1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

3D принтери - дали би купиле?

Дискусија во форумот 'Скенери и принтери' започната од gokica, 24 Јули 2013.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,506
    10,526
    13 Јуни 2009
    Нема да поставувам анкета но ете да видиме на форумов дали би биле заинтересирани да купите 3D принтер и за што би го користеле.

    [​IMG]

    Ако не се лажам овој е еден од најпопуларните:

    http://store.makerbot.com/replicator2.html

    Или Cube:



    Мене можеби ќе ми се најде за децава да им правам макети за во школо.

    На други можеби за деловни потреби.

    Цените се сеуште високи и не се како за наш стандард иако читнав дека деновиве се продаваат и поефтини (беше некој австралиски сајт).
     
  2. Vlecka

    Vlecka
    Gaining Experience

    328
    169
    28 Јуни 2013
    Како голем фанатик по овие работи, најверојатно ќе си направам некој кастом автоматски/ска пиштол/пушка на оние пластичните дијаболи.... Со оловни ако биде верувам дека ќе имам проблеми со законот. :)
     
  3. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,410
    2,029
    12 Август 2009
    Машко
    Цениве се 10% од тоа што беа... овие и не се нешто посебно но повеќе од доволно за повеќе намени........само алат да купиш да изработиш нешто слично од двро е поскапо од ова... ако прозиводот нема мана ако е од пласика.. ова е иднината. Има и материјали во кои може да се лее метал..
    Одлично за археологија, архитектура, хоби, евтини прототипи.. нема крај... уште фали да собира и групира молекули и ќе имаме репликатор. :)
     
  4. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,993
    504
    14 Април 2007
    Машко
    ептен е добро, веќе сум работел со 3Д скенери, игличен и ласерски, после моделот се доработува,

    a за 3д објекти ги изработуваме со cnc на акрил, дрво,
    пред некое време му ги покажав овие принтери на газдата, доста е загреан па може и да се земе


    и да цените се доста ниски со оглед на можностите
     
  5. gokica

    gokica
    Модератор

    8,506
    10,526
    13 Јуни 2009
    Читав дека е потребно да бидат сместени во вентилирана просторија зашто честичките кои се разлетуваат како кало околу принтерот се штетни ако во континуитет се вдишуваат.

    Дали се скапи материјалите што ги користат и ако некој има малку време дали може да објасни како функционираат?
     
  6. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,410
    2,029
    12 Август 2009
    Машко
    Материјалот е скоро џабе.. зависи од ефикасноста на принтерот... “Finished parts cost $0.20 USD per cubic centimeter in materials“
    Има и фул колор принтери па треба и боја за нив...
    Работи исто како печатач само место боја нанесува пластика. Како се лепи пластиката незнам ама највероватно се загрева пред да се нанесе.
    Тоа со прашината е за постарите модели кои штампаа во куп прашина од пласитка и после со вакум се собира и користи од ново. Тие принтери беа затворени и повеќето имаа „правосмукалка“ уградена во нив.
    Јас ги гледав овие на времето... http://www.zcorp.com/en/Products/3D-Printers/spage.aspx
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,550
    12,819
    2 Август 2012
    Машко
    Имам едно видео кое е расипано и лежи заради еден шугав пластичен запчаник
    Хех, некој тогаш да ми кажуваше нешто вака:
    „Немаш гајле, еден ден ќе можеш да си го отпечатиш со 3D принтер“ - ќе го отерав у 300 п. материне и ќе го пратев на посматрање.

    3D ФАКИНГ ПРИНТЕР
    одвај ќекам да можам да го купам па да си правам макети од авиони и слични зезалици :D
     
    На Necromancer му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gligor

    gligor
    Gaining Experience

    225
    148
    5 Март 2008
    Машко
    За ентузијасти
     
  9. viksa86

    viksa86
    On your way to fame

    838
    809
    22 Април 2011
    Машко
    Нема да имаш ќе ти треба дозвола за д класа оружје 350 денари во автокоманда доколку не надминува 6.35 калибар . ;)
     
    На Vlecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,223
    3,575
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Да сакам, ќе правам перки за фанови, адаптери од 5.25 > 3.5, 3.5 > 2.5, држач за чаша/слушалки што се монтира на куќиште, ќе ја злоставувам секцијата Продавам и ќе си го вратам влогот на принтерот со Ваши пари!!

    Шала на страна, перверзно интересна ствар е ова. Сите бродови на Стар Трек сосе гаџети ќе ги направам. Шеми веќе има многу по нетов.
     
  11. smole

    smole
    Unstoppable

    3,112
    3,592
    18 Април 2007
    Не би купил, не гледам никаква реална потреба, нити шанса за бизнис.

    Од друга страна чув за некој дечко во СК што има 3D скенер ама нешто не му идело нај нај... Толку начув
     
  12. Roncic

    Roncic
    Гостин

    Наспроти толку скапи играчки што ми се вртат подома, не би се осудил и на оваа :) .
     
