1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

144 hz ili 240 hz monitor ?

Дискусија во форумот 'Игри' започната од bokirulz, 24 Април 2020.

  1. bokirulz

    bokirulz
    Intern

    39
    8
    24 Јануари 2011
    Zdraco decki, sakav da praam apgrejd na 60 hz monitor i se mislam koj da go zeam za gejmanje, dali so 144 hz ili 240 hz, imam budjet i za dvata, hardver i7 9700 so gtx 1660, sto e po vas bolje da zemam ? Fala , pozdrav
     
  2. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,346
    793
    12 Април 2017
    Машко
    Не мислам дека GTX1660 е довлно за 240Hz
     
    На Rukfash му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Steam.

    Steam.
    On your way to fame

    821
    744
    31 Мај 2011
    земи си убава 144ка и не се замарај со 240, скокот од 144 на 240 не е толку приметлив, постои, ама не е огромна разлика ко од 60 на 144. Плус, за да вадиш 240+фпс во игри ти треба и најјакиот можен хардвер/намалување сетинзи во секоја игра. Земи си 144, и не се замарај.
     
    Rukfash, bokirulz и на Tenny им се допаѓа ова.
  4. Weeaboo

    Weeaboo
    Gaining Experience

    129
    78
    23 Февруари 2020
    Машко
    Programming
    Компетитивни игри на ниски сетинзи се играат, а хардверот му е доволно моќен за да игра наслови како CS:GO, Dota 2, LoL, Valorant, Fortnite со 240 FPS. Јас би ти рекол повеќе да размислиш со буџетот и за панелот, ипак VA и IPS се далеку подобри панели во контраст и приказ на бои, па едноставен одговор би ти рекол IPS 144 Hz напсроти TN 240 Hz.
     
    На Rukfash и Speedster им се допаѓа ова.
  5. bokirulz

    bokirulz
    Intern

    39
    8
    24 Јануари 2011
  6. CykaBlyat

    CykaBlyat
    Gaining Experience

    340
    164
    22 oктомври 2016
    Машко
    Спиење
    Подалеку од него ако планираш да играш компетитив игри на високо ниво (високи ранкој не професионално)

    Ако играш некој сингл плер игри доволо тие еден IPS 144

    Ако играш компетитивно е-спорт игри и бараш абсолутно најбрз монитор најдобра опција ти е BenQ XL2546 или AOC AG251FZ
     
    На skok. му/ѝ се допаѓа ова.
  7. skok.

    skok.
    Intern

    5
    1
    25 Јули 2019
    Машко
    toj monitorot drugarmi go ima probano i veli imal mnogu ghosting i na yt ima videa kaj so kazvat imat ghosting od toj monitor izvadoja nof model so nema ic ghosting ama vo makedonija ne go gledam da go ima ako zemvas 240hz preporacuvam benq 240 ili aoc
     
    На CykaBlyat му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bokirulz

    bokirulz
    Intern

    39
    8
    24 Јануари 2011
    A ne mi e jasno so ova, 60 herzen monitor moze maks da prikaze 60 fps ili ? Ne sum strucen so ova pa ako moze nekoj da objasni
     
  9. Weeaboo

    Weeaboo
    Gaining Experience

    129
    78
    23 Февруари 2020
    Машко
    Programming
    Да, затоа и е препорачливо за 240 Hz да имаш хардвер да истурка 240 FPS.
     
  10. Fredy

    Fredy
    Unstoppable

    886
    2,223
    12 oктомври 2014
    Машко
    Не сум ни јас ама би ти препорачал да почекаш некој месец.
    360hz монитори веќе има искочено,за брзо ќе ги донесат и кај нас.
    Што ќе се заебаваш со 144/240hz...

    Sent from my SM-G975U using Tapatalk
     
    На Speedster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,747
    27,426
    4 Септември 2008
    Почекај некој месец. Се најавуваат 360 херцни, таман со 2x3080 ќе вадиш некои 250 фрема на 1080p, топ зделка.
     
