1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

3 Mонитори - Совет

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од Luca Toni, 26 Мај 2020.

  1. Luca Toni

    Luca Toni
    Gaining Experience

    186
    252
    18 Септември 2015
    Машко
    Здраво другари,
    Имам ново PC, сега се мислам помеѓу 3 монитора,цена околу 17-18к

    Мониторот ми треба само за Гејминг, секој совет е добредојден

    Samsung 27, Refresh Rate: 240 Hz, Resolution: 1920 x 1080, Response Time: 4ms(GTG)
    SAMSUNG C27RG50FQU 27" Curved 240Hz Gaming Monitor

    Samsung 27, Refresh Rate: 144 Hz, Resolution: 2560 x 1440, Response Time: 4ms(GTG)
    SAMSUNG C27JG50QQU 27" Curved High Resolution Gaming Monitor

    Asus 28 4K, Refresh Rate: 60 Hz, Resolution : 3840x2160, Response Time: 1ms
    ASUS 28" VP28UQGL, 4K (3840x2160) Gaming, 1ms
     
  2. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,137
    1,494
    26 Март 2016
    Даскал
    Важна е намената и твоите желби и приоритети за особините на еден монитор. Исто така, важен е хардверот што го поседуваш за да се утврди дали можеш потенцијалот на даден монитор да го искористиш да не бидат залудно фрлени парите. Дај овие информации за да се донесе информирана препорака.
     
  3. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unbeatable

    3,954
    4,219
    1 Септември 2011
    Машко
    Може кој сака монитор да го земе,има звер од пц :D ,е сеа работата е кој е најдобар од трите наведени,затоа што како што кажа членот му е за гејминг.
     
  4. Luca Toni

    Luca Toni
    Gaining Experience

    186
    252
    18 Септември 2015
    Машко
    Плоча: Asus Tuf B450-M plus gaming
    Графичка: Sapphire RX 5700 XT Nitro+
    Процесор: Ryzen 5 3600
    Напојување: Riotoro Enigma g2 750w modular
    Кулер: Nzxt X62
    Рам: HyperX Predator 16gb 3200
     
    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,137
    1,494
    26 Март 2016
    Даскал
    Но, има разлика од РТС гејминг до ФПС гејминг. Ако ОП љуби да игра стратегии или нединамични игри, висок рефреш рејт нема да му игра голема улога. Ако игра racing, sport sims, FPS игри, рефреш рејтот ќе го забележи повеќе и ќе има поголем импакт. Исто така, дали компјутерот е ѕвер е релативна констатација зависно намената. За 1080п гејминг е ѕвер, за 1440п е таман насредина, а за 4к гејминг (3тиот монитор) нема да го полни со 5700 XT бидејќи таа карта е рамна помеѓу 2070 и 2070 супер, а ни 2080ти не е 4к спремна карта за над 60хз а да се купува монитор заклучен до 60 хз за гејминг е ОГРОМЕН грев. Ampere и BIG NAVI се очекува да се првите вистински 4к гејминг карти. Исто така, што повисока резолуција, процесорот и рамот престануваат да бидат фактори во продукцијата на фрејмови и само GPU-to останува bottleneck. Ти дали си играл 4к со 10900к или со 3200G CPU ништо не ти менува, тестовите само 3 проценти разлика во ФПС кажуваат.

    Понатаму, зависно играта, првиот монитор иако е FULL HD, нема да го полни рефреш рејтот до 240 на модерни игри. Кантер страјк и дота и други оптимизирани лесни иггри ќе одат над 144хз. Triple AAA игри нема шанси. Исто така, само про e-sport играчи успешно забележуваат и гледаат бенефит од рефреш рејт повисок од 144хз. Ако ОП игра компетитивен FPS тогаш 240 HZ ќе му се најде донекаде, бидејќи и бенефитот што таков монитор го пружа не е огромен. За overall gaming искуство јас лично би препорачал 144hz 1440p, ќе види и убавина во игрите поради повисоката резолуција и ќе искористи рефреш рејт повисок од 60хз. Исто така, гледам не му е битно кој вид на панел е, ама ако самсунгот (2риот монитор) е ТН, да не го зема бидејќи лајно панели се ТН.
     
    Последна промена: 26 Мај 2020
    На Rukfash, MadBuldog, Speedster и уште 6 други им се допаѓа ова.
  6. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,393
    2,246
    13 Јануари 2014
    Машко
    Samsung-от е VA панел, го меркам и јас за мене ама од IPS не ми се оди на VA некако, иако немам потреба од прецизни бои.

    Јас би гласал за него, на таква конфигурација греота е да одиш на 60Hz монитор, а со 240Hz ќе се мачи на одредени наслови. Плус 1080p на 27 инчи мислам дека не е убава идеја, ќе гледаш пиксели и ќе те нервира.
     
    Luca Toni, TheMarshal и на DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  7. Astro

    Astro
    Guru

    6,774
    9,417
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Тешко је говорити након друга рики-маруа.

