1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

3D без очила

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од gokica, 7 Јули 2011.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,496
    10,515
    13 Јуни 2009
    Тошиба наскоро ќе започне со продажба на лап топ под назив Qosmio F750 кој со себе ќе го донесе првиот комерцијален 3д монитор за кој нема потреба од 3д очила. Ќе функционира на база на сензор кој го детектира погледот на корисникот и ќе ја адаптира сликата на мониторот за соодветен 3д ефект.

    Првичните впечатоци се одлични. Единствен недостаток е тоа што може да го користи само еден корисник во исто време односно не може двајца да гледаат 3д содржина истовремено. Лаптопот е во можност да презентира 2д прикази истовремено односно во прозор да тече 3д филм а во друг прозор да оди 2д експлорер на интернет.

    Мониторот е FullHD.

    [​IMG]

    http://www.engadget.com/2011/07/05/toshiba-reveals-the-qosmio-f750-glasses-free-3d-laptop-we-go-ha/

    Ова е одлична идеја зашто очилата создаваат некомотно чувство посебно после подолго користење за долги гејминг сесии или уживање во некој филм.

    Одамна имам идеја да напишам нешто повеќе за 3D телевизори и монитори ама не остана време.

    Само како инфо за секој кој е заинтересиран да види како денес функционираат 3Д телевизорите, во Нептун во парк е изложен ваков ТВ и очила кои може да се пробаат на лице место. Јас лично можам да кажам дека оваа технологија има потреба од уште време да се развие така како што доликува.
     
  2. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,060
    4 Септември 2008
    Гледајќи го дури и dead on, се гледа пробивање на позадинско светло на рабовите, па дури и на средината, ова е обично сигнал за неквалитетен панел или поточно најверојатно се работи за TN панел, како и кај повеќето ноутбук/лаптоп модели. Голем пропуст т.е. fail :rolleyes:
     
    1 person likes this.
  3. gokica

    gokica
    Модератор

    8,496
    10,515
    13 Јуни 2009
    Не би рекол дека е фејл туку почеток.

    Ќе помине уште многу време додека да видиме имплементација на non-TN панел кај 3D TV/Монитор заради риспонс тајм и рифреш рејт. Ако во моментов излезат од производство со соодветни спецификации најверојатно ќе чинат Х 4 повеќе од TN панелите кои ионака се многу скапи.

    Плус зависно е и од распростанетоста на новиот HDMI стандард кај овие телевизори и други уреди кои даваат интпут а тоа е неопходно да биде исполнето за да се искористи целиот потенцијал па после да се плати и таквиот премиум во цена. Тоа исто бара време.
     
  4. brasica

    brasica
    On your way to fame

    616
    939
    18 Април 2010
    @gokica, јас имам 3Д ТВ веќе 10 месеци и можам да кажам дека сум прилично задоволен од 3Д-то. Секако дека не е перфектно, но сосем пристојно е. Имам изгледано неколку 3D blu-ray филмови(пошто се бројат на прсти нели), и интересно е да се види. Имам и гледано фудбал и тенис на сателитска и можам да кажам дека и тоа е многу интересно, посебно тенисот. Но, како што рече има уште место за развивање на технологијата :).
     
  5. goce ilievi

    goce ilievi
    Intern

    633
    43
    2 Март 2010
    Космио порано беа на врвот во лаптоп индустријата.Во прво време тие беа лимитед серии и со голем број технологии кој беа за воздишки.Сепак во последно време космио серијата е на рамниште со појаќите серии на сателите,а многу често се случува да некој сателиите биде и подобар од космио серијата.Ова мислам дека им е голема грешка на Тошиба.Сметам дека Космиото требаше да остане како и порано.Пример за најака серија на тошиба.Се надевам дека со новиов модел ќе биде така.
     

Сподели

Вчитување...