    На Rukfash, Draynor, Alek7 и уште 7 други им се допаѓа ова.
  12. Weeaboo

    Weeaboo
    Gaining Experience

    129
    78
    23 Февруари 2020
    Машко
    Programming
    А да му кажеш грубо прво колку ќе кошта 360Hz кај нас на пазаров?
     
  13. Fredy

    Fredy
    Unstoppable

    886
    2,223
    12 oктомври 2014
    Машко
    Уклучи сарказам скенерот прво

    Sent from my SM-G975U using Tapatalk
     
    На Futurelakimens, Gaston, Draynor и уште 5 други им се допаѓа ова.
  14. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,088
    1,356
    26 Март 2016
    Даскал
    Надвор од хардверот што го поседуваш, туку во игра влегуваат и личните преференци за одредување каков монитор да земиш. Гледам добиваш расцепкани одговори коишто се на место и по некој саркастичен коментар (што ќе те збуни), па ќе ти дадам „кратко“ overview на што да пазиш кога купуваш нов монитор бидејќи според мене е далеку најважната инвестиција што можеш да ја направиш и што треба да ти трае подолго време.

    Не е воопшто важно каков хардвер имаш се' додека не земеш соодветен монитор, бидејќи тој е единственото парче хардвер коешто ти го дава финалниот аутпут на цел тој „моќен“ хардвер т.е. ја генерира сликата којашто ја гледаш. Не зјапаш во хард дискот цел ден или графичката (во последно се фрла и по некое око таму ради РГБ-то) туку во мониторот којшто е твојот директен контакт со системот што го имаш и каде ги забележуваш резултатите од твоите периферни инпути.

    НАПОМЕНА:
    Ова го пишувам уз прве бидејќи мора да одам на работа и немам време да му манам уредништво (ќе го средам после, може да заборавам работи, па ќе треба да бришам, дополнувам, средувам).

    Освен рефреш рејт (херцажата), мониторите поседуваат и други карактеристики коишто можеби би требало да ги земеш обзир. Пример, мониторите се разликуваат според:

    1. големина на дијагонала (физичка големина во инчи) и формат на дијагонала (aspect ratio -- соодност на хоризонталната и вертикалната оска според нивните димензии) -- зависи колку голем простор сакаш да гледаш пред себе и во каков формат. Моментално како генерален стандард се зема 16:9 златна средина, ама има луѓе кои претпочитаат UltraWide минимум 21:9 како мене бидејќи ми е потребен за работа и некои игри изгледаат поубаво на таков формат. Физичката големина е индиректно врзана со бројот на пиксели. Имено, што поголем екран, тоа повисока резолуција треба да земаш за да не се распознаваат индивидуалните пиксели.

    Затоа многу се нервирам кога денес продаваат ветер со овие Full HD панели над 24 инчи. Како мајнкрафт да играш во секое сценарио побогу.

    2. резолуција (број на пиксели настегани во тие инчи) -- што помал број тоа повеќе фрејмови ќе вадиш, а со 1660ка џабе ќе земаш повеќе од 1080п, ама ако ете парите не се проблем можеби е добро да одиш на future proof па и графичката ќе ја смениш крајот на годината со Ampere или Big Navi. Сепак е лична преференца ама според број луѓе (вклучувајќи ме и мене), ерата на FullHD помина, барем 1440п да се земи за да се ужива во игрите.

    Новите AAА излегуваат со нови технологии за 3д визуелизација според рендеринг процеси налик реалните природни процеси, па повисока резолуција помага баѓи за да се ужива во тој дострел технолошки. Ама како што рековме 1660ка е многу малку за тоа.

