• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

15 години WWW

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77


Кон почетокот на минатиот век британскиот физичар Тим Бернерс Ли и Белгиецот Роберт Кајо од Европскиот организација за нуклеарни истражувања CERN дојдоа до идеја да создадат мрежа на информации, која ќе го покрива целиот свет.

Интернетот веќе постоеше како светска академска мрежа. На него беа поврзани научниците ширум светот, но според Роберт Кајо, беше потребно да се воспостави единствен стандард.

„Постоеја податоци кои беа меѓународно достапни, но за нив беше потребен терминал, шифра и мораше да се наплатува. Се беше комплицирано“, вели Кајо.

Основата на целата идеја беше спојување на хипертекст од Интернет со персоналните компјутери, за да се создаде единствена информациона мрежа која би требаше да им помогне на физичарите од CERN да ги споделуваат информациите сместени во лабораториските компјутери. Хипертекстот требаше да им овозможи на корисниците лесен пристап до информациите по пат на линкови на страници со текст.

На научниците им беше јасно со каков предизвик се соочуваат. Требаше да се пронајде заеднички систем за размена на податоци.

„Идејата беше да создадеме систем во чии рамки може да се најдат документи и линкови. Тим Бернер Ли, како инфраструктура го избра Интернетот, кој веќе беше во употреба во академските кругови. Пред да започне со работа првиот прототип, го избравме името world-wide-web, што во превод значи „мрежа ширум светот“. Штом ќе исфрлите такво нешто, сите за него се фаќаат, затоа мрежата не можеше да биде помала од целиот свет“, вели Кајо.



Во 1989 година, Бернерс Ли започна да ги пишува потребните програми кои на корисниците без комплицирани команди ќе им овозможат да одат до текстот, па така е создаден браузерот. Со помош на браузерот можеа да се читаат текстови од најоддалечените сервери. Секако дека и претходно постоеја слични идеи, но новитетот се состоеше во максимално поедноставената постапка. Сега веќе многу поедноставно можеше да најдете некоја страница. Можевте да читате што сакате. Ќе кликнете и линкот ве води понатаму. Можевте да се движите низ големиот простор на документи.

Пред 15 години, во 1993 година CERN го постави софтверот WWW во мрежа. Постоеше само еден услов, да биде достапен за сите и да биде бесплатен. Се разбира првиот веб-сајт на Интернет го постави CERN, а тој се наоѓа на оваа адреса: http://info.cern.ch/

Извор: ИДИВИДИ
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Е ај со среќа нека му е роденден ... :) безнего форумов не би постојал:bravo:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,586
Мислења
824,067
Членови
28,083
Најнов член
Busavata
На врв Дно