1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

1080p 240hz TN панел или 1440p 144hz VA панел?

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од dimi3ja, 6 Февруари 2020.

  1. dimi3ja

    dimi3ja
    Intern

    8
    5
    12 Април 2019
    Машко
    Вака сега, до сега користев IPS Dell U2515H (1440p 60hz) ама сакам да земам нешто подобро. Се мислам помеѓу два (буџетот ми е околу 20.000 ден), Alienware aw2518hf или Samsung C27JG50QQ.

    Прочитав дека наводно Alienware-от имал многу убав TN панел и имал преубави бои (за TN), ама па до сега сум немал VA панел и не знам што да очекувам, не знам дали тие 4ms ке ми прават толку разлика и дали ке има ghosting и слично (знам само дека контрастот е топ и боите се убави).

    Во главно играм Apex, Pubg, csgo, и разни single player игри. Ама па на мониторот гледам и филмови серии јутуб. За Самсунгов не можам да најдам многу информации на нет, па би било убаво ако некој поседува било кој од овие два монитора да ми даде свое мислење.
     
  2. esquimaux

    esquimaux
    On your way to fame

    577
    972
    16 Јануари 2016
    Машко
    0-02-05-a4eab6fb47d8771e24fb8c53356d823fbbad4e61f4f8bd3f5e2b2cb69a9956d1_484a8fdc.jpg

    Пред некој ден земен Alienware-от од Анхоч. Искрено сум разочаран. Се гледа дека крателе кривини кај стигнат. Ефтина пластика, капакот од позади што ги крие каблите не се затвора до крај фабрички дефект, лошо поставени влезови некако нема место за кабли со подолги краеви (пример дисплеј порт со лок или поквалитетни кабли што потешко се виткаат). Околу панелот се слагам, споредено еден до друг со два BenQ од кои едниот 144Hz TN, другиот 60Hz TN и од двата дава попрецизна и поубава слика. И разликата од 144 до 240 јас ја осетив, али само еден до друг и не е толку осетна ко од 60 до 144. Али сепак панелот си е TN и во однос на Dell-от што го имаш сликата ќе изгледа полошо (По некоја случајност правев и споредба еден до друг баш со U2515H) и доста помал ppi јас приметувам пиксели. За мене перфекта густина на пиксели е 1440п на 25 инчи, овој ти е 1080 на 25 и е веќе доста приметно (ова е субјективно за мене). Не сум имал прилика да го видам самсунгот али судејќи по панелот и цената ја гласам за него.
     
    На champagnepepe и dimi3ja им се допаѓа ова.
  3. dimi3ja

    dimi3ja
    Intern

    8
    5
    12 Април 2019
    Машко
    Фала на одговорот, u2515h веќе го продадов, моментално користам Benq XL2411P (позајмен од другар), немам место а ни потреба за два монитора, а и ми требаа парите за да го земам следниот монитор. И мене искрено многу ме мисли резолуцијата, еве сега користам 1080p на 24 incha, и не ми се допаѓа густината на пиксели. Сепак панелот ми е најбитен од се, лоша пластика и лоши портови ќе преболам, ама панелот ми е многу битен, само за самсунгов читам на нет, многу често им стига со мртви пиксели, со некои други дефекти, и искрено е прилично "гол" за да ја достигне таа цена, има само 2 хдми и еден ДП порт и тоа е тоа, нема freesync нема hdr нема ништо друго, не дека ми треба нешто повеќе, ама страв ми е дека општо не е квалитетен, сепак за таа цена тие спецификации... нема ништо ни слично за таа цена.
     
  4. champagnepepe

    champagnepepe
    Intern

    17
    25
    21 ноември 2019
    Машко
    DevOPS
    Самсунгот дефинитивно. 240ки само BenQ и Asus ако се погоди. Обично компетитивните монитори ќе ги видиш како спонзори на FPS натпревари.
     
