• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

2008 ќе биде година на лаптопите

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

hmmm

Gaining Experience
30 ноември 2007
1,242
81
hmmm's setup  
Processor & Cooler
i5 3570k @4.2GHz & CM Hyper 212+
Motherboard
AsRock Z77 Pro3
Storage
Samsung 840 EVO 120GB + WD Black 1TB
PSU
Corsair CX600
RAM
2x4GB G.Skill Sniper 1600MHz
Video card
HD4000
Case
Custom
Mouse
Gigabyte GM-M7000
Keyboard
Generic
Audio
Asus Xonar DG
Monitor
Compaq Q2159
OS
Windows 8 64bit
Аналитичарите предвидуваат дека во 2008 година во САД ќе се продадат повеќе преносливи отколку статични комјутери. Иако ова предвидување веќе постои со години, сега најверојатно би требало да се оствари.

Во 2007 година на американскиот пазар бил забележан раст на продажба на преносливи компјутери од 21%, додека во исто време продажбата на десктоп компјутери паднала за 4%.

Низ бројки тоа е 31,6 милиони продадени преносливи и 35 милиони десктопи компјутери. Не е тешко да се заклучи дека таа разлика во 2008 година ќе се зголеми и дека ќе бидат продадени многу повеќе лаптопи од десктопи.

Во прилог на ова тврдење и понатаму се чувствува разлика во брзината помеѓу преносливите и десктоп компјутерите. Како причина за поголемата продажба на лаптопите може да биде и константниот пад на нивната цена, а зголемување на брзината.

Во 2007 година зголемен е бројот на точки за безжично поврзување (wireless), кое ги мотивира луѓето да набават лаптоп, а не може да се занемари и барањето од образовните установи кои на студетите им бараат набавка на пренослив компјутер.

На крај и големите компании се почесто се одлучуваат за набавка на преносливи компјутери, па од IDC предвидуваат дека до 2011 година 66% од купените компјутери за деловни цели ќе бидат лаптоп.

Сите овие трендови се забележани во САД, но многу слични проценти можеме да видиме и низ други делови од светот. Сите сме приметиле дека побарувачката на преносливите од статичните компјутери е далеку поголема.

Извор:Точка
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Епа сега видете: компјутер кој можеш да го семеш во рака и да одиш со него кај сакаш и компјутер кој е огромен. Голема улога во целата оваа работа има и падот на цените на лаптопите.
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Дефинитивно, се очекува цените да се смалат, и навистина е подобро компјутер кој е лесно пренослив. Пр. јас не сум дома по цел ден а имам потреба од компјутер, така да е неминовно да си земам еден.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Тоа си потполно во право, но земајќи го впредвид нашиот стандард, тешко остварливо (барем за најголемиот дел од популацијата). А со оглед на падот на цените на лаптоповите, при што и моделите кои овозможуваат посолидно играње не се повеќе со астрономски цени, ништо чудно да се остварат предвидувањата.
Сепак, со едно огранучување - сметам дека предвидувањето е во поглед на стандардните лаптоп модели, не на гејминг моделите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,517
Мислења
822,419
Членови
28,049
Најнов член
Mandej
На врв Дно