    На Chaeld10_8 и smole им се допаѓа ова.
  13. gordon freeman

    gordon freeman
    Gaining Experience

    113
    54
    1 Јули 2011
    Solidoodle e најефтин, (околу 400 долари) ама треба многу подесувања додека да се најдат оптималните сетинзи за добро принтање,
    најпрецизен е мејкербот од овие десктоп на екструзија од пластичен кабел(филамент го викат),
    Овие во прашина што принтат се друг тип на принтери( ласерско топење на најлонска прашина http://en.wikipedia.org/wiki/3D_printing) и се многу поскапи од мејкербот или слични десктоп хоби принтери,
    едно кило пластичен кабел за обичен 3д принтер е околу 30 долари и ќе паѓа уште, беше 50 пред 5-6 месеци.
    Би сакал да имам, и би купил да имам вишок пари.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,719
    2,015
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel, Java, JavaScript
    Не би купил од причина што за мене тоа се премногу пари фрлени за играчка пошто знам дека нема да се занимавам професионално.

    Но доколку познавам некој што има радо би напрафил оклоп на матичната нешто како сајбертут, би си моделирал разни држачи за тракатанците по дома, би направил предна маска за куќиштето, wrist-rest на тастатурата, привезок, кулер за графичката(само пластиката)... генерално би сработил некои ситни глупости и верувам дека ке ми помине меракот за кусо време.

    Иначе не сум сигурен за следнава информација ама некаде имам слушнато дека момците од хаклаб кика сакаа да конструираат 3д принтер само незнам што стана со реализацијата.
     
  15. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,419
    600
    3 Мај 2010
    Машко
    Во Хаклаб КИКА веќе имаат направено сами 3D принтер. Истиот работи, со принцип на топење пластика од пластична жица. :D
    Имаат направено куќичка за Raspberry Pi компјутерчето(последен пат ги посетив во Фебруари).
    За повеќе инфо прашајте го @Aleks или посетете ја нивната страна или едноставно прашајте ги, имаат собирки неколку пати неделно(незнам како е со одмориве баш сега). :)

    А за купување за по дома - не засега, едноставно поради цената.
     
    На gokica и bokiscout им се допаѓа ова.
  16. gordon freeman

    gordon freeman
    Gaining Experience

    113
    54
    1 Јули 2011
    Shapeways и Thingiverse се водечки фирми за онлајн принтање, Shapeways принтат модели во метал, сребро, пластика, глина , стакло, итн. Не користат обични принтери на жица, за пластичните модели имат многу скапи принтери со ласерско принтање во прашок. Thingiverse се поедноставни, си користат MakerBot на жичка но имаат најголема резолуција од сите жичани 3д принтери и можат да испринтаат многу мали делови и детали. Имат многу бесплатни модели на страната, кај Shapeways не се бесплатни.
    Не знам дали испорачуват до МК, имам правено модели за странци кои си ги принтат таму и се супер задоволни од квалитетот.

    мејби сам деј д' 3д принтер куд репликејт химселф, ин тен јиирс тиме ви куд принт риил ферари карз ор ватевер ви вант:D
     
    На ileste и gokica им се допаѓа ова.
  17. Jokerski

    Jokerski
    On your way to fame

    814
    733
    28 oктомври 2010
    Машко
    Прашоци, бели пецива и др. средства за бистрење
    За пушки би го купил, само со тоа моеш парите да си ги извадиш, брзо и лесно. :D
    Се друго би се исплатело после 3 години макотрпна работа и платено со здравје и тоа дебело.
     
  18. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    3,022
    4,291
    28 oктомври 2008
    За дилда, Made in Macedonia, стандард должина 24 cm :)
     
  19. ileste

    ileste
    Gaining Experience

    1,241
    303
    26 Јануари 2012
    a modelive za pritanje sto se moze da se izmodeliraat so poligoni na pr vo Maya, da ne mora so Nurbs
     
  20. gordon freeman

    gordon freeman
    Gaining Experience

    113
    54
    1 Јули 2011
    може и во Maya, ако може да го зачува фајлот како STL тогаш може дирктно да се употрби на секој 3д принтер, ако не ќе мора да се импортира или отвори во 3ds MAX и да се експортира од таму како STL.
    Сите mesh формати може да се конвертират за принтање, не мора да е nurbs.
     
    На gokica и ileste им се допаѓа ова.
  21. smole

    smole
    Unstoppable

    3,112
    3,592
    18 Април 2007
  22. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,810
    5,012
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  23. gokica

    gokica
    Модератор

    8,506
    10,526
    13 Јуни 2009
  24. maci

    maci
    On your way to fame

    2,885
    648
    2 Април 2008
    ќе нема потреба од правење рачно коронки за заби,или навлаки,или вилици,па не ги погодил докторот....сега цели вилици за постариве ќе се прават.
     
  25. Boldozer

    Boldozer
    On your way to fame

    1,143
    595
    2 ноември 2012
    Јас верувам дека за едно 10 години ќе се „печатат“ човечки органи.
     

Сподели

Вчитување...