    Јас би одел на вториот монитор, има највеќе смисла. 4к е премногу за таа графичка, 240hz е тотален нонсенс, не знам зошто уопште постои, би рекол маркетинг материал за неинформирани, така да 144hz, 1440p е sweet spot. И јас ќе лапам еден таков,.
     
    Rukfash, Luca Toni и на DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  8. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,137
    1,494
    26 Март 2016
    Даскал
    Барај UltraGear lineup од LG. Моментално со NanoIPS нивната технологија вадат најдобри бои со низок респонс тајм.
     
    MadBuldog, gOJDO, Speedster и на уште 1 им се допаѓа ова.
  9. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,710
    14,459
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Тој третиот не знам зошто воопшто се наоѓа на листата. Комплетно срање за кое не гледам намена...ниту е за гејминг, ниту за офис, ниту за дизајн...
    За гејминг првиот е без конкуренција за парите. Му го купив на син ми.
    Си играл на 240Hz монитор и си споредил со играње на 144Hz?
     
    Последна промена: 27 Мај 2020
    draganamon, DarthJe5us и на GGTT1 им се допаѓа ова.
  10. Luca Toni

    Luca Toni
    Gaining Experience

    186
    252
    18 Септември 2015
    Машко
    Значи 3тиот отпаѓа, 1 и 2 се во игра.

    Добро дали би ми препорачале монитор со ips панел, 144Hz, 27' до 20к?
     
    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,137
    1,494
    26 Март 2016
    Даскал
    За парите можеби ќе најдеш FullHD + овие твои особини, АМА, 1080p на 27 инчи не изгледа најсјајно. Над 24 инчи FullHD и веќе пикселите почнуваат да се препознаваат. Јас би дал уште некој денар и би одел на 144HZ, 27inch, 1440p, IPS. Ама тие се 30тина илјади некаде.
     
    На Luca Toni му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,710
    14,459
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    @Luca Toni
    IPS 144Hz 27" не знам дали има за 20K.

    Full HD на 27" изгледа фантастично за гејминг и разликата меѓу FHD и QHD на 27" во игри е практично незабележителна. Со уклучен AA не верувам дека некој ќе може да воочи разлика.
     
    На Luca Toni и GGTT1 им се допаѓа ова.
  13. deadpool

    deadpool
    Intern

    41
    25
    31 Декември 2018
    Башка дека на 144 или 240Hz ќе имаш време да ги гледаш пикселите.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Luca Toni

    Luca Toni
    Gaining Experience

    186
    252
    18 Септември 2015
    Машко
    Колку повеќе читам, потешко ми е да се одлучам :)

    G-Sync or FreeSync? G-Sync only works with PCs with Nvidia graphics cards, while FreeSync only works with systems using AMD ones.

    Имам AMD процесор и графичка, што значи треба да барам монитор со FreeSync...
     
  15. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,137
    1,494
    26 Март 2016
    Даскал
    Ова важеше само до пред година и пол. Сега нема врска каква комбинација имаш. И едните работат на едната технологија и другите на другата. Nvidia карти ОФИЦИЈАЛНО искористуваат FreeSync технологија eве јас успешно користам VRR технологија на FreeSync монитор со Nvidia карта.

    G-Sync на АМД карти, од друга страна, има важен кавеат моментално. Имено, оваа втора комбинација ќе работи само на нови G-SYNC монитори коишто сега излегуваат и ќе излегуваат. Така што, AMD card корисници ќе може да го користат G-Sync модулот само на нови монитори:

    AMD Graphics Cards Will Work With Future G-Sync Monitors | Tom's Hardware

    Инаку, G-Sync нема да најдеш за тие пари. Вистинските G-Sync монитори со модул се скапи. Донекаде се подобри бидејќи модулот си ја брка VRR (variable refresh rate) задачата, наместо картата. На Freesync монитор ќе добиваш помалку фрејма (минимално) поради тоа што картата ја презема работата за VRR задачата. Генерално FreeSync и G-Sync бркаат иста работа, но G-Sync е хардверско решение и дава подобри резултати ДОНЕКАДЕ (незабележливо). FreeSync монитор во твој ценовен ранг ќе најдеш.

    Моја препорака: Мониторот е најважниот дел на еден компјутер (таму го гледаш цел аутпут од хардверот) и не треба да се штеди кога е во прашање мониторот. Ако немаш буџет моментално, присобери некој денар. Џабе што имаш под хауба ако шофершајбната ти е валкана. Не сакат 2080ти само, сакат и монитор што ќе ги прикаже тие фрејма во таа резолуција, убавина и боја. Според мене, барај монитор со следниве карактеристики:

    - 144хз
    - 1440п
    - FreeSync
    - IPS
    - 27"

    Асус (AOU панел) и LG (LG панел) нудат квалитетни монитори со горенаведените карактеристики иако има и други брендови коишто исто нудат задоволителни монитори со овие карактеристики.

