1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

24C128 EEPROM програматор

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од The Man, 15 Февруари 2020.

  1. The Man

    The Man
    Gaining Experience

    173
    52
    24 Април 2008
    Здраво дечки, барам некој со програматор за ваков тип на I2C EEPROM и SOIC8 алигаторка за да се исчита 24C128 без да се одлемува од плоча и потоа да промениме внатре неколку букви. Можам да ја донесам лично плочата било каде во Македонија.
    Дали некој од вас има ваков програматор и колку ќе ме чини услугата? :)
    Ако немате, би порачал CH341A од EBay Ch341a programmer eeprom test-clip converter-module FLASH-BIOS EEPROM soic 8 sop8 | eBay

    Можеби @Daniel86 @SaleSk @Tawe @bogoevski можат да помогнат?
     
  2. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,759
    7,207
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Што ти душа сака ќе исчитаме, ама не работам со штипки, мора да го одлемам чипот. Без гајле, сето тоа професионално ќе се одработи.
     
    На SaleSk и spiritBreaker им се допаѓа ова.
  3. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    920
    630
    11 ноември 2015
    Машко
    Го имам и јас истиот програматор што ти треба, како што спомна @Daniel86 и јас не работам со штипки, само со вадење на чипот.
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,759
    7,207
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Браво, паметно и одговорно.
     
    На BorisSapphire му/ѝ се допаѓа ова.
  5. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,859
    3,286
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    лепотани. борис, не знам шо работиш, ама даниел( @Daniel86 ), брату, експерт си. го видов твојто работење лично, не сумњам во се шо ќе наведиш. само мачорот да си го средиш :p :D
     
    SaleSk, gOJDO и на Daniel86 им се допаѓа ова.
  6. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,267
    4,779
    4 ноември 2013
    Машко
    Среден е, му ги имат скинато јајц*та :D
     
    Mar tiN, Pane24, Daniel86 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  7. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,859
    3,286
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    само да не скокнит од тераса, го мислам :D
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,759
    7,207
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    20190719_142111.jpg
    You talking to me? :D
     
    Avid, SaleSk и на HardCorec им се допаѓа ова.
  9. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,859
    3,286
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,759
    7,207
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Море овој мака нема, иде надвор со лифт си се вози, скита по кафани, се враќа сам дома ќе се изнаурла ќе се изнавика, ќе јаде и ќе легне. Прав бекрија :D
     
    На spiritBreaker му/ѝ се допаѓа ова.
  11. The Man

    The Man
    Gaining Experience

    173
    52
    24 Април 2008
    Ризикот од исчитување директно на плоча со штипка е поголем од ризикот да се одлеми чипот и потоа залеми? Не ви се мешам во струката, туку се ова ми е ново и ме интересира :)
    Кои се ризиците при директно читање, претпоставувам дека може да се корумпираат податоците на чипот?
     
  12. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,759
    7,207
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Добро претпоставуваш. Сум бил сведок на многу немили сценарија кадешто е зафркната работата со штипка. Ги имам две, еднаш или двапати сум ги употребил, видов колку е саат и ги баталив.
     
  13. Tawe

    Tawe
    Gaining Experience

    498
    154
    12 Август 2011
    Машко
    ChipТuning
    Јас сум во Велес, ако те носи патот може да завршиме работа. Инаку и јас одам на варијанта одлемување/залемување, нема никаков ризик.

    За прашањето да се чита/запише без одлемување, при читање не можеш да направиш проблем, проблем може да се појави ако пробаш да запишеш. Постојат неколку можни варијанти: прво, воопшто да не го прочиташ, да го прочиташ како што треба целосно, но да не можеш да го запишеш, и трето, да го прочиташ но корумпиран, и доколку успее нешто (или целосно) да запише, тогаш настанува голем проблем, еепромот веќе нема функција како што треба да има, а оригиналниот фајл веќе го немаш.

    Сето тоа е последица што секоја плоча е приказна сама за себе, со различни елементи, сигнали итн.. Пример за читање на одреден еепром, одреден пин на него треба да биде на понизок напон или 0, а при запишување треба да се крене напонот. Исто така, често имаат и опција Write Protect, каде нормално пинот е поврзан на маса и е дозволено запишување, додека истиот пин ако се крене само од плочата или се поврзи на напон, забранува било каква измена во фајлот...
     
    The Man, Daniel86 и на bxxxn им се допаѓа ова.
  14. krema

    krema
    Professor

    10,632
    10,217
    24 Јуни 2009
    Машко
    @Tawe
    Исто и SMD варијантите одиш со одлемување/залемување?
     
  15. Tawe

    Tawe
    Gaining Experience

    498
    154
    12 Август 2011
    Машко
    ChipТuning
    Да :)
     
  16. The Man

    The Man
    Gaining Experience

    173
    52
    24 Април 2008
    Фала @Tawe , се договорив со @Daniel86 да му ја однесам плочата кога ќе ја имам во раце (за неколку дена).
     
    На Tawe му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...