    3. Refresh Rate (бројот на испишувања на нови слики во една секунда) -- значи рефреш рејт од 60 херци праќа 60 слики во секунда, 144 херци -- 144 слики во секунда. Скокот од 60 на 144 е ОГРОМЕН, значи не можам ова да го потценам. Ќе забележиш ОГРОМЕН скок од 60 на 144 и нема да сакаш да се вратиш назад, ќе се расипиш за навек. Скокот од 144 на 240 или 280 од друга страна е минимален и неприметлив. Се правеа голем број испитувања со професионални гејмери дали гејмање на 240 херци пружа бенефити. Како прво луѓе имаа проблеми да ја распознаат разликата, второ тие бенефити ќе ги искористат само професионални FPS гејмери или racing sims и тоа само одреден процент од нив -- 10 до 15. Ако ти не си професионален гејмер од тој калибар, 240 херци се гимик за тебе и претставуваат маркетиншки трик за обичниот конзумер. Ова видео ќе ти даде подобра идеја за тоа како влијае RefreshRate на перформанси:


    View: https://www.youtube.com/watch?v=OX31kZbAXsA&t=171s


    Видеово го вклучува Linus и познати FPS професионални гејмери, вклучувајќи го Shroud. Ќе ти кажат тие што прават пари од тоа дали вреди, а не некој тука што пуца Кантер во сабота.

    4. Response Time (време за менување на пиксел од сива во повторно сива или од црна во бела) -- ова е исто така важна карактеристика посебно за луѓе кои работат со high-motion видеа и/или играат high-motion игри (фпс, racing sims, итн.). Времето на одзив всушност е време кое е потребно на пиксел да смени сите бои од сива до сива. Ако response time-от е висок и гледаш или играш вакви содржини, ќе се појави феномен наречен "Ghosting" или по наше мачкање на пиксели. Т.е. сликата нема се уште да биде сменета на компјутер кај тебе, а графичката ќе турка друга слика поради содржината.

    Моментално, сѐ УШТЕ најнизок response time имаат TN панелите, АМА TN дисплејите ЛИЧНО ЗА МЕНЕ отидоа во историјата. TN LCD технологијата дава ужасна репродукција на бои и агли на гледање. Како да гледаш ретро вестерн на телевизор со антена. Таа аналогија ја тргам бидејќи сум сензитивен на бои и нивната јасност, живост, природност, контраст, etc. поради професиојата првично ама ако се префрлиш на супериорна технологија како IPS ќе се осетиш како да си бил слеп со години и конечно ти го вратиле видот.

    5. вид на панел -- во денешно време постојат 4 главни видови на LCD панели достапни за конзумерите (ова го споменувам бидејќи има и нови експериментални панели и не ги вклучувам оние типови панели кои не се произведуваат повеќе). Тоа се следниве LCD (да сите функционираат на основна LCD технологија) наредени според квалитетот на слика и бои кои ја репродуцираат:

    - OLED (organic LEDs) -- Убедливо најубавиот вид на панел каде црните се навистина црни бидејќи ледовите се исклучуваат по потреба што им дава можност за True HDR. Новите мид рејнџ и флегшип мобилни сите имаат OЛЕД панели, таму можеш да видиш точно што добиваш со таков панел. НО, и ова е ОГРОМНО НО, OLED панелите кога тогаш ќе потклекнат под феноменот наречен BURN IN. Т.е. поради нивната честа употреба посебно кај статични UI-ња и некои бои. Burn-in е еден вид на испис кој се појавува од статични слики на делот од дисплејот каде беа присутни. Ќе го забележиш како дисколорација во форма на статичните пиксели кои беа присутни. Пример ако играш игри со статично UI, Или обична windows околина со статични икони (посебни бела и сина светлина). Така што и да се смени сликата, ти сѐ уште ќе ја гледаш таа стара статична слика. Изгледа ужасно и мониторите се подлежни на тој ефект повеќе бидејќи имаат подолго Screen-on-Time од мобилните и користат повеќе статични UI-ња.

    OLED се единствениот вид на панел кои се self-emissive, т.е. не им треба backlight за да функционираат, затоа црните се навистина црни.

