• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

10 екстра комјутерски дизајни

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Од врвна технологија со 8-јадрени процесори до ретро стилови како од Викторијанската ера, овие персонални комјутери и лаптопи, иако не се најнови, ги допираат висините на екстравагантниот дизајн.


1.Datamancer Steampunk - Викторијански лаптоп
Овој лаптоп се прави по нарачка и цената зависи од Вашите желби. Ричард Наги, ака Датамансер го преобрази HP ZT1000 лаптопот во лаптоп со изглед на музичка кутија од дрво и кожа. За вклучување, потребно е вртење на клучот во насока на стрелките на часовникот.
Типично Викторијански.


2.VoodooPC Omen
24-каратно обложениот VoodooPC Omen може да го сака и Г-дин.Т од А-Тим серијата. Со својот Intel Core 2 Extreme QX6850 процесор и златната облога, ова комјутерче чини 21.150 долари. Само два се продадени до сега. Постои и верзија со обична жолта боја која чини 5.406 долари.


3.Покриен во кристали
Пратете го Вашиот лаптоп или персонален комјутер во CrystalIcing.com и тие ќе се погрижат да имате копјутер на кој секој познаник ќе ви завидува. Дечките украсуваат секакви направи со кристали за сума од 2.000 долари па нагоре. Кимберли Стјуард и Парис Хилтон се дел од нивната листа на клиенти.


4.Mach V на Falcon Northwest
Содржи брз, 8-јадрен Intel Skulltrail 5400 процесор, сместен во Icon Exotix куќиштето кое е обоено со зелен оган и осветлено за да се добие подобар визуелен ефект. За сума од 13.849 долари ќе добиете и Blu-ray/HD-DVD плеер, 2TB RAID меморија и 2x nVidia GeForce 8800 Ultra графички картици.


5.NVSpc од Џозе Карлен
Енергетичната и колоритна лаптоп апликација NVSpc можете да ја набавите за 186 долари (без лаптоп) или пак можете да си набавите веќе подготвен нов Acer, HP, Panasonic или Samsung лаптоп со ваков дизајн. Освен горниот капак, и страниците на лаптопот можете да ги обоите со метални или други бои, нормално со ваша доплата. NVSpc Virtual Paintshop се “толку фини“ дури дозволуваат самите да си ги креирате дизајните.


6.Smooth Creations Apollo
Џим “Smooth“ Салинг е креаторот на ова PC. Тој предходно работел на спортско редизајнирање на автомобили и ексклузивно пребојадисување на истите. Неговата компјутерска креација не се разликува многу од неговата предходна работа. Овој дизајнер продава комплетно опремено куќиште по цена од 2.620 долари или пак празно куќиште за 450 долари.


7.Raptor Signature Edition
Велосити Микро вели дека просечно троши една цела недела во спојување на жици и креирање на секој негов производ, но дека Raptor Signature Edition е најбрзо издизајниран од сите. Ова дизајнче би Ве чинело 6.395 долари и за тие пари би добиле 3GHz Intel Core 2 Extreme процесор и nVidia GeForce 8800GTX графичка картичка и се разбира куќиштето.


8.Space Black P2
Ова куќиште чија цена изнесува 5.149 долари изгледа како да има “жешка хауба“. Со својот Intel Core 2 Extreme процесор и ATI Radeon HD Crossfire графика компјутерот е одличен за гејмерите.


9.CoolerMaster Stacker
Куќиштето што го гледате погоре го носи името CoolerMaster Stacker и во него има сместено сина неонска сијалица и CyberPower Gamer Infinity SLI 3X машинерија. Почнувајќи од 2.999 долари, PC-во може да содржи 1000 вати снабдувач на струја, 2.4GHz Intel Core 2 Quad Q6600 процесор и не една, не две, туку три nVidia GeForce 8800GTX графички картички за максимално графичко уживање.


10. ThermalTake Armor
iBuyPower направиле убава комбинација кога нивната компјутерска конфигурација под името Gamer Paladin 880mxL ја сместиле во ThermalTake Armor гејминг куќиштето. Со почетна цена од 1.324 долари можете да добиете Intel Core 2 Duo E6550 процесор со nVidia GeForce 8800GTS графичка картичка.


Се надевам дека уживавте во овие интересни дизајни на персонални и лаптоп компјутери.

извор: идивиди
 

hmmm

Gaining Experience
30 ноември 2007
1,242
81
hmmm's setup  
Processor & Cooler
i5 3570k @4.2GHz & CM Hyper 212+
Motherboard
AsRock Z77 Pro3
Storage
Samsung 840 EVO 120GB + WD Black 1TB
PSU
Corsair CX600
RAM
2x4GB G.Skill Sniper 1600MHz
Video card
HD4000
Case
Custom
Mouse
Gigabyte GM-M7000
Keyboard
Generic
Audio
Asus Xonar DG
Monitor
Compaq Q2159
OS
Windows 8 64bit
CooL!!
 

StarBuck

Intern
16 февруари 2008
1,295
48
Берлин
StarBuck's setup  
Processor & Cooler
Quad-Core Intel Xeon E5 3,7
Storage
256 GB SSD
RAM
12 GB DDR3-RAM
Video card
Dual AMD FirePro D300 GDDR5 4GB
Monitor
IPS
OS
Yosemite

StarBuck

Intern
16 февруари 2008
1,295
48
Берлин
StarBuck's setup  
Processor & Cooler
Quad-Core Intel Xeon E5 3,7
Storage
256 GB SSD
RAM
12 GB DDR3-RAM
Video card
Dual AMD FirePro D300 GDDR5 4GB
Monitor
IPS
OS
Yosemite
Додека ги барав сликите, налетав и на таа под број 7. Само што таму пишуваше AlienWare а овде некое си чкљ име
Сега видов дека имам грешка, имам напишано 7 наместо 8... Инаку 8, p2 е модел на Alienware, еве ти ги тука сите куќишта http://www.alienware.com/Press_Kit_Pages/p2_chasis_gallery.aspx
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,579
Мислења
823,863
Членови
28,079
Најнов член
ivannalex
На врв Дно