• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

3ds max проблеми

  • Ја почнал/а темата
  • #1

teona20

Intern
28 септември 2021
6
0
Здраво,

Нов член сум на форумов иако го следам некое време и не успеав да најдам тема каде што може да се обратам. Работам во 3ds max и од скоро време имам проблем со рендерирање. Секој рендер што ќе го пуштам го преоптеретува PCто. Во task manager RAM и CPU се на 90% 100% а резолуцијата која ја пуштам е 800х900, за 4к да не правиме ни муабет. Имам нова конфигурација, не наоѓам проблем во тој дел. Дали има некој кој го работи програмот или имал сличен проблем? Секоја помош би била добредојдена. Благодарам однапред.
 
Cicada

Gaining Experience
29 октомври 2019
40
61
Cicada's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 3600
Motherboard
B550 AsRock Phantom Gaming 4
Storage
Kingson A2000 500GB
PSU
Xigmatek 650W 80+ Bronze
RAM
2x8GB, 3200MHz, CL16, G.Skill FlareX
Video card
Saphire RX580 4GB (need upgrade)
Case
Xigmatek Trident
Mouse
Logitech G102
Keyboard
RioToro Ghostwriter PRISM, Mech w/Brown MX Cherry
Audio
Modecom VULCAN
Monitor
ASUS VP249QGR, 144Hz IPS
OS
Windows 10 Pro
Ако не ти е проблем пиши што конфигурација имаш, можда ќе се најде некој проблем во тоа. Следно што би било е дека има проблем со драјвер или оптимизација, а крајно е неисправен дел...
 
cgfreak

Gaining Experience
1 октомври 2010
358
435
Дома

Колку ќе го „наполниш“ рамот зависи повеќе од сцената и што имаш во неа, а процесорот ќе биде оптеретен на 100% додека не го заврши рендерот, без разлика на резолуцијата и моделот на процесор (oсвен ако не ограничиш број на јадра што ќе ги користи render engine-от). Како и да е не му се секирај на процесорот, тоа му е работа, a времетраењето на рендерот и зафатеноста на рамот, може да ја намалиш со оптимизирање на сцената, доколку трае нелогично долго за тоа што го рендерираш или има некој друг проблем.
 
Последна промена:
  • Ја почнал/а темата
  • #4

teona20

Intern
28 септември 2021
6
0
Колку ќе го „наполниш“ рамот зависи повеќе од сцената и што имаш во неа, а процесорот ќе биде оптеретен на 100% додека не го заврши рендерот, без разлика на резолуцијата и моделот на процесор.
Заборавив да надополнам.Рендер со послаба резолуција пушта едвај, а кога ќе накачам на пример full hd го покренува RAM качува на 90 100%, прикажува very high power usage и програмот се исклучува.
Мислењето е автоматски споено:

  • #5

teona20

Intern
28 септември 2021
6
0
Ако не ти е проблем пиши што конфигурација имаш, можда ќе се најде некој проблем во тоа. Следно што би било е дека има проблем со драјвер или оптимизација, а крајно е неисправен дел...
CPU: AMD Ryzen 9 3900x 12 cores
GPU: GeForce RTX 3060Ti 8GB
RAM:16GB
 
imperial

V.I.P
12 август 2009
1,416
2,041
Скопје
www.rop.mk
Незнам за Max, ама сигурно е некој sampling rate, висок index на рефракција *пример)... некој сетинг за квалитет...
ако се сомневаш во PCто, прати ја сцената на некој друг, па споредите.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

teona20

Intern
28 септември 2021
6
0
Незнам за Max, ама сигурно е некој sampling rate, висок index на рефракција *пример)... некој сетинг за квалитет...
ако се сомневаш во PCто, прати ја сцената на некој друг, па споредите.
Се појави истиот проблем и со претходното PC, еве нема месец како имам ново PC, има моќна конфигурација така да не верувам дека ова веќе е до PCто.
 
imperial

V.I.P
12 август 2009
1,416
2,041
Скопје
www.rop.mk
Се појави истиот проблем и со претходното PC, еве нема месец како имам ново PC, има моќна конфигурација така да не верувам дека ова веќе е до PCто.
Дали е на сите сцени исто? Ако е до некој setting а незнаеш кој, преинсталирај, би требало да помогне.
 
Aztec

Intern
7 јуни 2020
13
21
А има некаква искористеност на графичката во task manager кога рендерираш?

