1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

3 годишни студии, да или не?

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од __bazzinga__, 19 Септември 2019.

  1. __bazzinga__

    __bazzinga__
    Intern

    1
    0
    4 Јануари 2017
    Здраво, дали може некој совет за дали вреди префрлување од 4 на 3 годишни студии на ФИНКИ? Дали понатака ќе имам проблем со работа, странство, дали се води како виша и сл..
     
  2. Melisandre

    Melisandre
    Gaining Experience

    68
    121
    6 Мај 2019
    Женско
    Виша одамна не постои, за детали околу префрлување правец студентски прашања, а за работа, странство, итн., спремај си книшки: сакаш партиски, сакаш пасош, твој избор.

    Поздрав
     
    На __bazzinga__, Astro, DrMTR и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. Arabian

    Arabian
    Gaining Experience

    582
    282
    5 ноември 2013
    Машко
    Ако веке си решен да одиш на факс , оди со 240 кредити, т.е 4 години. Не верувам да постои со 3 (180) али се е можно кај финкаши све прават за пари... Инаку ако ти фака лејката , не ти е потребен факултетот, но секако е добро да го имаш.
     
  4. causevd

    causevd
    Gaining Experience

    383
    295
    4 oктомври 2011
    Машко
    Девојка ми има завршено со 3 год на ФИНКИ и ете ја работи во приватна фирма во СК за видео игри.

    При аплицирање за интервју, и беше пратен повратен емаил со задача која што треба да ја реши во рок од 24 часа и да ја прати на меил. После тоа иде на 2-ра фаза, интервју каде што треба да се реши уште една задача во нивни простории во рок од 3 часа и последниот дел од интервјуто т.е 3тиот дел е онака општ муабет и тоа е тоа. Така да при аплицирање некаде за работа не е само еве јас имам диплома и ке ме примат. Треба да имаш знаење, и не е битно дали се 3 или 100 години.
     
    Глупав, Melisandre и на Astro им се допаѓа ова.
  5. Astro

    Astro
    Guru

    6,172
    8,436
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Јас ти препорачувам два факултети да завршиш ако сакаш да бидеш јебо, тоест сајберпанк.
     
  6. dddragan

    dddragan
    Gaining Experience

    203
    205
    12 Август 2014
    Машко
    Скоро низ цела Европа и Америка студиските програми се 3+2 (3 години додипломски и 2 години мастер), ако завршиш факутет кај нас со 4 години и отидеш во странство на мастер, автоматски имаш една година вишок.

    Ама јебига, поинтересно е да се размислува дека "нашите се заебани" и "се ќе напраат за пари", освен ако не мислиш да изгубат пари, зошто со 3 години плаќаш 2 семестри помалце.
     
    На P.Overdrive и Глупав им се допаѓа ова.
  7. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,076
    3,417
    7 ноември 2014
    Машко
    Проблемот во ЕУ е друг, генерално има недостиг на работна сила и во интерес на сите е да се заврши порано факултет. Статистиките мислам се дека 3 годишни студии се завршуваат во просек за 4 години, додека пак 4 годишни студии се завршуваат за 6 години.

    Кај нас е обратно, што подолго си на факултет, толку е помала стапката на невработеност. :)

    Според мене, три години е и повеќе од доволно за да се стекнеш со потребното знаење, така што Болоња системот (3+2) е идеално решение.
     
    На dddragan му/ѝ се допаѓа ова.
  8. martin17

    martin17
    Gaining Experience

    91
    93
    2 Септември 2013
    Машко
    Вистинското учење и напредок се стекнува кога ќе почнеш да работиш (особено во ИТ сегменотот), така што препорачливо е 3 годишни студии и што порано вработување.
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...