    - IPS (in-plane switching) -- Моментално најприфатливиот панел за репродукција на бои за конзумер. IPS нуди најјасни бои, најширок спректрум на бои, најпрецизност во боите и најдобри viewing angles (сѐ уште јасно се гледа сликата од страна).

    - VA (vertical allignment) -- Средина помеѓу TN и IPS. Не нудат толку јасни, прецизни бои како IPS, но нудат најквалитетен контраст од сите. Мана моментално им е бавниот response time т.е. најподложни се на ghosting. Исто така, подложни се на color shifting, т.е. кога ги гледаш од различен агол, менуваат боја.

    - TN (twisted nematic) -- убедливо најлошата репродукција на бои што постои и ќе постои, порадо би гледал слика на стар црно-бел телевизор отколку TN панел. телевизорот барем не те лажи за тоа дека ти прикажува вистински бои. Главата ме болеше секогаш кога го користев стариот TN panel, ама го зедов ради висок рефреш рејт на времето. Фала богу денес и IPS панелите се одликуваат со висок refresh rate и низок response time па не мора да купуваш TN.

    НОВИОТ СТАНДАРД што ќе го пружа најдоброто од најдоброто е наречен MicroLED

    Панел од огромен број индивидуални лед диоди (по една за секој пиксел) коишто ќе се уклучуваат и исклучуваат по потреба. Ќе даваат најбристри, најсветли, најточни, највивидни слики и најчист TrueHDR контраст. Оваа технологија излегува по саеми, меѓутоа сѐ уште е ограничена во одредени аспекти за да ја пуштат во широка употреба, бидејќи ледовите треба да ги снижат на толку мала големина за да може да ги настегаат во нормален формат. Микролед мониторите ќе бидат најслаби досега (бидејќи не е потребен backlight или други слоја од таа „тортата“ за репродукција на слика), ќе ги имаат сите предности на ОЛЕД и ниеден од негативните страни. Исто така, бидејќи не се засноваат на органиски продукти како ОЛЕД, рокот на траење ќе им биде многу подолг и поиздржливи ќе се.

    Ама замисли, за 4к слика ќе ти бидат потребни 25 милиони такви микролед диоди и само една ако не е наместена какошто треба од страна на роботите, нема да биде сликата тоа што е. И се додека не се усоврши оваа технологија ќе треба да уживаме во ОЛЕД или IPS. MicroLED панел можеби ќе излези за 5 години за конзумерите меѓутоа ќе биде ограничен на ниска резолуција и широка дијагонала ради големината на леддиодите. Нема да вреди да се купува се додека не се усоврши за 1440п нормална дијагонала.

    6. Luminance или monitor brightness (не знам како да го преведам „сјајност“ појма немам нашиве како го преведуваат) и Contrast Ratio -- Сјајноста е интензитетот на емитираната светлина и се мери во cd/m2 кандела на метар квадратен или nits. Сјајност и contrast ratio-ото се меѓусебно врзани бидејќи ќе добиеш подобар контраст кај посјајни монитори. Contrast ratio е разликата во сјајност помеѓу најсјајните бели пиксели и најтемните црни пиксели. Затоа OLED мониторите имаат најдобар ВИСТИНСКИ контраст, бидејќи ги исклучуваат ледовите по потреба, а секој друг вид панел мора да има уклучен backlight. Надвор од OLED, најдобар контраст ќе добиеш кај VA на пример. IPS нови панели што излегуваат исто така имаат висока ЛУМИНЕЗНОСТ? (не знам да преведам), меѓутоа ќе ти истераат очи ако ги тераш така.

    7. Curved/Non-Curved и VRR (variable refresh rates) -- Ги ставам последни бидејќи првото е најмалку важно за луѓето, а второто е технологија којашто му се наоѓа само на гејмери (за мене лично VRR би одело на 3то место). Првото е разбирливо и се наоѓа само ако земеш UltraWide, бидејќи на широк екран е убаво да постои закривеност за очите да ти имаат иста оддалеченост од пикселите од екранот (работа со дизајн или моделирање на пример).

