Многу луѓе решаваат да го променат професионалниот правец и да влезат во светот на ИТ – некои се успешни, некои помалку, но сите имаат совети за почетниците. Од тие приказни и од лично искуство, создадов листа на клучни работи што ќе ви помогнат да ја смените професијата успешно и без многу стрес.
Нека овие 10 совети ви бидат при рака кога ќе одлучите да започнете со изучување на нов професија и кога ќе бидете подготвени за успешен старт во ИТ!
Која е вашата успешна приказна?
Кои се советите што вие ги добивавте додека учевте, а кои ќе бидат советите кои вие ќе ги дадете на дргите?
- Не мислете дека сте премногу стари!
ИТ нема правила за возраста! Дури и ако сте на 30 или 35, тоа не е пречка. Луѓето често се откриваат што сакаат да прават дури на оваа возраст, така што секако не сте стари и никогаш не е доцна! - Направете план!
Секој учи различно, па создадете си чекор-по-чекор план за најмалку 6 до 12 месеци обука. Вклучете читање, курсеви, практични задачи и интервјуа, така ќе се избегне несакани и непланирани работи пред вистински да започнете. - Создадете финансиска сигурност
Промената може да значи и понизок приход на почетокот. Започнете со штедење или планирање буџет за да ја избегнете финансиската непријатност додека се снаоѓате во новото поле. - Научете цела професија, а не само една вештина
ИТ бара пошироко знаење, не само познавање на еден јазик или алатка. Размислете за целата слика, какви реални проблеми ќе решавате со новите вештини. - Сфатете го учењето сериозно
Во ИТ, знаењето и вештините се сѐ, особено на почетокот. Практикувајте и повторувајте многу, знаењето може да ви затреба години подоцна на интервју или работата од соништата. - Барајте работа рано!
Почнете со аплицирање и интервјуа уште пред целосно да ја завршите обуката. Така ќе стекнете искуство, а може и да го искористите знаењето на наставниците да прашате ако не ви е нешто јасно! - Не се откажувајте по првите одбивања
Одбивањата се дел од процесот, и ќе се случат. Одржете ја мотивацијата, секоја грешка е учење и чекор поблиску до целта. - Побарајте поддршка од блиските
За поголемиот успех во промена на кариерата, потребна е поддршка. Ова значи и споделување на достигнувањата со најблиските и заедничко разбирање на вашата нова цел. - Поставувајте нови цели
Во ИТ светот, новите вештини секогаш се бараат. Со поставување нови цели, секогаш ќе напредувате и ќе бидете релевантни на пазарот. - Споделете ја својата приказна
Споделувањето на вашето искуство може да ве поврзе со истомисленици, да ви помогне да изградите професионални контакти и да стекнете корисни совети и препораки од заедницата.
Нека овие 10 совети ви бидат при рака кога ќе одлучите да започнете со изучување на нов професија и кога ќе бидете подготвени за успешен старт во ИТ!
Која е вашата успешна приказна?
Кои се советите што вие ги добивавте додека учевте, а кои ќе бидат советите кои вие ќе ги дадете на дргите?