18-55 ili 55-200 - koja e razlikata vo zoom i vo namenata?

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од Boce!, 5 Август 2017.

  1. Oktar

    Oktar Sensei

    2,545
    5,760
    23 oктомври 2012
    Машко
    Мислел на мене??? Awwwww... :D :D :D Се шалам, се шалам, секако не би сакал другар ти да мисли на мене :D :D :D Хахахахах, пак се шалам, шега, шега.
    Инаку целосно се согласувам со пријателот.
     
    omegaRED, kirev и на Boce! им се допаѓа ова.
  2. Војвода

    Војвода Sensei

    1,912
    3,017
    26 oктомври 2012
    Машко
    Што пари се 750ките ?
    Кај нас се мн слични цените со d610, а кај Аксел 610ката е 1080 евра...
    Ако е слична и таму цената...

    Sent from my SM-G950F using Tapatalk
     
  3. mdeni

    mdeni Активен гик

    1,623
    1,352
    24 Септември 2012
    Немаат 750ки. Тоа и прашав.
     
  4. Boce!

    Boce! n00b

    30
    20
    4 Август 2017
    Што мислите за овој објектив (намена, квалитет, понудена цена).

    Tokina 11-16mm F2.8 DX II za Nikon

    Se nudi na foto berza za 350 eur.
     
    Последна промена: 12 Септември 2017
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gokica

    gokica Модератор

    7,042
    7,383
    13 Јуни 2009
    Одличен објектив. Војвода го има ако не се лажам. Само да не е скапичок вака. Не знам провери како е со цена во аксел фото.
     
    На Boce! и Oktar им се допаѓа ова.
  6. Војвода

    Војвода Sensei

    1,912
    3,017
    26 oктомври 2012
    Машко
    Го имам јас, чат пат знае левата страна од сликата да е помека од десната, но може таа мака да ја има мојот примерок, пошто немам прочитано на нет за вакво нешто за него.
    Како и да е, ако се е во ред со него, одличен избор е.
    Кај Аксел е 380-390 евра, но незнам, можда се Refurbished или слично.
    Треба убава проверка како и да е.
    Едит: Сега го тестирав во неколку слики, и е како што треба. Но често сум приметувал на работа кога сликам доста голем простор, кога ги зумирам сликите, десната страна е срча, а левата страна е доста помека.
    Пошто е wide angle не би требало фокусот да е утнат, но незнам што би можело да причинува еден дел од сликата да е помек од спротивниот.
     
    Последна промена: 12 Септември 2017
    gokica, flashgordon007 и на Boce! им се допаѓа ова.
  7. flashgordon007

    flashgordon007 Гик

    257
    255
    15 Септември 2012
    Машко
    Го имам истиот објектив и јас.
    1. Намената му е да ставиш кадар со што поголема ширина во еден фајл, кадар, слика или како го викаш. Природа. Архитектура... Фаца или фаци - сигурно нема да сликаш. И да, различен е од т.н. рибји ока објективи...
    2. Квалитет? Одличен. Направен од метал. Тежи многу повеќе од оние пластичните на кењон и никон. (не се сложувам со коментарот од претходната порака дека аксел носи поправани примероци - мојот примерок го земав од него - пакувањето беше од оригинален производ! Не сум реклама на човекот, ама во србијата повеќемина (најмногу од суботица) заработуваат на фото опрема што ја увезуваат од унгарија, швајцарија, романија, холандија и веднаш си го враќаат ддв-то или како се тој данок вика. На купувачот му продаваат опрема ослободена од тој финансиски проблем. Аксел е еден од нив со подолг стаж и со најдобар однос према муштериите). Друг е Андор - не ви давам други информации - барајте си го сам по српските огласи (ама овој лик, за разлика од Аксел, нема да го видите оти парите ќе ги пратите преку посредник а нарачката ќе ја добиете преку пошта). Гаранцијата што ја даваат си ја почитуваат и едниот и другиот.
    3. Понудената цена - јас кога го купував - пред две години, неговата цена неможев да ја добијам (со одбиен цел ддв) ниту од бугарија, ниту од грција, ниту од унгарија.

    Пак да повторам: не сум портпарол (гласноговорник) на ниту еден лик од набројаните. Од кога ги открив, веќе не сум купил ништо од мк фото продавница. Можеби си ги ценам моите пари повеќе од патриотизмот...

    P.S. Мојот примерок е остар како жилет од крај до крај и досега не сум приметил неострина, целосна или делумна, на ниту една бленда
     
    Последна промена: 12 Септември 2017
    gokica, Boce! и на Oktar им се допаѓа ова.
  8. gokica

    gokica Модератор

    7,042
    7,383
    13 Јуни 2009
    Одлична информација флеш гордон. Дефинитивно во земјава фото опремата е изгор споредено со соседите.

    Боце, како што ти кажаа овој објектив е за широк кадар. Не е баш за секојдневие. Добра набавка е ако ти треба баш таков објектив. Одличен квалитет за пристојна цена.

    Но ако сакаш да се покриеш во најкорисното подрачје јас сепак би останал на планот да го продадам китот и да го купам сигмата. Јас мислам да го купиш сигмата ќе сакаш да го продадеш и 35мм фиксниот зашто ретко кога ќе го користиш. Тој е побрз но сигмата е поостра споредено со фиксните 35 и 50мм на никон.

    Единствена маана на сигмата и е фокусниот прстен кој не е толку мазен како никоновите. Мене лично не ми пречи но не знам тебе.
     
    На Boce! му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Boce!

    Boce! n00b

    30
    20
    4 Август 2017
    Sigmata definitivno.
    I 35mm DX fiksniot bi go prodal togas.
     
Слични теми
  1. n3tG0d
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    1,085
  2. spektrumZX
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    876
  3. Tunee
    Одговори:
    10
    Прегледи:
    1,346
  4. elpapi
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    1,558
  5. liljanan
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    811
Вчитување...

Сподели