    VRR од друга страна бара своја засебна тема со долги текстови ама накратко тоа е технологија од АМД и НВИДИА за усогласување на refresh rate-от на мониторот со бројот на слики којшто ги генерира твојот систем со цел елиминација на феномени како Screen Tearing, Screen Lag, Stuttering итн. VRR е АПСОЛУТНО game-changer за гејмери и посебно ќе ти биде потребен во твојот случај бидејќи гејмаш на инфериорна 1660ка и повеќе се наоѓа кога не вадиш доволно фрејмови отколку кога вадиш повеќе од доволно, бидејќи тогаш забележуваш повеќе проблеми. АМД нудат софтверско решение, додека НВИДИА имаат и ЗАСЕБЕН G-SYNC модул којшто нуди одредени бенефити иако резултатите се горе долу истите.

    8. DisplayHDR стандард -- Овој нов стандард е гимик за луѓе, а за други изгледа феноментално (вкклучувајќи ме и мене). Моментално започнуваат да излегуваат првите IPS панели со убав DisplayHDR којшто ги зема предвид луминенцијата? (јебем ти превод) и контрастот за да даде прекрасни сенки и репродукција на бои во споредба со тој контраст.

    ЗА КРАЈ, да ти дадам препорака за твојава дилема. Кој монитор да го земеш? Имајќи предвид дека имаш 1660ка, а парите не се пречка? Прво апгрејд на графичка да направиш, бидејќи со таа графичка џабе ти е висок рефреш рејт. Ако тоа не планираш да го правиш, кој било 1080п, 144 херцен (не повеќе, џабе ти е бидејќи едно нема да произведиш толку фрејма, а второ и да можеш да произведиш толку пиксели, нема да забележиш разлика). Бидејќи ти препорачувам FullHD, ти препорачувам да не одиш повисоко од 24ка, бидејќи тогаш започнуваш да ги распознаваш индивидуалните пиксели. За на крај, АПСОЛУТНО МОРА IPS да бараш бидејќи ништо друго не би требало да ти влегува во игра. Така што, барај го најдобриот за пари монитор со:

    - FullHD
    - 144Hz
    - IPS
    - Препорачливо VRR технологија

    Кога ќе смениш графичка ќе можеш да одиш и на доста повеќе.

    Се надевам ова ќе ти помогне, поздрав.
    --- Споени мислења, 24 Април 2020 ---
    нема да кошта многу бидејќи е TN панел, ама можеби ќе напумпаат цена ради маркетиншкиот гимик кога ќе излези бидејќи е првиот претставен монитор на CES 2020, а ќе го има на продажба в година дури. Ама тотално неупотреблив ќе биде.
    --- Споени мислења, 24 Април 2020 ---
    Исто така важна информација. Конзумеристичките монитори (оние што се во опсег) моментално користат DP 1.4a и/или HDMI 2.0b. Овие интерфејси имаат ограничен проток и производителите мора да наоѓаат „финти“ за да туркаат бои со висок/длабок bit color depth, висок рефреш рејт и висока резолуција. Новите стандарди кои беа објавени лани и оломнани на DisplayPort 2.0 и HDMI 2.1 го креваат тој bandwidth до точка каде можеме да уживаме во сиве овие карактеристики без компромис. Воведување на овие стандарди во практика и првите монитори со таков интерфејс ќе излезат можеби кон крајот на оваа година (се шпекулира). И поради тоа, цените би требало да паднат и да се нудат подобри mid-range Монитори. Јас би ти препорачал да чекаш, бидејќи и јас тоа го правам за да излезат и Ampere/Big Navi и новите интерфејси кај мониторите бидејќи скокот на RTX 2.0 и DLSS ќе биде далеку поголем отколку она што го нуди првата итерација на RTX 1.0 (неисполирана е). Па ќе добиеш и далеку подобра графичка за парите и квалитетен монитор.