    П.С. Технологијата се менува со брзина на светлината. Кога читаш за нови технологии, секогаш барај НАЈНОВИ статии. Еве овие што ги најде за freesync и G-Sync ти дадоја донекаде погрешни информации.
     
    Последна промена: 27 Мај 2020
    На Luca Toni му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,630
    1,240
    2 Јануари 2012
    Предложи некој монитор со овие карактеристики што го има во Скопје.
     
  17. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,137
    1,494
    26 Март 2016
    Даскал
    ASUS 27" ROG SWIFT PG279QE, WQHD (2560 x 1440) Gaming, IPS

    https://ddstore.mk/products/ASUS-27"-ROG-SWIFT-PG279Q-Wide-(68.6cm)-16-9-IPS/pid/928637

    https://ddstore.mk/products/ASUS-27"-MG279Q-GAMING-Speakers-2W-x-2-IPS-Wide-(68.47cm)/pid/914609

    https://ddstore.mk/products/ASUS-27"-TUF-VG27AQ-HDR-Gaming-WQHD-(2560x1440)-IPS-ELMB-Sync-G-SYNC-1ms/pid/935821

    Ме мрзеше да ги барам од други продавници, но, ddstore се препродавачи така што ќе ги има и на друго место. Јас моментално го користам овој третиов Asus MG279Q и таман е.

    Го препорачувам овој TUF од 32.000 како best buy монитор за 2020та. LG не најдов на залиха кај нас, да би купувал лично јас инаку би зел LG. Ме бендисува нивната NanoIPS технологија повеќе.

    Голема ОГРОМНА напомена. Ова HDR маркетингот што им стои е мочка. Ништо не значи. Монитор да се брендира како DisplayHDR монитор, мора да поседува НАЈМАЛКУ 10битен панел, FALD технологија, 600 nits осветленост и убав контраст. Треба конзумерите да се пазат со вакви HDR10 и HDR-Ready монитори што излегуваат. Не се тоа HDR монитори. Ќе забележиш HDR монитор кога ќе видиш дека е 1000 долари поскап од она што го плаќаш.
     
    Последна промена: 27 Мај 2020
    Alek7, Rukfash, gOJDO и на уште 1 им се допаѓа ова.
  18. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,630
    1,240
    2 Јануари 2012
    Последна промена: 27 Мај 2020
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,137
    1,494
    26 Март 2016
    Даскал
    Од претходно искуство, цената обично паѓа кога ќе излезе некоја различна технологија на панел или панел со нови супериорни особини во одредени аспекти, па овие сегашниве да паднат цени како што им се намалува изработката и снабденоста. Пример, се повеќе и повеќе излегуваат монитори со висок refresh rate и со панел технологија подобра од TN. 60 херци TN не чини сега колку што чинеше порано. Тој следен скок ќе го дочекаме после 5 години минимум според мене кога ќе започнат да излегуваат МикроЛЕД (се надевам). Или пак, да најдеш монитор со овие карактеристики зачуван на старо. За брзо нема да опаднат цените. Еве започнува 144хз 1440п да се воспоставува како нов стандард. Ќе тера така некое време сега.
     
  20. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,684
    1,772
    6 ноември 2012
    Машко
    QA Specialist
    Мора ли IPS? Зошто не VA панел?
    Ако играш компетитивно CSGO или Dota/Lol, тогаш барај 240Hz, за се останато 144Hz ти се таман.
    Јас не би одел под 27" и под QHD резолуција.
     
  21. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,710
    14,459
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    За 144Hz QHD резолуција има потреба од најмалку 2080Ti. Во случајов RX5700XT не е ни приближно кадарна за QHD 144Hz. FHD @165Hz е максимуим за таа карта.
     
    На GGTT1 му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Astro

    Astro
    Guru

    6,774
    9,417
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Не сум играл на 240Hz ама сум играл на 144Hz и на 75Hz Call of Duty Modern Warfare Multiplayer и не забележав никаква разлика, па сметам дека нема да има ни меѓу 144 и 240. Башка имам читано дека наводно не знам каков ПРО треба да си за гејминг (ко да има таква титула енивејс) за да забележиш разлика, а башка муабет дали би имал бенефит од таа разлика.

    Ти што викаш?
     
    На Rukfash му/ѝ се допаѓа ова.
  23. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,684
    1,772
    6 ноември 2012
    Машко
    QA Specialist
    Реално, само за CSGO и Dota/Lol би му требале 144Hz :) Ете и COD, ама таа не е толку компетитивна :D
     
  24. Ate97

    Ate97
    Gaining Experience

    41
    63
    29 Април 2017
    Машко
    Software developer
    Па добро немора секоја игра да ја тера на 144фпс, наместо да купи сега 1080п 144хз и доколку за некој месец кога ќе излезат новите графички реши да се поднови не е потребно да го менува и мониторот.
     
  25. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,684
    1,772
    6 ноември 2012
    Машко
    QA Specialist
    Од 75 на 144 не си осетил разлика?! :S
     

Сподели

Вчитување...