Стани премиум член, добиј куп бенефити и поддржи ја работата на IT.mk!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!
gokica

Скенер Fujitsu IX500 wi-fi

Статус
Овој оглас е заклучен.

Слики


Тип
Продавам
Состојба
Не е назначено
Цена
9.000 ден.
Истекува

Опис

Канцелариски скенер Fujitsu ScanSnap IX500:



Брзината на скенирање е 25 страни во минута, двострано. Софтверот е робусен и има OCR. Одеднаш може да се стават 50 страници при што има систем за препознавање на различни големини. Може да се измеша А4, визит картички, пликоа и сл. И сите ќе ги сортира и скенира како заеднички фајл или засебно.

Има Wi-Fi па може да скенира на мобилен, PC или било кој друг уред.

Беше купен 500 евра. Неговиот наследник IX1600 е денес исто 500 евра. Поновиот модел се разликува само во брзина на скенирање (40 страни во минута) и ништо друго.

Со уредот давам и оригинален резервен кит со ролери кои ќе треба да се заменат. Само китот е 60 евра. Трае 200.000 страни.

Фотографии ќе ставам подоцна. Нема гребаници и е одлично сочуван.

Има само една маана која е карактеристична за овој модел. Уредот се гасне со поклопување на горниот капак. Има жлепче со копче кое тој капак го притиска. Со тек на време копчето собира прашина. По затворање на капакот копчето останува подзаглавено па не се пушта уредот се додека не се притисне повеќе пати. Чаре е или да се отвори и исчисти. Или да се остави капакот отворен цело време како што беше кај мене и едноставно да се исклучи од штекер.

Цената е 9000 денари.

По карго не праќам зашто е деликатен уред.
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oktar

Информации

Автор
gokica
Поднесена
Последна промена
Прегледи
484

Повеќе огласи од gokica

На врв Дно