Можно е да е проблем со некој нов апдејт на софтверот или слично? Не сум сигурен како Autodesk си го регулира апдејтирањето (auto/manual) на нивните пакети, но ако сметаш дека пред скоро време се реализирал некој апдејт, можеби и тоа да е причината доколку се повторува на две различни машини. Во однос на рендер енџинот, го користиш матичниот рејтрејсер или некој трет (V-ray, Corona, Arnold итн)? Бидејќи може да има проблем со апдејтирање и од негова страна па да прави некои конфликти со компатибилност или слично. Дали проба да изрендерираш некоја нова, тест сцена на стариот PC покрај таа на која што работиш?

Инаку истото што го кажа и @cgfreak. Во суштина, рејтрејсеро би требало да го користи процесорот максимално доколку немаш направено некаква лимитација на јадрата така да, очекувано е да имаш искористеност од 100% во најголем дел од случаите. Но зошто ти крашнува кога одиш со повисока резолуција, не сум сигурен бидејќи него не му менува комплексноста на сцена/резолуција, само ќе ренда повеќе време... освен можеби ако рендерираш преку тие рејтрејсинг јадрата на графичката па да не ти стигнува доволно меморија, па да крашнува, но со тоа немам многу искуство како функционира (ниту пак сметам дека користиш RTX графичка на стариот компјутер?).
 
Lazarus

Intern
10 ноември 2009
120
44
Имаш недостаток на рам меморија. При рендерирање информацијата од сцената се вчитува во рам-от(геометрија, текстури), вклучително и frame buffer-oт, т.е. тоа што го гледаш како резултат. Така да имa голема разлика во оптовареност на меморијата при рендерирање 1080p во споредба со 4К рендер. Пробај да ја оптимизираш сцената, еве некој совет за Vray и Corona(незнам што рендер енџин користиш), но моја препорака е да ги вратиш тие две плочки рам, и да надградиш во 64Gb.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

teona20

Intern
28 септември 2021
6
0
А има некаква искористеност на графичката во task manager кога рендерираш?

Можно е да е проблем со некој нов апдејт на софтверот или слично? Не сум сигурен како Autodesk си го регулира апдејтирањето (auto/manual) на нивните пакети, но ако сметаш дека пред скоро време се реализирал некој апдејт, можеби и тоа да е причината доколку се повторува на две различни машини. Во однос на рендер енџинот, го користиш матичниот рејтрејсер или некој трет (V-ray, Corona, Arnold итн)? Бидејќи може да има проблем со апдејтирање и од негова страна па да прави некои конфликти со компатибилност или слично. Дали проба да изрендерираш некоја нова, тест сцена на стариот PC покрај таа на која што работиш?

Инаку истото што го кажа и @cgfreak. Во суштина, рејтрејсеро би требало да го користи процесорот максимално доколку немаш направено некаква лимитација на јадрата така да, очекувано е да имаш искористеност од 100% во најголем дел од случаите. Но зошто ти крашнува кога одиш со повисока резолуција, не сум сигурен бидејќи него не му менува комплексноста на сцена/резолуција, само ќе ренда повеќе време... освен можеби ако рендерираш преку тие рејтрејсинг јадрата на графичката па да не ти стигнува доволно меморија, па да крашнува, но со тоа немам многу искуство како функционира (ниту пак сметам дека користиш RTX графичка на стариот компјутер?).
Графичката е на 6 7% макс. Како рендер енџин користам Vray Next моментално, а на претходното PC имав постара верзија 3.6. На стариот PC не ја работев оваа сцена што ја работам моментално. Тогаш работев друга сцена на која го имав истиот проблем, а сега на новото PC со таа сцена нема проблеми се е нормално. Да кажам исто така дека моменталната сцена што ја работам ми е на лично повисоко ниво во однос на текстури и светло. Претходните сцени не содржеле толку мапи. Можно е тука да настанува проблемот?

Стариот компјутер беше со GTX
Мислењето е автоматски споено:

Дали е на сите сцени исто? Ако е до некој setting а незнаеш кој, преинсталирај, би требало да помогне.
На старото PC го имав истиот проблем со друга сцена, а таа иста сцена на овој компјутер сега ја пушта без проблем во full hd.
 
Последна промена:

Cicada

Gaining Experience
29 октомври 2019
40
61
Cicada's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 3600
Motherboard
B550 AsRock Phantom Gaming 4
Storage
Kingson A2000 500GB
PSU
Xigmatek 650W 80+ Bronze
RAM
2x8GB, 3200MHz, CL16, G.Skill FlareX
Video card
Saphire RX580 4GB (need upgrade)
Case
Xigmatek Trident
Mouse
Logitech G102
Keyboard
RioToro Ghostwriter PRISM, Mech w/Brown MX Cherry
Audio
Modecom VULCAN
Monitor
ASUS VP249QGR, 144Hz IPS
OS
Windows 10 Pro
16GB е малку рам за големи, па и средни сцени. Апгрејдирај барем до 32гб или зависно од кеш до 64GB. Исто, провери дали рамот е сетиран како што треба (дали е сетиран профилот во биос за да работи на оптималната брзина) и дали е барем на 3200MHz CL16, пошто и тие работи менуваат на Ryzen процесорите.