    На dimi3ja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Transporter444

    Transporter444
    Gaining Experience

    54
    59
    11 Јуни 2016
    Машко
    ФИНКИ
    Јас ти препорачувам Asus ili BenQ, според мене тие се најдобрите производители за голем рефреш рејт. Еве ти ги опциите:
    1.ASUS 24.5" ROG SWIFT PG258Q
    2.ASUS 24.5" ROG STRIX XG258Q
    3.Anhoch PC Market Online - Monitor 25'' XL2546 BenQ Zowie LED Gaming 1ms Wide 240Hz,USBx3,HDMIx2,DVI Dual,DP,Height Adjustment

    1. Asus G-Sync 34к
    2. Asus Freesync 28к
    3. BenQ NOSYNC :D 27к

    Е сега не ти се во буџет ама тие се најдобрите, така да добра опција ти е и половен 144ка и да чекаш 360ка
     
    На dimi3ja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CykaBlyat

    CykaBlyat
    Gaining Experience

    259
    127
    22 oктомври 2016
    Машко
    Спиење
  7. dimi3ja

    dimi3ja
    Intern

    8
    5
    12 Април 2019
    Машко
  8. dimi3ja

    dimi3ja
    Intern

    8
    5
    12 Април 2019
    Машко
    Не верувам дека во било која игра би достигнал 360 фпс освен кантер, и тие што ми ги предложи се стварно супер, ама толку е буџетот :)
     
    На Transporter444 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    845
    538
    20 Декември 2015
    Машко
    имам Alienware 240hz, презадоволен од боите, и херцажата. За таа цена нема ништо подобро да најдеш. Да позади е пластика, но панелот го платив, не планирам да го мавам со боксој мониторов такоџе ќе преживее.
     
    На Transporter444 и MadBuldog им се допаѓа ова.
  10. CykaBlyat

    CykaBlyat
    Gaining Experience

    259
    127
    22 oктомври 2016
    Машко
    Спиење
    Бидејќи ShitWare-от носи TN панел а Samsung-от има God Tier VA panel.
    Иначе да,Shitware има Ghosting,го имам видено во живо за разлика од мојот 144 херцен монитор кој го сметам за арен каде што не го гледам ghosting-от,мислам дека е до панело а не херцажата
     
  11. dimi3ja

    dimi3ja
    Intern

    8
    5
    12 Април 2019
    Машко
    Ја колку што знам VA панелите се познати по ghosting, а не TN.
     
    На Transporter444 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mao

    Mao
    On your way to fame

    975
    508
    5 Јуни 2007
    Машко
    Alienware мониторот го имам дома, и супер со е. На работа работам со 27” Dell 4K и кога ќе се вратам на моноторпт дома, навистина се приметуваат пикселите на Алиенваре-то. Ама тоа е, 1920 на 25” нормално е.


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
    На dimi3ja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Transporter444

    Transporter444
    Gaining Experience

    54
    59
    11 Јуни 2016
    Машко
    ФИНКИ
    да, во право си ама затоа тука е GSync, и во иднина веќе знаеш дека нема да има подобар монитор :p
     
    На dimi3ja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dimi3ja

    dimi3ja
    Intern

    8
    5
    12 Април 2019
    Машко
    Заклучок: Ако некој се најде во иста мисла како мене, еве го моето искуство. Го земав Alienware-от и освен што имаше еден мртов пиксел, едноставно не можев да се вратам на послаба резолуција, се ми изгледаше пикселизирано и се осеќав ко да сум дал толку пари за послаб монитор од претходниот. Го вратив мониторот и денес го земав Samsungot. Презадоволен сум од мониторов, за конзумирање содржина е дури подобар и од IPS Ultrasharpot што го имав претходно (но не и за креирање, доколку ти требаат точни бои, нема подобро од IPS). Ова ми е прв VA панел, и сум презадоволен, црнава боја е скоро ко OLED да користам, и белата е перфектно бела, никаков ghosting не приметив, ни при играње ни при тестови за ghosting. Сега уште да се навикнам на закривен екран и поголема димензија, и тоа е тоа :)

    Заборавив да додадам, ако си сигурен дека сакаш 1080p резолуција и 240 херци, Alienware-от беше супер, за TN панел имаше дури и многу солидни бои, и најубав build quality на монитор што сум видел до сега, само тоа држачот изгледаше премиум, а камоли мониторот, и ако го зимаш во анхоч, барај да го отворат пред да го земеш дома!!! (во сетек самите инсистираа да го провериме уште пред да прашам) И провери го долниот лев ќош, таму беше мојот мртов пиксел, да не ти го дадат мојот ;)
     
    esquimaux, Transporter444 и на Rukfash им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...