Стани премиум член, добиј куп бенефити и поддржи ја работата на IT.mk!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

18.11.2007 - Ваучерите за компјутери при крај

Статус
Затворена за нови мислења.

D

Администратор
31 март 2007
3.798
3.741
www.iwmnetwork.com
Со различно темпо, но со еднакво голем интерес изминативе две недели се делеа ваучерите за купување компјутер на двата универзитети во Тетово.

На Универзитетот на Југоисточна Европа, до средата претпладне ваучери добија 1.241 студент од завршните години. На Државниот универзитет од предвидените 1.061 ваучер, останати се 250 кои според проценките ќе бидат раздадени до вторник.

Студентите кои не успеаја да дојдат до 12.300 денари подарени од Владата, а кои на Штуловиот универзитет се околу 10%, ќе имаат втора шанса. До крајот на месецов ќе се менува законот за доделување ваучери и ќе се отпечатат дополнителни 1.000 бонови.

Од Владата веќе ги контактирале управите на универзитетите за да го утврдат дополнителниот број ваучери кои ќе им ги испратат.

Сите студенти кои добиле или ќе добијат ваучер, ќе треба да го искористат до 15 декември, а фирмите кои ќе им ги продадат компјутерите, до 22 декември да го достават вредносниот бон до надлежните органи.

По барање на студентите со новите измени, законот ќе биде малку попустлив па ќе дозволува под компјутер да се подразбира и куќиште и монитор.

Дарежливоста на Владата за купување на компјутер ќе можат да ја искористат сите редовни студенти кои се државјани на Република Македонија и кои годинава за прв пат се запишани во последна студиска.

Наташа Петковска - Kiss
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
45.604
Мислења
945.617
Членови
34.089
Огласи
1.976
Најнов член
Di@
На врв Дно