    Инаку дисплејпорт е супериорниот интерфејс во однос на HDMI и е правен со цел задоволување на потребите на гејмерите.

    Поздрав,

    Побратим гејмер и дизајнер.
    --- Споени мислења, 24 Април 2020 ---
    ЕДИТ:

    9. Color Bit Depth -- Заборавив една од НАЈважните одлики на панелите да ги споменам, посебно за креативци како мене. Оваа бројка којашто ќе ја сретнеш како 6-bit, 8-bit, 10-bit, 12-bit е поврзана со можноста на панелот да произведува бои. Што повисок, подлабок depth, тоа повеќе бои и нијанси може да произведе мониторот и да ги репродуцира. Сите нови AAA се прават БАРЕМ на 10-bit основа при текстурирање. Мнозинството конзумери од друга страна поседуваат 8-bit панели коишто тие бои не можат да ги репродуцираат и настанува процес на спојување на нијансите и добивање на неверодостојна репродукција на оригиналната текстура. Денес со напредокот на 4k и HDR мониторите, репродукцијата на сите нијанси на бојата е особено важна за добивање поприродна и поверодостојна слика при високи резолуции. Производителите на монитори НЕ СЕКОГАШ ја даваат оваа информација директно за тоа колку bit depth има нивниот панел и често даваат само бројка на бои која може да ја произведе бидејќи изгледа поимпресивно. Као, зошто би ти рекле дека нивниот дисплеј е 6-bit кога може да ти кажат може да произведе 16 милиони бои?

    Новиот стандард за филмови и игри започнува да влегува како 10-bit, за креативци да не зборувам, одамна на 10-bit треба да бидат префрлени. Особено е важно за оние што работат со текстури и фотографии да имаат пристап до што најпрецизни бои. Ако те интересира математиката тоа оди вака:

    -- Секој пиксел има on-off функција и кај 8-битни панели, секој пиксел е составен од 8 битови (on-off) и кога ќе ставиш 2 на 8ма тоа доаѓа 256 нијанси на секоја боја (црвена, зелена, сина). 256x256x256 доаѓа 16.7 милиони бои. Кај 10-битни панели од друга страна, секој пиксел се јавува во 1024 варијанти, а 1024x1024x1024 од сите бои = 1.07 ЕБАНИ БИЛИОНИ нијанси. Сега види колку е поголема разликата во бои и нијанси. Разликата помеѓу двата панели лесно се забележува на оние места каде има градација на нијанси на иста боја. Пример замисли сонце кое свети од најсјајна бела до темно-жолта. Кај 6-битни и 8-битни панели, ќе се појави таканаречен феномен BANDING, т.е. појаси од исти нијанси, кај 10-битни монитори тие појаси не постојат (не се забележливи т.е.).

    Color Bit Depth е важна особина којашто треба да се земе предвив за вистинска репродукција на секој модерен контент бидејќи новите содржини се авторираат врз 10-битна база.

    СУМАЦИЈА на сето горенаведено. Не треба да се прави компромис на дел од овие особини на мониторите (resolution, bit depth, HDR) поради една многу важна работа: Секој модерен контент од игри, филмови, фотографија, итн, се произведува на МИНИМУМ 10-bit-на основа и е наменет за минимум 10-bit-ни панели. Работам во тоа поле и знам како се движат работите. Ти всушност му штетиш на визијата на авторот кога не ги репродуцираш содржините онака како што се наменети да бидат репродуцирани, со високо-резолуциски текстури, длабоки, суптилни нијанси на бои и вистински контраст на сенки и осветлени предели. Ама пак од друга страна, монитор што го пружа сето ова кошта МНОГО ДОЛАРОС, така што... неминовно ќе мора компромис да се прави, сакал не сакал.

    DisplaySpecifications - Specifications and features of desktop monitors and TVs

    Оваа е една од неколкуте ДОБРИ страни што сумираат се за мониторите, можеш точно да видиш што еден монитор поседува и како компарира со други.
     
