста скупичко.
    2. Космофон:
      Пакет - INTERNET 290 (200MB вкучен трансфер)
      Цена - 290 денари месечно
      Време треање - 30 дена
      Припејд корисниците ќе мораат после 30 дена одново да го акривираат. Кај постпејд сам се активира и треба сами да го изгасите ако не сакате понатаму да го користите.
      Припејд корисници ја активираат услугата со испаќање на СМС порака на бројот 124 со содржина „INTERNET 290„ без наводниците.
      Постпејд корисниците ја активираат услугата во некој од салоните на Космофон.
      --
      Пораки:
      5кб потрошен сообраќај - 40960 СМС пораки
      9кб потрошен сообраќај - 22755 СМС пораки
      12кб потрошен сообраќај - 17066 СМС пораки
    3. ВИП
      Непознато сега за сега. Ако некој знае како се цените за најефтините интернет пакети, нека ме контактира по ПП или нека пише во темава.
    Е сега, се разбира дека вашиот телефон мора да има поддршка за интерет ако сакате ова да ви работи. Денес скоро сите телефони имаат. Ако не сте сигурни, појдете на оваа страна и порверете. Кај инфомациите за моделот видете дали поддржува GPRS / 3G. Едно од тие е доволно за да ви работи.

    Потоа, откако го имате подесено вашиот телефон да има интернет, потребно е да ја симнете Opera Mini, прелистувач за мобилен. Идеме со неа за да може да ја кешираме страната и да не мора да идеме со целосните 12кб за секоја порака.
    Opera Mini можете да ја превземете од овде.

    Откако ја имате инсталирано, отворете ја и појдете на следната адреса, без www:
    Код:
    smsmonster.co.cc/mobile.jsp
    Ќе видите ваков или сличен екран:
    [​IMG]

    Во 1то поле одберете ја Македонија, а од 2то, Т-Мобиле. Во 3то ќе го внесете телефонскиот број во формат 3897ХХХХХХХ. Во 4то ќе го внесете вашето име, а под него е пораката. Во последното поле ќе треба да го внесете кодот кој е на сликата.

    [​IMG]

    Толку е големата филозофија.
    Е сега, како да ја зачувате страната преку Opera Mini за помалку да ви цеди.


    1. Отворете ја страната smsmonster.co.cc/mobile.jsp
    2. Одете во Menu -> Tools -> Save Page
    3. Зачувајте ја страната во некој директориум.
    4. Вратете се на почетната страна на опера.
    Сега ако скролувате малку подоле ќе видите дека ја има под Saved Pages. Од сега па натаму ќе пристапувате кон неа вака.

    Епа народе, толку од мене. Се надевам дека не е прекомплицирано за изведување :)
    Прашања, слободно.
     
    8 « број на членови на кои им се допаѓа ова.
  2. username

    username
    Gaining Experience

    526
    66
    4 Јули 2009
    Машко
    Bravo Bravo za tutorialov. Sepak ja sum poveke kon Alo od kolku da pisuvam sms, ama vredi da se proba..
    rep+
     
  3. Supporter

    Supporter
    Gaining Experience

    850
    141
    31 Август 2008
    Добар туторијал. Браво HijackHacker. Иначе супер за мене што имам 100 мб гратис интернет месечно од космофон. :) +rep
     
  4. toteto

    toteto
    Баниран/a

    916
    40
    19 ноември 2008
    Во T-mobile пост пејд корисниците не мора да ја активираат услугата интелернет. Автоматски си има интернет на сите телефони кои подруват.

    А кога ќе ја пуштиш пораката, тој што ја прима му пиши дека ти си ја пушти, односно од твојот број?
     
  5. 386ka

    386ka
    Gaining Experience

    2,365
    193
    22 Декември 2007
    @toteto,
    не пишува. Но тоа не значи дека си анонимен.
     
  6. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    297
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
    @toteto
    Tоа заборавив да кажам:
    Кога примаш порака, се добива од бројот 100, а пораката е во вид:
    Затоа, за името користете помалку карактери, за да имате повеќе место во пораката.
    1 порака може да има 160 карактери, а рекламата завзема 20 карактери без вашето име, што значи ви преостануваат 140 карактери за пораката и името.
     
  7. toteto

    toteto
    Баниран/a

    916
    40
    19 ноември 2008
    Си пратив пораки и видов како е. Само малце несуредени се требаше да има еден празен ред над текстот.

    А што значи тоа што е ко mail односно (пример дава: [email protected],) дали е овај нешто маил како reply или?
     
  8. Aleks

    Aleks
    Gaining Experience

    5,748
    287
    18 Мај 2007
  9. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    297
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
  10. angel485mk

    angel485mk
    Gaining Experience

    267
    60
    26 Март 2008
    Машко
    А да направиме нешто како програмче,како јава или слично а?
     
  11. shemko

    shemko
    Gaining Experience

    231
    56
    15 Јули 2008
    seto ok samo sto ne stasuvaa porakite a kazuva mesage sent ..ni na 070 ni na 077
     
  12. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    297
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
    Другарче, не ли читаш дека оваа услуга ја укинаа во Македонија?
     
  13. lifehacker

    lifehacker
    Баниран/a

    391
    16
    24 Јануари 2009
    A pa ako telefont vi podrziva wifi uste podobro !:p
     

Сподели

Вчитување...