Во меѓувреме добро е ако можеш да разгледаш по сетинзите за оптимизација дали има нешто, изгуглај го проблемот и пробај во сетингс да наместиш.

Сподели дополнителни информации, скриншоти од сетинзи и слично ако евентуално има нешто што не знаеш па да проба некој да ти помогне.
 
Aztec

Intern
7 јуни 2020
13
21
Графичката е на 6 7% макс.
Во тој случај не верувам да рендерираш во realtime односно го користиш рејтрејсерот на V-ray, но за секој случај и за да го потврдиш ова, провери дали ја имаш селектирано оваа опција во Render Settings или нешто слично во зависност од верзијата, само да нема GPU (како што се гледа подолу). Не користам max одамна, не сум сигурен колку е релевантна сликата.

1632903881787.png

Да кажам исто така дека моменталната сцена што ја работам ми е на лично повисоко ниво во однос на текстури и светло. Претходните сцени не содржеле толку мапи. Можно е тука да настанува проблемот?
Не верувам бидејќи од лично искуство имам рендерирано на релативно слаби процесори и единствена разлика е само времето на чекање, но постепено CPU-то ќе ја израчуна сцената без разлика на комплексноста. Ова не важи во случајот на графички каде мислам дека не доволен VRAM може да ти го крашни рендерерот.
Во однос на рам, доколку користиш Global Illumination, а го калкулираш преку Irradiance map, тоа знае да искористи голем дел од рамот и затоа можеби имаш висока искористеност и од негова старана. Во тој случај, можеби добро е прво да пробаш со исклучување на Global Illumination за да се осигураш дека проблемот не е во тоа. Доколку се среди, следно пробај да користиш друга функција за калкулирање на GI како Brute Force.

Доколку не се среди проблемот со претходниот начин, следно нешто што можеш да пробаш е правење на Clay рендер со истата конфигурација на светла кои ги користиш (вклучително со пуштено GI). Вака ќе знаеш дали материјалите/шејдерите прават некој проблем, но искрено не верувам.
 
Последна промена:
  • Ја почнал/а темата
  • #14

teona20

Intern
28 септември 2021
6
0
Во тој случај не верувам да рендерираш во realtime односно го користиш рејтрејсерот на V-ray, но за секој случај и за да го потврдиш ова, провери дали ја имаш селектирано оваа опција во Render Settings или нешто слично во зависност од верзијата, само да нема GPU (како што се гледа подолу). Не користам max одамна, не сум сигурен колку е релевантна сликата.

Погледнете го атачментот 104566

Не верувам бидејќи од лично искуство имам рендерирано на релативно слаби процесори и единствена разлика е само времето на чекање, но постепено CPU-то ќе ја израчуна сцената без разлика на комплексноста. Ова не важи во случајот на графички каде мислам дека не доволен VRAM може да ти го крашни рендерерот.
Во однос на рам, доколку користиш Global Illumination, а го калкулираш преку Irradiance map, тоа знае да искористи голем дел од рамот и затоа можеби имаш висока искористеност и од негова старана. Во тој случај, можеби добро е прво да пробаш со исклучување на Global Illumination за да се осигураш дека проблемот не е во тоа. Доколку се среди, следно пробај да користиш друга функција за калкулирање на GI како Brute Force.

Доколку не се среди проблемот со претходниот начин, следно нешто што можеш да пробаш е правење на Clay рендер со истата конфигурација на светла кои ги користиш (вклучително со пуштено GI). Вака ќе знаеш дали материјалите/шејдерите прават некој проблем, но искрено не верувам.
Правилниот сетинг е пуштен без GPU. Веќе користам Brute Force, пробав и со исклучен GI. Пуштив рендер без текстури(Override mtl) и тек сега покрена. Има некаков проблем во тој дел. Потоа повторно пуштив рендер со текстури и ми појави Error: Out of memory while building Embree tree. Ќе прогуглам, но дали има некој вакво искуство или знаење како да се реши?
 
imperial

V.I.P
12 август 2009
1,416
2,041
Скопје
www.rop.mk
види овде
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,713
Мислења
863,116
Членови
30,059
Најнов член
Tihomir82
На врв Дно