    Последна промена: 24 Април 2020
    На Ребро, JasSum, Rukfash и уште 43 други им се допаѓа ова.
  15. Mayson

    Mayson
    Gaining Experience

    834
    403
    10 Април 2011
    зависи што игри играш, ако играш фпс, земи 240хз тн ако може да извадиш на 240 фпс.
    ако не 144хз
     
  16. Foldalot

    Foldalot
    Intern

    57
    45
    19 Март 2014
    Машко
    Се појавија и доста 165hz монитори во последно време, земи ги во предвид и нив ако 144 ти изгледа малку.
     
  17. CykaBlyat

    CykaBlyat
    Gaining Experience

    340
    164
    22 oктомври 2016
    Машко
    Спиење
    Да.
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Weeaboo

    Weeaboo
    Gaining Experience

    129
    78
    23 Февруари 2020
    Машко
    Programming
    Извини батка, ама научисе малце сарказам да прикажиш, прочитајго psy коментарон за пример.
     
  19. Fredy

    Fredy
    Unstoppable

    886
    2,223
    12 oктомври 2014
    Машко
    Извини на нелагодност батка,ќе знам за другпат и нема да ми се повтори

    Sent from my SM-G975U using Tapatalk
     
    На Tozo8 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Goran995

    Goran995
    On your way to fame

    338
    524
    16 ноември 2019
    Машко
    ИТ
    Сакаш да кажеш дека ќе примети разлика од 21Hz? Може 144 ќе му изгледа малку... ако седи пред мониторот преку slow-mo камера.
     
    На Fredy му/ѝ се допаѓа ова.
  21. skok.

    skok.
    Intern

    5
    1
    25 Јули 2019
    Машко
    240 hz si vikam samo ako si extremno navlezen samo vo esports titles kako cs go apex legends valorant za da imas sekoj advantige vo igrata ako si competitive gamer ama i so 144hz ne gresis ako sakas sekoj advantige vredi 240hz da zemis ako si za normalen gaming i competitive vo budget taman e i 144hz
     
  22. bokirulz

    bokirulz
    Intern

    39
    8
    24 Јануари 2011
    ne sum competitive kaj nas ne ni postoi competitive pro gaming, onaka sakam samo da imam podobra slika so poise FPS
     
  23. CBB_6

    CBB_6
    On your way to fame

    146
    520
    9 Декември 2016
    Машко
    Браво земјаче, шо да речи чоек.

    Си потрошил време и ресурси, си напрајл одличен едукативен осврт за ова. Само штета шо ќе се изгуби во темава, убаво ќе беше да го скоцкаш како засебен туторијал - водич за купување на монитори, да му го излинкаш во темава на авторот, а понатаму и секој кој е со слична дилема на оваа тема да можи лесно да најди одговор.

    Супер сфатлива информација. Абе џвакано :)
     
    MadBuldog, TATA_MATA, PC_GAMER и на уште 1 им се допаѓа ова.
  24. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,088
    1,356
    26 Март 2016
    Даскал
    Набрзина ова иако долго изгледа. Треба страни и страни детално да му се навлези. Она од памет што ми доаѓаше набафтав набрзина. За секоја од тие точките тема засебна треба. xD
     
    MadBuldog, TATA_MATA и на PC_GAMER им се допаѓа ова.
  25. skok.

    skok.
    Intern

    5
    1
    25 Јули 2019
    Машко
    144hz za ta rabota taman ako sakas poubaj boi da imas 144hz ips a za najbrz 144hz tn va panelite najpojke ghosting imat tie nasredina se
     
Слични теми
  1. sanco
    Одговори:
    7
    Прегледи:
    672
  2. tnvski
    Одговори:
    20
    Прегледи:
    1,183
  3. Astraion
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    837
  4. ImTheDude
    Одговори:
    36
    Прегледи:
    5,590
  5. rippermkd

    Проценка Monitor

    Одговори:
    7
    Прегледи:
    1,311
Вчитување...

Сподели

Вчитување...