• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

10-те најчудни тастатури на светот

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Слободата во имагинацијата при дизајнот на нови гаџети нема крај. Секојдневно се среќаваме разноразни модели на мауси, тастатури и најразлични направи кои се составен дел од нашиот современ живот. Денес налетав на еден блог на кој е направен интересен избор на тастатури. Еве ја Топ 10 листата на најчудни тастатури. Некои навистина би биле корисни, но некои се навистина freaky. :)

1

Das Keyboard (2005)... со 100% празни (бланко) копчиња. Оваа тастатура е искјлучиво за експерти во куцање по допир или за оние кои сакаат да бидат тоа. Оваа тастатура овозможува истовремено да бидат притиснати дури 12 типки. / daskeyboard.com
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


2

World of Warcraft Keyset (2005)... специјално дизајнирана за фановите на „World of Warcraft“ за да можат да го извлечат максималното задоволство од играта. WoW тастатурата има копчиња во боја и one-touch копчиња за почесто употребуваните команди (како на пример /roll). WoW фанови, Добредојдовте во рајот!:D / ideazon.com
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


3

Dvorak Keyboard (1936)... сонот за упростена тастатура стана реалност кон крајот на 20-тиот век, со Dvorak Keyboard дизајнот. Иако многу корисници Dvorak тастатурата ја сметаат за удобна и ефикасна, сепак таа не успеа да ја помине QWERTY тастатурата. / KBCovers.com
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


4

Dust-off's Keyboard Quiver (2007)... ако сакате да бидете фраер во соседството, оваа тастатура ќе ви овозможи да се одлепите од останатите. Именувана како "неопходен дел од арсеналот на секој гејмер", Quiver тастатурата првенствено е торба која им овозможува на гејмерите да ја носат целата опрема со себе: тастатура, маус, mp3 плеер, слушалки, мобилен телефон, пијалок и се друго. Компанијата дошла до овој дизајн откако виделе многу гејмери кои се мачат носејќи ги сите овие работи со нив. :D / falconsafety.com
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


5

ElekTex Smart Fabric Wireless Keyboard (2006)... дали некогаш сте посакувале супер-мека тастатура која лесно можете да ја носите секаде со себе? Ако е така, погледнете ја ElekTex's тастатурата која е направена од "паметни влакна". Оваа тастатура е дизајнирана за пребарување на интернет преку рачни направи (smartphones and PDAs). Лесна и лесно пренослива оваа тастатура има QWERTY layout. Што е најдоброто во врска со оваа тастатура? Откако ќе завршите, едноставно завиткајте ја и ставете ја во вашиот џеб. :D / elektex.com
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


6

Xbox 360 Wireless Controller (2007)... оваа безжична татстура дизајнирана за Xbox 360 и не изгледа така удобно. Битна карактеристика е тоа што има функционалност за Windows Live Messenger. Ова им овозможува на корисниците да разговараат преку Windows Live Messenger од РС на Xbox 360.
/ engadget.com
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


7

Warrior Xxtreme Gaming Keyboard (2007)... оваа на прв поглед бизарна направа, беше првиот хибрид 2 во 1 PC gamepad во светот. Типките се групирани во 2 кружни површини со неколку странични типки. Втората тастатура е предвидена главно за multiplayer игри. Главната идеја при дизајнот на оваа тастатура била да се редуцира раздалеченоста меѓу типките за гејмерите. / WolfKing.com
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


8

Hacoa's DIY Keyboard (2007)... сакате да направите нешто сами? Оваа тастатура е најдобриот проект за вас. За да ја користите Hacoa's DIY тастатурата, треба самите да си изделкате типки од дрво и да ја склопите тастатурата по ваша желба. Комплетот содржи USB порт, конектори за да ги закачите типките на базата од тастатурата, како и некои други алатки па дури и пила. Сепак ова е прилично скапа направа и би ве чинела околу 300 US$. / hacoa.com
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


9

I-Tech's Laser Keyboard (2006)... оваа футуристичка „виртуелна тастатура“ е дизајнирана за мобилни телефони. Таа проектира слика на копчињата на рамна површина со помош на два ласери. Едниот ласер проектира слика на копчињата, додека другиот ги снима движењето на прстите над копчињата. Потоа добиените податоци направата ги испраќа до блискиот уред преку Bluetooth. Оваа тастатура за прв пат беше прикажана во серијата CSI: Miami.
/ virtual-laser-keyboard.com
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


10

Cre8txt (2007)... оваа тастатура која потсетува на тастатура на мобилен го претовара sms скратениците во вистински текст во било која Windows апликација. Дури има и верзија која поседува и USB порт преку кој корисникот, со помош на флеш меморија може да го пренесе својот фонт на зборови и софтвер на било кој компјутер со Windows оперативен систем. За да се промовира тимска работа, повеќе парчиња од оваа направа (10cm на 5cm) можат да бидат истовремено приклучени на еден компјутер. / cre8txt.com
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Извор: Тechqueenmadison
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
WOW.. Деветката е... Милина.. :)

Инаку, таа од fiasco е дефенитивно најдобра.. Интересна, и практична.
Но, ако не се лажам и кај нас има веќе такви.. Лично немам користено, ама мислам дека веќе ги има и овде..
 

Blagojce

Gaining Experience
26 декември 2007
891
70
Прилеп
Blagojce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5-3570 3.40GHz
Storage
2 TB
RAM
8 GB
Monitor
ASUS 24" LED Full HD
OS
Windows 10
7ката има интересен дизајн, а и 9ката е добра.
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,398
1,099
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Инаку, таа од fiasco е дефенитивно најдобра.. Интересна, и практична.
Но, ако не се лажам и кај нас има веќе такви.. Лично немам користено, ама мислам дека веќе ги има и овде..
Јас имам таква пробано пред 1-2 години и е катастрофа. (Можеби не исти ама сличен модел). Практичност катастрофа, треба да куцаш како на куцачка машина, многу лошо. Единствено интересно што е флексибилна, све останато :ua:.

А би сакал како 9-ката.
 

Fico

Intern
9 март 2008
251
14
Лека-полека и мојава тастатура станува ко кецот:ermm:
Иначе, ми се допаѓа деветката мада и четворката е ептен фенси :)

А да...имаше и една тастатура каде можеш сам да си смениш некои копчиња (нивните функции) ама скроз заборавив како се вика. ЛЦД дисплеј мислам дека имаше на секое копче и можеш сам всушност да си ставиш слика за тоа копче.
 

vik

Intern
14 април 2007
1,936
31
Хаха, 9ката за мене.
Колку и да истурам сок нема да се расипи.:)
 

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,267
320
Кааааааакваааа деветка бре.... Најглупата што сум ја видел, да оставиш прстите на неа ќе ти е исто ко да стискаш цело време копче на обична тастатура, кога некој ќе се измори од куцање наместо да ги остави прстите на копчињата без ништо да стиска, на оваа ласерска тастатура ќе стиска све живо диво.

Според мене најдобра е седумката. :D
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,578
Мислења
821,073
Членови
28,239
Најнов член
Serafimov
На врв Дно