3D принтање (услуги)

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,224
4,490
SK
Не најдов ваква општа тема, и не сакам да воскреснувам некои прилично стари теми па отворив нова. Се работи за делење искуства и контакти за 3D принтање, цени, итн.

Мене конкретно ме интересира принтање на следново (во црна/сива/темна, боја):
32f3641f30723f6f025a011908078eae_preview_featured.jpg a8ec0418d0b8aca547672ed7675b930e_preview_featured.jpg af96b15a48feb8bf274e0a8bec5c5adb_preview_featured.jpg f47ed78d7e8e92e15e385de779732c6f_preview_featured.jpg
За димензии и количина на материјал ги приклучувам и фајловите за принтање (архивирани во ZIP, инаку „стварта“ е објавена на thingiverse и сите авторски права се на авторот таму).

Така да би бил благодарен некој овде ако сака да понуди услуга, и за сите ќе биде корисно да се знае какви се искуствата, како идат цените, итн.
 

Атачменти

  • 3d-print-4plates.zip
    271.8 KB · Прегледи: 5

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,224
4,490
SK
Контактирав огласувач од Пазар3, го добив следниот одговор:
Можеме да ти понудиме 3 цени за 3 различни резолуции/висини на слој принтани со ПЛА пластика. Најмалата висина на слој дава најмазен и најпрецизен финиш на предметот. 0.06мм - 2900ден 0.1мм - 1700ден 0.2мм - 1100ден
Ова е цена за две плочи - држачи за тастери од тастура, пошто во меѓувреме видов дека не ми требаат 4 плочи (имало 2 ревизии на истите плочи).

Не знам колку идат вообичано цените за 3Д принтање, ама во овој случај алтернативна варијанта ми се плочи од алуминиум сечени со CNC: CNC Switch Plate Aluminum MIX 76/80 key (set of 2) | FalbaTech

Но ќе разгледам и други понуди за 3Д принтање па ќе видиме. Ова е летен проект. :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,029
Мислења
870,502
Членови
30,365
Најнов член
Meri2310
На врв Дно